|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
21.1.2012 23:33:26   
Elce
Пред два дена на моето бебе(има 7 месеци) му дадов парче лепче од средата поголемко,и почна да се гади и задавува,јас додека ја одврзав од столчето,таа почна да кашла,се обидов со прст да го извадам лепчето но не успеав и беше длабоко во грлото,ја свртив и ја тапкав по грбчето,малку помодре,но потоа почна да си диши нормално,голема паника ме фати,сама бев и сеуште сум под стрес,што ако и е отидено во душникот?Читав дека кога се задавуваат дечиња дека се случува ова и после тоа имало период кога како ништо да небило се додека не развие пневмонија и тешко да дише,па така да се сомневаат на туѓ предмет.Во нашиов случај е храна,ама јас се плашам и се притресувам на секое нејзино поткашлување.

(Одговор на членот klarax)
Непосредна врска до пораките: 51
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
22.1.2012 8:00:41   
Felly RR
Елче, не се секирај, најевројатно го има искашлано а ти може не си видела.
Ако user posted image до сега јаде само блендирана храна, ти почни прво да и даваш пасирана, а дури потоа со мали парченца, и тоа по 1-2 лажици, оддели, целото испасирај го, па овие 1-2 лажици ситно исецкај ги и измешај го.
Или јас понекогаш блендирав ама само малку ќе го пуштев блендерот, колку да го исецка, а не да го направи каша.


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Elce)
Непосредна врска до пораките: 52
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
14.2.2012 12:04:40   
Luci
Јас дефинитивно треба веќе да престанам да му давам дома блендирана храна на М. Тој веќе во градинка си јаде пасирано ама јас дома а му дадам одма почнува да се задавуваuser posted image Имаме 1 годинка инаку

_____________________________

Рани куче да те лае!!!

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 53
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
14.2.2012 12:45:11   
vezilka RR
Леле ние имаме проблем со џвакањето. Никако не сака пасирано или не дај боже некое парченце одма се задавува. Веќе има 14 месеци и не знам до кога ќе бледирам, ќе научи ли детево мое некогаш да џвака!?user posted image

(Одговор на членот Luci)
Непосредна врска до пораките: 54
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
14.2.2012 13:02:55   
kikicka

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka

Леле ние имаме проблем со џвакањето. Никако не сака пасирано или не дај боже некое парченце одма се задавува. Веќе има 14 месеци и не знам до кога ќе бледирам, ќе научи ли детево мое некогаш да џвака!?user posted image



донт вори и мојава до скоро блендирано мада да и сега чат пат али сепак пасирам гледам што повеќе ,Инаку со пасирано почнав кога една вечер гладна а не сакаше да јаде каша блендирана па тоа го сватив како знак за пасирање и така почнавме од 15 месец,не се секирај сама ке каже прави и пола пола блендирано со мали парченца да осети и ти џвакај и кога јаде она да те гледа .

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 55
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
17.7.2012 23:20:12   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: dubi_du

Mamicki sakam da prasam dali na bebcinjata im davate blendirana ili pasirana hrana?Prostete, znam deka temata mi e utnata barav ama nemozev da najdam takva tema.Ako postoi ve molam prefrlete mi go prasanjetouser posted image Inaku moeto bebce ima 6 meseci bez 4 dena i nekni probav varen kompir da mu dadam onaka pasirano i pocna da mi se davi???Pozdrav



ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana

Додека не научи да џвака самото, а тоа значи да му израснат барем две три запчиња, ќе му блендираш се. Гледај да биде убаво изблендирано и да не содржи некои парченца покрупни, значи како што се готовите кашички, таа густина.



ИЗВОРНА ПОРАКА: dubi_du

Of Ikana izgleda ke si blendiram jas uste dolgo vremeuser posted image Ako mi e kako prvoto dete ke izvadi zab okolu 11 mesec.Aber nemame za zabi.Sepak mnogu fala za sovetot!



ИЗВОРНА ПОРАКА: Calypso

Јас никогаш не сум блендирала, само пасирав. Бебето не џвака со забите од старт, џвака со непцата, со оглед на тоа што први никнат секачите, а тие не се за џвакање на храната. Еве, сега на 16 месеци син ми јаде нормално, а има само 8 заби - секачите - кои служат само за гризење на храната. Си џвака со непцата, без проблем јаде поголеми парчиња (леб, месо, овошје и слично) ама за тоа е важно уште од старт да ги навикнувате малите на пасирано, со парченца, меки се разбира. Немојте да чекате да никнат забите.



_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 56
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
18.7.2012 9:01:19   
AnnaMolly RR
Јас блендерот го користам само за правење овошен јогурт, друго апсолутно ништо му немам изблендирано.
Од 6 месеци му давам пасирано, така грубо со виљушка. И месото му го сечкав ситно со нож. А првото запче му никна на 8,5 месеци, но до тогаш се си џвакаше без апсолутно никаков проблем.

