|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
10.3.2011 12:48:06   
Maca25
``учете ги децата порано да џвакаат, учете ги на пасирана храна, не на блендирана`` - ова ми го викаше матичната докторка. Ама јас си викав, ај има време, ќе научи. Кога почна да се дави и од најмала грутка ме фати паника и престанав да блендирам. Сега јаде се, дури и зема цело јабоко и морков па си грицка и џвака. 

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот zapce)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
10.3.2011 13:04:35   
arh_diz
Jas obicno mu stavam edna kupena kasicka i uste nesto so viluska , mu imam blendirano 2-3 pati.

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот zapce)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
10.3.2011 14:31:17   
Isabella
Изабела јаде нешто блендирано, нешто не. Ама мислам дека додека нема повеке заби, нема резон да ја терам да џвака и поцврста храна (само со предни заби не може све да се изџвака).
И бледндирам тоа што гледам дека не може да го изџвака само со предни заби, пример боранија, пченка, грашак, кога и правам пире од цвекло. Инаку да кажам дека јас не ја обработувам долго време термички храната зашто така со многу варење ги губи корисните состојки (затоа морам некои зеленчуци да ги блендирам, пожегави се).
Ги блендирам овошните мусли со млеко, зашто имаат суво овошје кое сигурно нема да го изџвака, а е опасно да го голтне цело зрно. И го блендирам овошјето за овошните каши со житарици.
Месо јаде исецкано на ситни парчиња и го обожава. Орис, тиквички, брокули, варено компирче, зеленчук во супа ситно сецкан си јаде без проблем. Банана, крушка, малини, лепче, варено јајце на ситни парчиња, поситни тестенини сама си џвака.
Доста работи јаде не блендирани, ама сепак не може све, мислам дека кога ќе има повеќе заби, ќе нема проблем да џвака.
Е да ве прашам, приметив дека кога јаде леќа (не ја блендирам), во каката и излегуваат целите зрнца, не знам дали е нормално така (значи не ја џвака целосно) user posted image

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
10.3.2011 14:42:34   
sandravlae
Marko ima 18 meseci i jade neblendirano pa duri nesto i nepasirano zavisi od hranata mesoto sitno seckano i golemi korki leb buta vo usta ,golem lebar e mislam samo leb da mu dades samo toa ke jade user posted image ,on odi vo jasli i tamu im e blendirana hrana ja jade a doma ne saka da mu pravam kasi soleni blendirani i mu davam se nie sto jademe toa i on..

(Одговор на членот Isabella)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
10.3.2011 14:52:46   
Martins mom
Мартин ги има само предните запчиња и затоа не може да џвака.
На пример, му давам компир, морков и жолчка. Го пасирам и му давам да јаде, знам дека е многу гладен. Пробува еднаш, двапати, се задавува и одбива после да отвори уста. Му го блендирам сето тоа и го јаде во еден здив...
Ветувам дека уште од денес нема да му блендирам, ама како ќе оди џвакањето само со предните заби стварно не знамuser posted image

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот sandravlae)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
10.3.2011 16:20:19   
blue_blue
Не е поентата да џвака, поентата е да научи да го „раскавасува“, односно гмечка јадењето меѓу непцата за да не прави само лапни голтни оти така и кога ќе ги има сите заби нема да знае/сака да џвака.

Јас на моите деца им давав да гњават корка лепче уште од 6 месеци. Многу брзо (на некои 7-8 месеци) не сакаа да јадат веќе сосема блендирана храна туку да има парченца внтаре, а првиот заб им израсана на 11 месеци.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom

Мартин ги има само предните запчиња и затоа не може да џвака.
На пример, му давам компир, морков и жолчка. Го пасирам и му давам да јаде, знам дека е многу гладен. Пробува еднаш, двапати, се задавува и одбива после да отвори уста. Му го блендирам сето тоа и го јаде во еден здив...
Ветувам дека уште од денес нема да му блендирам, ама како ќе оди џвакањето само со предните заби стварно не знамuser posted image

