RE: Полицистични јајници (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


LoveableMe RR -> RE: Полицистични јајници (6.3.2015 9:46:00)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Shila

Во последниве 2 месеци бев кај 3-jca различни гинеколози, и тројцата ми дадоа 3 различни мислења.
1. Првиот ми направи филм дека треба да одам на лапароскопија, инсеминација, дрилинг на јајници ама дека најверојатно ќе завршам на Ин Витро.
2. Вториот ми рече да не се секирам дека ''''ваквите ко мене'''' останувале бремени, и ми препиша да пијам Примолут нор, Кломифен и Метформин.
3. Третиот се чудеше на претхониве двајца :) а ми препиша да пијам Бромергон.

Тогаш, колку јаболки ми останале мене : ))))))))))


Јас сум за вториот, а за третиот пиши ни дали му однесе хормонален статус, па да ти кажам дали чини[sm=smiley1.gif]




Shila -> RE: Полицистични јајници (6.3.2015 9:57:15)

Вториот ми даде Метформин само на база на ехо. Немам правено скриен шеќер.
Третиот ми го виде хормоналниот наод и да, LH ми е 29. ТОј некако има надеж дека Бромергон ќе ми помогне да добијам. Исто така ми обрна внимание бидејќи нели сепак сите сме посебен случај иако сме со PSOS, не може да се генерализира. Јас некако навивам за третиов:)

А ианку немам редовен циклус а последниве години сум на талети Yaz. Престанав во Декември 2014, и од тогаш одам по доктори бидејќи планираме семејство.
Btw, имам тЛиесет годинки:)




LoveableMe RR -> RE: Полицистични јајници (6.3.2015 10:00:51)

ОК, тогаш терај со третиот и испитај скриен шеќер[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Kvisko -> RE: Полицистични јајници (6.3.2015 10:37:12)

Shila а дали пролактинот ти е покачен за бромергон. Испитај скриен шеќер во секој случај.




scared RR -> RE: Полицистични јајници (6.3.2015 11:48:01)

Јас во никој случај не сум за третиот, зашто бромергон по која основа? Бромергонот се дава за покачен пролактин а ти ако го немаш нема како да ти помогне за јајниците. Додека метформинот помага и тоа како, но пред тоа треба да испиташ скриен шеќер и инсулин за да се види која доза да се даде. Терапијата на вториот ти е супер верува, примолут нор да провоцира мензис, кломифен во комбинација со метформин дава одлични резултати и може одма да си останеш бремена. Сепак ако немаш правено проодност на канали ( ХСГ) прво тоа направи го па потоа почни со терапија.
И LH не е пролактин, и кај пцос е сосема нормално да биде покачен LH. FSH колку ти е? Андрогените хормони androstention, testosteron, dhea-s тие како се движат.
Има многу иоспитувања за пцос, и ти треба ендокринолог, јас имам чувство дека ниту еден од тројцата не се посветил доволно и обрнал внимание.




Shila -> RE: Полицистични јајници (6.3.2015 12:38:01)

Epa 29 ми е пролактинот...




Shila -> RE: Полицистични јајници (6.3.2015 12:41:52)

Грешка сум пишала, Пролактин ми е 29. Може и ќе одам на ендокринолог, да се распрашам каде, што, како..




Shila -> RE: Полицистични јајници (7.3.2015 21:19:17)

Имате да препорачате некоја книга за забременување, PCOS, совети, којашто ви оставила впечаток?
Јас најдов една на интернет, се вика Pregnancy Miracle. Станува збор за една жена која се обидува да има деца повеќе од 10 години и сите доктори констатирале дека никогаш нема да има деца.

На крајот, останува бремена на 43, природно.

Книгава има позитивни критики и има многу коментари од жени дека им помогнала. Затоа, сакам да споделам со вас.

youtube pregnancy miracle reviews

Admin: надворешни линкови се забранети.




butterfly1 -> RE: Полицистични јајници (7.3.2015 22:22:45)

Shila вака сега да не ме сфатиш погрешно ама не ти треба литература и книги за ПЦОС, туку сериозен пристап на гинеколог и ендокринолог взаемно. Прво ако имаш покачена телесна тежина обавезно ќе ја намалиш, второ ќе исфрлиш од употреба слатки, бел леб, тестенини, ќе внесуваш што помалку јагленихидрати. Потоа, ќе си направиш проверка на инсулин и скриен шеќер, врз нивна основа ќе се одреди ХОМА индексот каде ќе се види дали имаш или не инсулинска резистенција и ќе ти се даде метформин, кој помага за регулирање на циклусот и овулација.
Потоа ќе ги испиташ андрогените хормони, кај најголем број од жените со пцос јајниците ги лачат овие машки хормони.
Бромергонот ќе си го пиеш за пролактинот, ма да јас сум повеќе за достинекс поефикасен е, подобро се поднесува и не се пие секој ден што е олеснителна околност.
Вториот доктор ти дал супер терапија ако реагираш на кломифенот може одма да забремениш ако не тука се гонадотропините.
Затоа сериозно фаќај се за работа, не чекај, ПЦОС знае да биде многу незгодно ти кажувам од искуство.




