Hopeful RR -> RE: Затнато носе (15.3.2016 11:27:58)
|
Филтерот го менувам по потреба, ако е ептен мрсулав период, одма менувам, се гледа подзатнат. Моите како многу мали го сакаат, дури и интересно беше, ама од пред неколку месеци секој обид е борба и исто, еден држи друг влече и сите заедно плачеме [sm=smiley36.gif] Тие за на правосмукалка влечат, ама па не многу повеќе, а притоа се хорор за дете. Другарка ми има, и џабе, кога ќе почне да бучи, се вади дете од памет, оди чисти после. Ако ептен е затнат носот, може на ОРЛ да се исчисти, имале некоја сонда посебна. Но за ова што ние овде го зборуваме, мислам дека аспираториве се сосема доволни. И уште една финта од педијатарот од Систина - ако мрсулчето ептен се гледа и е на врв на нос, може да се извади со стапче за уво, се разбира многу внимателно. Мене ми успева, зависи од мрсулот [sm=smiley36.gif] А ако не смета за цицање и за спиење, јас би ги оставила, сосема е нормално мало бебе да има по некое мрсулче, до вчера било во водена средина.
|
|
|
|