Bethany
|
Гледам дека јас последна пишував на темата, па сега да направам еден апдејт. Вчера бев воодушевена од син ми како изеде ручекот. А си мислев нема шанси. Риба искината со раце на парчиња, не многу ситни, ориз со сецкан морков, брокула и лукче. Добро, брокула ја испритискав со виљушка, ама тој толку убаво си јадеше, дури тој трчаше по лажица. Јас бев запрепастена! Тоа беше чудо. Сепак оризот и рибата се малку така полепљиви, знаејќи го него веќе си мислев дека ќе се исповраќа. Ете така... има напредок, добро е, уште јас да се опуштам повеќе изгледа. Од неговото задавување и гадење уплав имам. Е сега, единствено што нема шанси овошје да јаде на парчиња, а порано барем банана јадеше, оти е најмека, сега ја плука , мандарина само лизнува и остава, не се ни обидува да ја загризе како да ќе го поједе таа него, е сега единствено му се интересни кисели краставци. Овошје му пасирам, битно ми е барем некако да јаде, ќе му нудам и понатаму, па белки ќе почне некогаш сам, надевам се оти гледам дека се нешто децата менуваат. И гледам дека многу го мачат заби, изгледа непцата и го болат, барем така изгледат - болни, се уште само со 6 запчиња, ама добро е има напредок со џвакањето.
|