blue_blue
|
Јас не мислам дека мајките ги мрзело, ниту пак прочитав такво нешто. Мислам само дека пошто не сме биле мајки никогаш пред тоа не знаеме како. Значи за мене најбитно е мајката да е свесна дека има „проблем“ односно однесување кај детето што таа сака да го смени зошто смета дека влијае на неговиот развој, самостојност или едноставно зошто неа и пречи бидејќи вијае директно врз нејзиниот квалитетен однос со детето (како на пример неспиење навечер на детето што ја прави мајката ненаспана, нервозна, па се рефлектира со викање на детето и кога треба и кога не треба, или спење на детето во кревет со мајката кое го има истиот ефект - ненаспана мајка - читај нервозна, нетрпелива). Затоа Мартинс мам не се оптеретувај со тоа дека си била мрзлива. Ти си знаеш дека не си, и само биди си упорна ако навистина сметаш дека е важно ова за развојот на твоето дете и сакаш да успееш да го спроведеш. Пробај со блендирана храна во која има и 10% испасиран дел (значи кога ќе свариш нешто еден мал дел тргни го, тој изгмечи го со виљушка, а другото изблендирај го, ама не скроз како каша, туку нека има и поситни праченца, па додај го и ова испасираново со виљушка) па види како ќе оди, со тоа што треба да му објасниш на детето дека сега му даваш то аи тоа да јаде и дека треба да џвака, па покажи му како се прави тоа и на секој залак повторувај му дека треба да џвака. Пробај, па пиши! ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom Вчера му давам ориз така згмечен со вилушка. Проба еден залак, го превртуваше низ уста, го голтна, се задави и втор пат веќе не сакаше да проба, со клешта не можеш устата да му ја отвориш. Му понудив смоки, ги зграба со двете раце, ги пикаше сам во устата и убаво си ги џвакаше. Значи знаел да џвака. Потао пак пробав, му дадов корка и пак скина преголемо парче, ќе се удавеше. Ми падна грев, само го изгладнувам детето и видов невидов, пак му го изблендирав п.с: Кога ќе прочитам погоре дека мајките биле виновни, ги мрзело да ги научат децата да џвакаат, ми се крева косата Јас не одам на работа и целосно сум посветена на моето дете, 24 часа на ден и воопшто не ми е тешко да правам било што за моето најмило
|