Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам... 23.10.2015 20:55:36
Bethany
Ха, мојата (не)преболена тема Син ми пројаде се и проџвака кога почна во градинка, не веднаш туку некој месец потоа. Всушност, еден ден му понудив исецкано и не се надевав дека ќе јаде, ама тој изеде се и јас останав вчудоневидена. Се во свое време, некој порано , некој покасно.
Се уште е гадлив и не ужива да е валкан по рацете, околу устата, ама не од сите видови храна. Додуша и сега, кога јаде леб, такви суви работи, во состојба е да ги џвака три саати додека не ми здосади да го гледам на масата. Што сака да јаде, јаде брзо.
баш ме занима како ќе биде со малава. Мислам тоа веднаш ќе познаам дали ќе ја бива за џвакање или не.
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам... 13.11.2015 22:31:46
marchi
nie se naucivme da dzvakame so biskviti.a kasa od ovosje mu davav b lenrirana do 2ipol god zasto pravev so povekje vidovi ovosja,na pr.jagodi ne jadese osven vo kaza,i red drugi ovosja.sega jade jabolko celo samo ako ne e izlupeno i banana saka da jade,poretko mandarini.se drugo se snaogjame,sto vo sok sto blendirano... inaku sme nemale problem so dzvakanje
RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам... 22.7.2016 14:08:09
gina
jade lepce biskvita nesto ce ispluka nesto ce lapne banana,denes mu dadov jabolce kriska pa nesto gjvakase nesto ispluka a mu dadov vo kasicka sitno seckano ne sakase da jade plukase i go izblendirav imame godinka i dve nedeli se nadevam ke zajade jabilce mu davam rendano uste od 8 meseci oriz iato ne blendirav,grasake ednas taka zrna si jad3se pa sega ne se nadevam deka ce se naucime da ne terame do 3 god.
RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам... 1.8.2016 16:44:24
pepuska
Не знам дали сме за оваа тема амасе случува нешто слично имено јаде смао од шише последнивенедела дена не сака даја види лажицата јадесеуште блендирано ( има тошно една година ) поголемот одетеми јадеше бленидрано д о2 год амајадеше со лажица а ова се морад а сен парави поретко до пред една недела јадеше со лажиче и еве за период од 7 дена пополека комплетн осе откажа од лажицата и колку да сме упорни додека јадењето не се стави во шише не сака да го види Идеја???
RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам... 2.8.2016 22:30:55
Kvisko
Немам некое големо искуство ама да пробаш да му направиш каша и да го оставиш да си брцка да си игра со неа па и нешто ќе му заврши во уста. Така пробај да го набжвикнеш пак да пројаде. Или пробај да видиш со џвакање како му оди. Понуди бисквит или банана или мека круша значи нешто со што нема да се задави и види како ќе му оди. Може е подготвен малку сам да јаде односно да се чувствува повеќе вклучен. Можеби кашата не му е привлечна да ја голта само а со шише е премногу научен да пие па затоа и пие.
RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам... 3.8.2016 11:51:08
Hopeful RR
А да пробаш да ја ставиш кашата во шише но без цуцла, па да го излажеш демек со лажичка или со цуцла лажливка? Со прст исто така може да пробаш, брцни во каша па во уста Исто, пробај со друга лажичка, да не му се свиѓа обликот на оваа.
Во крајна линија, остави го нека огладне, не попуштај, не му давај шише, па кај да е, ќе пројаде...
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам... 3.8.2016 22:18:32
lolla RR
пепушка, околу годинка повеќето деца намалуваат со количината на јадење. Фази на нејадење и одбивање на лажичка имаше повеќе кај синчето мое (траеа од една недела до еден месец). Провери да не вади заби, ако е тоа, нема лек дур не пробијат.
Провери да не случајно не сака веќе блендирано. Кај мојот успеваа палачинки, мафини, грашок брокула сварени па оставени на послужавник тој сам да ги фаќа, погачки домашни во кои успевав да му ставам и зеленчук, сварена житарка (ориз, убаво распукана спелта или рж) па сам да си ја ручка со прстиња, плескавички од зеленчук во релна, варено јајце цело да го види и да го гриза, парчиња од храна набодени на вилушка или пак парчиња меко овошје набодени на оние вилушките за помфрит и слично. Исто кнедли се супер варијанта и за на вилушка и за во раче.
Веќе од 12м веќе слободно можеш да ја учиш да пие од клунче или чаша или цевка, па може и смути. Ајде што и да е, фаза е, само трпеливо ке мине.
RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам... 4.8.2016 10:09:43
elenak
Јас кренав раце од нервирање околу јадење, што јаде јаде, како го јаде, колку јаде не можам веќе да се замарам. На 4,5 години уште блендираме овошје, освен банана и јагода друго овошје на парче со рака не се јаде и крај! Нагони за повраќање добива. Исто ручекот го пасирам сеуште или заради неа се што ставам зеленчук претходно рендам или во сецко го ставам. Не е дека не џвака, месо динстано јаде, леб намачкан јаде, бисквити, чоколадо се што и е по ќеф, а зеленчук и овошје не и оди никако. Она што има лушпа пак, грашок,грав,леќа не ни проба. И што да правам, се тешам дека еден ден кога ќе порасне ќе разбере дека не секогаш се јаде тоа што ни е вкусно, дека некогаш јадеме и нешто што ни е помалку вкусно и ќе пројаде се (како мене) :)) Пак си велам добро е што барем јаде, сама си бара кога е гладна, е проблем што сме ограничени во изборот само.
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.