Се сложувам од збор до збор со Калипсо, децата не џвакаат со забите туку треба од мали да се учат да ја дробат храната со непцата и да го користат јазикот. Моја препорака, од старт ништо да не се блендира. После тоа огромни проблеми ќе си имате со џвакање и голтање.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 57
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
18.7.2012 12:18:02   
dubi_du
Calypso i Annamoly se slozuvam so vas i vo pravo ste za dzvakanjeto od mali oti treba da se ucat.Koga ke se razmislam poubavo i golemoto dete taka mu pasirav ne blendirav nisto a sega so ova nekako po mu se tresamuser posted image Ama ke gi poslusam site vasi soveti i ke pocnam poleka poleka so viluska da mu pasiram,belki ke se nauci poleka poleka.Inaku ic ne mi se dopaga koga ke vidam golemo detence a da jade blendirano.Go vidov toa lani na odmor, detevo imase okolu 4-5 godini a majkava kutrata bukvalno se morase da mu blendira...ic ne ubavo izgledase toa.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 58
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
16.8.2012 14:56:00   
elenak
Ние веќе два-три дена јадеме пасирано со вилушка и user posted image да не ја урочам си џвака убаво,немаме проблем. Има само две запчиња, доле единците, ама и пред да ги извади не ја голташе одма храната и дури сега сфатив зошто се нервира кога ќе ми излезе кашичката малку потечна или кога и правам овошен јогурт и и го давам со лажичка, оти сирота и тоа сака да го џвака а не може user posted image И сега кога ми излегува потечно ставам малку лебче. Е како ние ќе научиме да јадеме супи и овошни јогурти?

(Одговор на членот dubi_du)
Непосредна врска до пораките: 59
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
16.8.2012 15:06:04   
AnnaMolly RR
Супата направи ја со покрупни парчиња зеленчук. Исечкај се на коцки, свари го, после пасирање со вилушка плус малку лепче=милина
user posted image

Овошен јогурт има со парчиња. Јас таков земав, го ставав во чиниче и ги пасирав овошјата, додавав овесни снегулки и ете ти погуста смеса.
Инаку, user posted image што си јадете пасирано, не блендирано!

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 60
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
16.8.2012 15:15:39   
elenak
Супата направи ја со покрупни парчиња зеленчук. Исечкај се на коцки, свари го, после пасирање со вилушка плус малку лепче=милина
user posted image

Овошен јогурт има со парчиња. Јас таков земав, го ставав во чиниче и ги пасирав овошјата, додавав овесни снегулки и ете ти погуста смеса.
Инаку, user posted image што си јадете пасирано, не блендирано!

Баш таква супа од брокула денес и направив ама брокула не можев со вилушка па така на блендер два-три пати само ја пуштив. А за овошниов јогурт user posted image Ете што ќе јадеме за вечераuser posted image

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 61
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
16.8.2012 16:21:03   
*Elena*
Luge moze ja utinjam temava, ama detevo mi e mnogu naporno za jadenje, jade se, ni mnogu blendano , ni mnogu krupno, ama ustata ne ja otvara, samo malku si podzinuva i si ja smucka lazickata, ja grize...edno hranenje ne ni e pod pola saat, edino ovosen jogurt koga jade go nema za 5 sek...user posted image Ako e potecno nesto ko da go pie, ako e pogusto, pola lazica polna ja vrakam nazad, za da mu go dopolnam vrvot na laziceto, da moze da si smukne...znaci pomal koga bese poveke zinuvase, sea izvodi nesto...sum probala i na sila da mu ja butnam i so smeski, za da otvori usta, pa da mu ja piknam...ama ne ide veke, nervoza me faka user posted image

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 62
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
3.9.2012 12:40:32   
Tanjushka85
Ne izgleda deka mnogu majki/roditeli go razbiraat toj nagon na "davenje" kaj malite deca. Toj nagon e instinktiven i vsusnost mnogu potreben - da spreci strano telo od vleguvanje vo hranoprovodnikot, disnite patista i da dovede do zadusuvanje. Toj e tipicen kaj bebinjata koi ne iskusile nisto pokrupno od tecnost - neli, mleko - se dodeka roditelite ne go zapoznaat so toa. Kako vo mnogu dimenzii vo rastenjeto i vospituvanjeto na decata, se se pravi so umerenost, trpelivost i upornost. Zapoznavanjata na decata so hrani i teksturi treba da bide mnogu umerena, i da se ocekuvaat i prifakjaat otfrlanjata na hrani od strana na deteto. Ako hranata e dovolno meka sto bi mozela da se raspadne lesno duri i so pritisok na nepcata na deteto, iako e so pogrutcasta forma, togas bi pretstavuvala minimalen rizik za zadavuvanje. Pocnuvajki taka, roditelite treba da pokazat trpenie so decata pri hranenjeto i da pokazuvaat vidlivo zadovolstvo koga uspesno ke se prifati hranata. Duri povazno se cini deka treba da bide doverbata na roditelite na svoeto dete vo nivnata sposobnost za jadenje, kako i pocituvanjeto na nivnite granici koga ke odlucat da izedat 2 lazicki, ili pak 10 lazicki od hranata (vozrasnite najcesto imaat nerealni svakanja na zeludnicniot kapacitet na decata, pa zatoa doagja do teranje na povekje jadenje, i frustracija koga deteto ke ja odbiva odredenata kolicina). Se nadevam deka sovetite pomognaa na nekoi roditeli koi se zagrizeni za nivnite deca i ishranata.