kapina -> RE: Полицистични јајници (15.3.2015 23:12:15)

I na mene sega otkako mi dadea metaformin dobiv ovulacija i nemav cisti na jajnicite neznam samo dali mikrocisticni i policisticni jajnici e isto oti mojot desen jajnik pred 1i pol god bese mikrocisticen a sega po pienjeto na metaformin nemase ni cisti ni nisto na jajnicite
inace kaj mene i prolaktinot bese pokacen no si pijam veke 4 god bromergon bez prekin oti prethodno go prekinuvav i pak se kacuvase i hipotireoza isto imam no ja drzam pod kontrola i nea so eutirox najmnogu i zatoa prasav dali mikrocisticni i policisticni jajknici e isto nemav ovulacija veke dve god postojano anovulatorni ciklusi imav a cisti imam odamna mi stvarat jajnicite cisti




Kvisko -> RE: Полицистични јајници (16.3.2015 10:02:35)

Микроцистични и полицистични јајници не е исто. Кај полицистичните цистите се поголеми тоа се малктене фоликулу што не прскаат/не овулираат и прераснуваат во цисти. Обични кај полицистичните има и оредени промени во хормоните (ФСХ и ЛХ) и може да има ама и не мора инсулинска резистенција.




kapina -> RE: Полицистични јајници (17.3.2015 0:12:08)

da imase promeni kaj mene ednas lh bese povisok od fsh i anovulatorni ciklusi postojano 1 i pol god toa go pokazuvaa hormonite na 13 den i ehoto isto glikozata sekogas mi e granicna vrednost holesterolot isto testosteronot ednas mi bese visok no se sredi so spirinolakton i sega koga pocnav da pijam metaformin dobiv kako sto kazav ovulacija i nemase cisti na ehoto estradiolot bese nizok na treti den sega no mi rekoa podobro bilo da bide nizok dr lazarevski otkolku visok bitno bilo oti rastel i znacelo oti ima folikuli i na ehoto posle se vide istiot den otkako go zemav rezultatot od estradiol se vide oti e imalo ovulacija na 12 den a na 13 me gledaa na eho




kapina -> RE: Полицистични јајници (17.3.2015 0:15:07)

a i gojazna sum utre sum na kontrola na endokrinologija pa ke videme sto ke mi kazat nekade procitav oti tie sto imaat pcos imat obicno ili visok prolaktin i visok testosteronot jas bez bromergon nemozam odma ke mi se kace prolaktinot 80




kapina -> RE: Полицистични јајници (17.3.2015 0:26:41)

otkako i pisav na mojot endokrinolog dali da prodolzam so metaformin oti nastapi ovulacija nikade ja nema ne mi se jasni nekoi raboti navistina no ginekolozite mi rekoa samo anovulatorni ciklusi cisti na jajnicite sto treba da zememe i da i nacrtame na tvojot endokrinolog se treba da i bide jasno za sto stanuva zbor ciklusite mi bea pokratki oti nemav ovulacija




Kvisko -> RE: Полицистични јајници (17.3.2015 11:42:52)

Капина не ти го разбрав последнито пост ама нејсе.

Ако имаш вишок ккилограми и имаш ПЦОС како што ти покажуваат и хормони и ехо и имаш шеќер на граница само треба да намалиш некое килце и ќе имаш овулација. ПЦОС со зголемена тежина е полесен за третирање од ПЦОС кај жени со нормална тежина. Истражувањата покажуваат дека кај оние со зголемена тежина штом ќе се ослабе се регулира шеќерот и настапуват овулација. Истиот ефект го има метформинот затоа така брзо си реагирала добро на метформинот. Обавезно почни да слабееш. Тестостеронот исто така ќе се намали кога ќе ја регулираш тежината зашто кај ПЦОС особено при зголемена тежина естрогенот знае да се претвора во тестостерон. Најдобра диета за ПЦОС е онаа каде што се консумираат производи со низок гликемички индекс.

Поголем проблем се жени како мене со нормална тежина зашто кај мене нема што да се намали за да се регулира метаболизмот.
Ендокиронологот може да не ти е на работа да е некаде на семинар во странство и тоа се случува.