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
10.3.2011 17:13:20   
Snowhite RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue

Точно, Михаил изваде заб на 9 и пол месеци а џвакаше од 7 месеци, затоа Мартинс мам, нема врска тоа што има само предни заби, треба да се научи да ја топи храната во устата, биди поупорна, тој се задавува, затоа што го мрзи да џвака, полесно му е блендираното
Ајде успех ви посакувам

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
10.3.2011 19:36:37   
Џесика
Се слагам со блу-блу, мојов ѕвер има 14 заби и НЕ ЗНАЕ да џвака, значи, не знае!!! Приметив и дека забите многу бавно му избиваат, нормално, нема со што да ги поттикне... не сака блендирана храна, он сака таман за лапни-голтни, и на пр. ако варам месо, морков, брокула, нив ги блендирам и во нив ставам леб за да не е мазно... а ориз на пр да му дадам, се дави. Исто забележав дека он е научен ако му се даде со лажица,под дифолт голта, ако му се даде сув залак, го врти низ уста, ама не го џвака... јаболко рендано, банана гмечена... леб од бебе му давав не зема да гризе и не зема!!! Има 2 год и 2 месеци и уште нит гризе, нит џвака!!! Не можам против тоа, секојдневно се трудам, ама детево ко којзнае што да си му напраил ако му смениш состав на оброкот!!!
Кога го прашав педијатарот за овој проблем ми рече „само ќе му дојде, не го силувај да не створиш контраефект во исхраната, нема да ти јаде како што треба, ќе има одбивност кон одредена храна“ ...   мм го има тој проблем, ако има врска генетика, готова сум!!!

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
10.3.2011 20:33:16   
arh_diz
Ova sto go pisa snowhite e potpolno vo pravo istoto mi go rece na mene pedijatarot i zatoa mi rece da mu davam edni kako gevrecinja tvrdi
A isto i caska so voda sam da se naviknuva da pie

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
11.3.2011 11:14:58   
Martins mom
Вчера му давам ориз така згмечен со вилушка. Проба еден залак, го превртуваше низ уста, го голтна, се задави и втор пат веќе не сакаше да проба, со клешта не можеш устата да му ја отвориш. Му понудив смоки, ги зграба со двете раце, ги пикаше сам во устата и убаво си ги џвакаше. Значи знаел да џвака. Потао пак пробав, му дадов корка и пак скина преголемо парче, ќе се удавеше. Ми падна грев, само го изгладнувам детето и видов невидов, пак му го изблендирав user posted image user posted image user posted image

п.с: Кога ќе прочитам погоре дека мајките биле виновни, ги мрзело да ги научат децата да џвакаат, ми се крева косатаuser posted image Јас не одам на работа и целосно сум посветена на моето дете, 24 часа на ден и воопшто не ми е тешко да правам било што за моето најмилоuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
11.3.2011 11:29:58   
mama26
poleka martins mom,pomali zalcinja prvo pa taka nema da se davi,normalno e da se davi koga preogas od blendirano na zalaci,a toa za pc ..... ne e do mrzata tuku ete taka nie majkite sme uplaseni i plus ako nema koj da ni kaze ke blendirame i do 2 godini..pozdrav i se ke se sredi ke vidis

