Hopeful RR
|
Браво niki, добро изанализирани и убаво опишано, комплетно се слагам. Старите демек да помогнат, а уствари не можат да се соочат да останат сами, па само дополнително ја оштетуваат личноста и на сопственото дете, и на снаата која дошла кај нив. Јас едноставно не сакам некој да ми готви секој ден, да ми пере и да ми пегла! Сакам јас, заедно со сопругот, тоа да го правам! Воопшто не ми е олеснување да дојдам дома и да има ручек на маса, освен ако мм не го направил. Сакам јас да си планирам кога ќе пуштам машина, кога и дали ќе пеглам, дали ќе јадам дома, на работа или во кафана. Може сум и јас терсене и дивтар, ама се работи за моја интима која делам само со мм, и здравје боже деца, а не со родителите од моја или негова страна. Максимум еднаш неделно заеднички ручек е доволно и тоа е тоа. Старите кај нас знаат да бидат многу инертни и да не сакаат да продадат или заменат стан, куќа или што и да е за да им овозможат нормален живот на младите. И со онаа селска логика, ај ќе умреме па на нив се ќе им остане, само прават тензија во тек на години и години заедничко живеење. Знам за еден пример каде што во една куќа живее стар прадедо, дедо и син, кој се отселува тек откако добива свој син. Значи дедото никогаш не живеел сам!!! Кај нас мора да се работи на она што е нормално во американските и западноевропските средини, а тоа е дека после факултет, детето треба да се стимулира да живее само, за да стекне вистинска независност и изгради здрава личност.
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
|