ivche -> RE: Полицистични јајници (20.4.2010 10:45:27)
|
Еве и јас да го споделам моето искуство со ПЦОС, со сите вас: до пред десетина години(тогаш имав 16 години), менструацијата ми беше нередовна, па отидов на гинеколог, ми кажаа дека имам полицистични јајници и примав хормонска терапија, (само не се сеќавм што пиев) и до денес менструацијата ми е редовна. Бремена останав непланирано, занчи немав проблем со забременувањето, проблем ми се само влакната. 1 година пред да останам бремена пиев дијане 35 и ми ја намалија влакнавоста, по пораѓањето пак ми се врати и пак пијам дијане 35, веќе пола година, апетитот ми е нормален и не се здебелив, малку повеќе сум нервозна и проблем имав само првите 2 месеци додека организмот не ми се навикна на нив. Влакната за 80 % ми се намалија а лицето кое ми беше со акни сега ми е чисто. После 8-9 години пак имам една мала циста на едниот јајник, иако имам читано, а и од гинеколози имам слушано, дека после раѓање на дете тоа се средува, ама изгледа нема врска, секој организам е посебна ситуација. Се надевам дека моево искуство ќе помогне на некој.
|
|
|
|