serafima -> RE: Полицистични јајници (29.10.2010 18:40:33)
|
Здраво на сите. Нова сум, но сакам да го споделам моето искуство со вас. Имам полицистични јајници околу 7 години, примав безброј хормонски терапии како Диане35, Дабростон, Примолут Нор, многу други што не се сеќавам, но пак ништо. Добивав циклус 2 пати годишно. До пред една година се откажав од се и последен пат добив во октомри 2009. Потоа пак по старо и така се до февруари оваа година кога одлучив да пијам чај и да не се трујам со хормонски таблети. Така почнав да пијам чај од: коприва, камилица, нане, мајчина душица, ајдучка трева и на мое големо изненадување добив точно за еден месец (почнав на 23 феб. и добив на 23 март ). Пиев дневно по околу 2 л чај во замена за водата за целиот ден, си варев на сабајле и засладував лажица мед. И оттогаш добивам на 2 месеци, па така и последниот пат повторно на големо изненадување добив по еден месец. Од искуство ве советувам доколку го имате овој проблем пробајте, зашто ништо не губите, а само можете да го надминете целиот проблем. Се надевам дека во некого ќе влеам барем малку утеха и ќе му помогнам. Сега се надеваме на едно мало [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image], ако благослови Бог, зашто во Негови раце е животот. Поздрав [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley2.gif[/image]
|
|
|
|