AnnaMolly RR -> RE: страшно (18.5.2012 14:30:06)
|
Трогателна приказна: Извадете го моето срце, дајте ѝ го на сестра ми 15-месечно девојче доживеало инфаркт кога имало само три месеци, известува српски Курир. За да преживее мора да оди на трансплантација. Срцето, за кое што родителите немаат пари, сака да го донира седумгодишниот брат Драган. -Знам дека немаме пари, а не сакам таа да умре поради тоа. Тато, носи ме во болницата, кажи им нека ми го извадат срцето и нека ѝ го дадат на сестра ми. Така зборува седумгодишниот Драган, чија родена сестра, Љубица Адамиќ, бебе од 15 месеци, чека за трансплантација на срце во една болница во Австрија. Љубица доживеала инфаркт кога имала само три месеци. Докторите со помош на натчовечки напори успеале да ја вратат во живот. -Почна да се гуши и да се грчи. Почувствував како почнува да умира. Ме гледаше со очињата како да се поздравуваше со мене, а не знаеше ништо да ми каже. Душата ме боли за неа, но не можам да ѝ помогнам. Ја носев на лекар, трчав како да ме брка ѓаволот. Докторите рекоа дека имала инфаркт, дека срцевиот мускул ѝ слабее и дека боледува од кардиомиопатија, раскажува таткото на пет деца, Шиме Адамиќ. Ова мало бебеце има срце кое е трипати поголемо од што треба да биде и старо е како на човек од 70 години. За да преживее, на Љубица мора да ѝ се пресади срце во една болница во Австрија. Сите генетски анализи се направени, а кога ќе се најде донатор, може и да ја оперираат. Сето тоа чини 120.000 евра. -Едвај чекам да ми се јават и да ми ја спасат ќерката, а истовремено и се плашам. Многу сум вознемирен зашто без пари нема да ја оперираат. Честопати слушаме вакви приказни и мислиме дека се случуваат само на другите, но кога ова ме снајде и мене, не знаев каде се наоѓам. Сите сме изгубени, не знаеме што да правиме. Најтешко ми е поради другите деца. Сите четворица се постојано околу неа, би го дале животот за таа да биде здрава. Душата ме боли кога гледам колку се грижат и се плашат за својата сестра, раскажува несреќниот татко Шиме. -Не знам што друго можам да направам, освен да молам. Дури и да продадам се` што имаме, нема да ги соберам парите, тоа се премногу пари. Немоќен сум и очаен, но морам да си го спасам детето како знам и умеам, одлучно раскажува таткото Шиме.
|
|
|
|