Метформинот се пие најмалку три месеци за да се видат вистинските ефекти од него. Така што мој совет ти е да продолжиш.




scared RR -> RE: Полицистични јајници (17.3.2015 12:00:58)

Kvisko а некој посебен режим на исхрана практикуваш? Јас не знам што да јадам веќе ептен ослабев пропаднав дури, метформинов го пијам 7 месеца моментално дневно 1700мг и пак нема овулација аман [sm=zmeden.gif]




Kvisko -> RE: Полицистични јајници (17.3.2015 12:10:40)

Па да избегнувам обично брашно. Едно времне почнав и со безглутенска исхрана па после се откажав од толку многу строго. Немам некој посебен режим туку избегнувм благо (значи јадам торта кога одам на гости ако ми дадат или понекогаш црно чоколадо) и наместо класично благо си правам дома колачиња со природни засладувачи (банана или урма како засладувач) или евентуално мед како засладувач. За доручек обично јадам овес со јогурт и сончоглед непечени и субо грозје или брусница и 10-15 зрна аронија во тоа. Ручекот ми е нормален само не јадам леб или ако јадам сега јадам само едно праче леб од време на време. Јадам овошје и зеленчук без ограничување.
И јас ослабев уште штом почнав со метформинот ама немаше некој ефект на овулација. Поправилно ми растеа фоликулите ама шак не прскаа како што треба. Пооа бев на ovarian drilling и после тоа циклусите ми се стабилизираа. Потоа пак ми воведоа метформин 1000 дневно и тоа ми помогна да овулирам. Значи кај мене беше комбинација од две методи за да постигнам овулација.




kapina -> RE: Полицистични јајници (17.3.2015 21:09:37)

Da i endokrinologot isto mi go kaza ova i prodolzuvam so metaformin e sega kako ke bide so ivf neznam koga ke pravam sega moram sto poskoro da ispitam se zosto mi se slucuva ova za da ne daj boze ostanam bremena prirodno i pak mi se sluce istoto denes mi zemaa krv za celosno hormonsko ispituvanje na se bukvalno na se samo na insulin ne naredniot pat koga ke odam oti sabajleto imav zakazano na transfuziologija




kapina -> RE: Полицистични јајници (17.3.2015 21:14:44)

Jas sega koga nastapi ovulacija primav i deksametazon no zaradi grip.tamu nesto takvo.bese nekoja viroza




kapina -> RE: Полицистични јајници (17.3.2015 21:19:21)

So siofor mojata sestra rodi dve deca bez problem istiot endokrinolog me slede i nea i mene oti ona ima neredovni ciklusi no.sepak ostana bremena dva pati prirodno bez problem




Pinky30 -> RE: Полицистични јајници (2.4.2015 14:47:22)

Devojki jas imam policisticni jajnici...denes bev na konsultacii kaj Petanovski...imam edno neuspeshno ivf...mashki faktor e vo prasanje no saka i mene da me dovede vo normala so jajnicite,mi kaza deka ke mi dade i mediteranska ishrana treba 5-7 kg da oslabnam a sum 64 kg.vo momentov i mi rece da ispitam OGTT insulinski test,Normna;Ina rezerva prvoto e za skrien sekjer taka? a vtorovo dali znaete sto e i dali nekoja od vas go ispituvala i kade?? Nas ne prati kaj Koco Dimitrievski vo Hemolab...dali nekoja bila kaj nego i kolku ve cinelo? Blagodaram odnapred




Kvisko -> RE: Полицистични јајници (2.4.2015 14:51:53)

Pinky30 а што е второто не се чита убаво. Ако те пратил кај Кочо е или нешто поврзано со состојби на крвта или со витамини (најчесто витамин Д).




scared RR -> RE: Полицистични јајници (2.4.2015 14:52:23)

ќе ти даде метформин гарант за јајнициве [sm=smiley1.gif] ОГТТ јас правев во една лабораторија приватна, ама прават и во Адриалаб и во Авицена и во Систина за некои 500-700 денари зависи каде. А инсулинот ти е хормон кој можеш да го испиташ на Гак со упат од матичен гинеколог јас таму го испитувам, а го имам и приватно во авицена испитува околу 900 денари е. Немаш потреба да идеш во Хемолаб, веќе рутина им стана на докториве таму ги испраќаат сите, поготово овие од ремедика [sm=smiley1.gif]

И ако не ти е тешко да ни ја пишеш таа исхрана и на нас што имаме исти проблем,ма да проблем со тежина немам ама не е на одмет [sm=smiley1.gif]




Pinky30 -> RE: Полицистични јајници (2.4.2015 15:33:24)

scared RR jas seuste ja nema ishranata koga ke gi ispitam site ovie raboti ke odam pak kaj Petanovski i togas ke mi kaze sto treba da jadam da pijam i ke vi ja pisam nema nikakov problem za toa sme si tuka da si pomagame :)




Pinky30 -> RE: Полицистични јајници (2.4.2015 15:36:22)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Kvisko

Pinky30 а што е второто не се чита убаво. Ако те пратил кај Кочо е или нешто поврзано со состојби на крвта или со витамини (најчесто витамин Д).


Pa da nesto i spomna so krvta ama ne go razbrav [sm=smiley13.gif] nekoj vrednosti sakal da dovede vo normala za da me spremi kako sto treba za ivf...i zatoa mi e nejasno...ama bas taka pisuva na izvestajot sto mi go pisa zatoa i jas taka go pisav[sm=smiley36.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  23 24 [25] 26 27   Следна страница >   >>