_____________________________

СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
11.3.2011 11:46:54   
blue_blue
Јас не мислам дека мајките ги мрзело, ниту пак прочитав такво нешто. Мислам само дека пошто не сме биле мајки никогаш пред тоа не знаеме како. Значи за мене најбитно е мајката да е свесна дека има „проблем“ односно однесување кај детето што таа сака да го смени зошто смета дека влијае на неговиот развој, самостојност или едноставно зошто неа и пречи бидејќи вијае директно врз нејзиниот квалитетен однос со детето (како на пример неспиење навечер на детето што ја прави мајката ненаспана, нервозна, па се рефлектира со викање на детето и кога треба и кога не треба, или спење на детето во кревет со мајката кое го има истиот ефект - ненаспана мајка - читај нервозна, нетрпелива). Затоа Мартинс мам не се оптеретувај со тоа дека си била мрзлива. Ти си знаеш дека не си, и само биди си упорна ако навистина сметаш дека е важно ова за развојот на твоето дете и сакаш да успееш да го спроведеш. Пробај со блендирана храна во која има и 10% испасиран дел (значи кога ќе свариш нешто еден мал дел тргни го, тој изгмечи го со виљушка, а другото изблендирај го, ама не скроз како каша, туку нека има и поситни праченца, па додај го и ова испасираново со виљушка) па види како ќе оди, со тоа што треба да му објасниш на детето дека сега му даваш то аи тоа да јаде и дека треба да џвака, па покажи му како се прави тоа и на секој залак повторувај му дека треба да џвака. Пробај, па пиши!

ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom

Вчера му давам ориз така згмечен со вилушка. Проба еден залак, го превртуваше низ уста, го голтна, се задави и втор пат веќе не сакаше да проба, со клешта не можеш устата да му ја отвориш. Му понудив смоки, ги зграба со двете раце, ги пикаше сам во устата и убаво си ги џвакаше. Значи знаел да џвака. Потао пак пробав, му дадов корка и пак скина преголемо парче, ќе се удавеше. Ми падна грев, само го изгладнувам детето и видов невидов, пак му го изблендирав user posted image user posted image user posted image

п.с: Кога ќе прочитам погоре дека мајките биле виновни, ги мрзело да ги научат децата да џвакаат, ми се крева косатаuser posted image Јас не одам на работа и целосно сум посветена на моето дете, 24 часа на ден и воопшто не ми е тешко да правам било што за моето најмилоuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
11.3.2011 21:39:41   
Martins mom
Морам да се пофалам дека имаме напредок. Денес гравчето убаво му го испасирав и му давав по сосема малку. Отпрвин се давеше, а потоа измеѓу залаците му давав смоки (зашто само нив ги џвака) и тој по навика си го џвакаше и залачето мислејќи дека е смока. Притоа на сеекое лапнување го потсетував да џвака. user posted image user posted image Има надеж изгледа...user posted image

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
11.3.2011 21:42:55   
Martins mom
ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue

Јас не мислам дека мајките ги мрзело, ниту пак прочитав такво нешто.

На страна 1 можеш да прочиташ

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
11.3.2011 22:12:05   
Viktori

ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom

ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue

Јас не мислам дека мајките ги мрзело, ниту пак прочитав такво нешто.

На страна 1 можеш да прочиташ

баш напротив, јас мислам дека некој мајки презаштитнички се однесуваат спрема децата, мислат дека нема да можат да изџвакаат и поради тоа се решаваат да испасираат.

И тоа бе коа ќе видам таков коментар коса ми се крева. Сите во нешто забушаваме некогаш. Сите. Од такви супер мајки на форуми ми се user posted image

_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
13.3.2011 9:27:17   
Snowhite RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom

Морам да се пофалам дека имаме напредок. Денес гравчето убаво му го испасирав и му давав по сосема малку. Отпрвин се давеше, а потоа измеѓу залаците му давав смоки (зашто само нив ги џвака) и тој по навика си го џвакаше и залачето мислејќи дека е смока. Притоа на сеекое лапнување го потсетував да џвака. user posted image user posted image Има надеж изгледа...user posted image

user posted image user posted image user posted image за Мартин

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
13.3.2011 10:59:15   
Martins mom
Вчера спанаќ со ориз манџичка и кисело млекце му давав и тоа не блендирано и си го изедеuser posted image user posted image Дали дека потечно беше, не знам, ама добро е ...задоволна сум за сегаuser posted image

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
13.3.2011 11:21:07   
Snowhite RR
Па јас секогаш му правам потечно за јадење, мислам јади и ако не е многу течно, ама зошто да џвака суво, мене ме мрзи суво да џвакам, а не пак него

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
13.6.2011 23:42:10   
slavicav
Od koga pochnavte so ne blendirano i ne pasirano,nas nekako ni se poremeti radosledot taman pochnav nekade posle 1 godina i ne fatija nekolku pati nastinki,nishto strashno techenje nose i kivanje ama mi povraka na sred jadenje ne sekoj den ama chesto.I sega nemozam nishto da i dadam,pluka a od blendiranovo pa na sekoj zalak i se vraka a saka da si jade si otvara usta.user posted image Ima nekoj shlam izgleda zoshto se drugo ni e dobro.Kasnime li mnogu i kako da pochnamuser posted image user posted image

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
14.6.2011 10:03:57   
Felly RR
Почни прво во блендираното ставај и по некое парчнце ситно исецкано, и постепено зголемувај ја количината на сецкана храна, а намалувај ја на блендираната. Исто и од некое меко овошје исецкај и парченца и давај и така да се учи.user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот slavicav)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
14.6.2011 14:32:46   
Martins mom
Никогаш не е касно! Само упорно и ако еднаш решиш да не блендираш, така и нека биде. И јас со Мартин поминав низ ужас дури да го научам да џвака, 101 финта употребив, ама се исплатеше, сега немаме гајле, се мелимеuser posted image user posted image

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
14.6.2011 15:03:53   
AnnaMolly RR
Јас почнав многу рано да му давам пасирано на Филип, не блендирано. Мислам дека немаше ни полни 7 месеци. Прво се гадеше и плукаше, ама мнооогу брзо почна убаво да џвака. А првото запче му никна на 8,5 месеци. Без заби си џвакаше. Не памтам кога последен пат сум го употребила блендерот. И месото ситно му го сечкам, не го блендирам. Јаде, нема гајле.
Мој совет е што порано да се почне со воведување на сечкана/пасирана храна.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
7.8.2011 12:58:41   
Felly RR
Матеа (19 месеци) веќе се си јаде сецкано на парчиња, ништо ни бледираме, ни пасираме. Ручекот на пр. компири само и ги правам на помали парчиња, и така ги јаде, грав/леќа и макнувам со лепче или си јаде со лажица, само ако се работи за месо, каснува неколку парчиња, обично со лепче заедно и го давам, и не сака многу да јаде, толку. А овошје и зеленчук свеж и давам цело парче големо, и сама си го грицка.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
7.8.2011 13:24:16   
Snowhite RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Матеа (19 месеци) веќе се си јаде сецкано на парчиња, ништо ни бледираме, ни пасираме. Ручекот на пр. компири само и ги правам на помали парчиња, и така ги јаде, грав/леќа и макнувам со лепче или си јаде со лажица, само ако се работи за месо, каснува неколку парчиња, обично со лепче заедно и го давам, и не сака многу да јаде, толку. А овошје и зеленчук свеж и давам цело парче големо, и сама си го грицка.

Исто и јас, не блендирам откако направи 7 месеци така мислам, си го враќам филмот, точно кога направи 7 месеци правевме крштевка и тогаш кога средував дома го прибрав блендерот и оттогаш не го извадив повеќе, почнав да пасирам, а потоа да му ситнам на помали парченца

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
15.8.2011 10:23:38   
klarax
Filip ima 14 ipol meseci i jade pasirano,samo mesoto seuste mu go blendiram,jade lepce so kaskavalce,zdenka.Na primer kje izede pola lepce od tie seckanite i jas mislam gladen e uste.Primetiv vo posledno vreme kasite cokolino,vanilino koi gi jade so biskviti mu zdosadija i ne saka da jade,ama daj mu da gricka nesto taka si jade bez problem,samo toa sto go gricka kolicinski e mnogu malku i za mene e problem,zasto znam deka ne e najaden.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:

Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?