(Одговор на членот *Elena*)
Непосредна врска до пораките: 63
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
28.10.2012 21:27:02   
SkCura77
Уште се лигавиме со блендирана храна, на 15 месеци. Одвреме навреме се трудам да дадам пасирано, демек јаде,ама го гледам дека го мрзи да џвака. И како што почна да ми бега по цела соба, се тргна наопаку со тоа хранење...

(Одговор на членот Tanjushka85)
Непосредна врска до пораките: 64
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
28.10.2012 22:28:48   
Calypso
Ќе си го седнеш во столчето за хранење и нема мрдање додека не се најаде. Мора да бидеш малку построга. Јас тоа го практикувам уште откако почнавме со цврста храна. Нема бегање и играње, се знае дека кога се јаде, се јаде и ништо друго. Што се однесува до пасирано/блендирано, јас пак ќе си повторам - од сам почеток е најдобро пасирано. Колку подоцна се почне со пасирано, толку потешко ќе се навикне детето да џвака.
Син ми веќе долго време не јаде пасирано, само месото му го сечкам на ситни парчиња, понекогаш му давам каши и попара, ама во глобала не пасирам веќе, нема потреба.

_____________________________

All that is gold does not glitter,
Not all those who wander are lost;
The old that is strong does not wither,
Deep roots are not reached by the frost.

(Одговор на членот SkCura77)
Непосредна врска до пораките: 65
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
28.10.2012 23:34:38   
kikicka
Не се нарвирај и ние покасно почнавме со џвакање , само воведи му ред да знае каде се јаде за да не трчаш по него, а тој сам ке си каже кога ке џвака. Мојата немаше баш заби за да џвака па така до пред 2 роденден кога ги извади сите заби почна да џвака. И сега знам да и изблендирам овошје пошто кога е сумљива дека нема да јаде доволно јас и блендирам за да се најади а не да се зезам цел ден со храна.
Така да уживај и не се замарај со коментари од околу зошто сеуште му блендираш.
ИЗВОРНА ПОРАКА: SkCura77

Уште се лигавиме со блендирана храна, на 15 месеци. Одвреме навреме се трудам да дадам пасирано, демек јаде,ама го гледам дека го мрзи да џвака. И како што почна да ми бега по цела соба, се тргна наопаку со тоа хранење...



_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот SkCura77)
Непосредна врска до пораките: 66
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
28.10.2012 23:37:58   
kikicka
user posted image Тањушка , баш така, сето ова пишано е мнг точно!
ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanjushka85

Ne izgleda deka mnogu majki/roditeli go razbiraat toj nagon na "davenje" kaj malite deca. Toj nagon e instinktiven i vsusnost mnogu potreben - da spreci strano telo od vleguvanje vo hranoprovodnikot, disnite patista i da dovede do zadusuvanje. Toj e tipicen kaj bebinjata koi ne iskusile nisto pokrupno od tecnost - neli, mleko - se dodeka roditelite ne go zapoznaat so toa. Kako vo mnogu dimenzii vo rastenjeto i vospituvanjeto na decata, se se pravi so umerenost, trpelivost i upornost. Zapoznavanjata na decata so hrani i teksturi treba da bide mnogu umerena, i da se ocekuvaat i prifakjaat otfrlanjata na hrani od strana na deteto. Ako hranata e dovolno meka sto bi mozela da se raspadne lesno duri i so pritisok na nepcata na deteto, iako e so pogrutcasta forma, togas bi pretstavuvala minimalen rizik za zadavuvanje. Pocnuvajki taka, roditelite treba da pokazat trpenie so decata pri hranenjeto i da pokazuvaat vidlivo zadovolstvo koga uspesno ke se prifati hranata. Duri povazno se cini deka treba da bide doverbata na roditelite na svoeto dete vo nivnata sposobnost za jadenje, kako i pocituvanjeto na nivnite granici koga ke odlucat da izedat 2 lazicki, ili pak 10 lazicki od hranata (vozrasnite najcesto imaat nerealni svakanja na zeludnicniot kapacitet na decata, pa zatoa doagja do teranje na povekje jadenje, i frustracija koga deteto ke ja odbiva odredenata kolicina). Se nadevam deka sovetite pomognaa na nekoi roditeli koi se zagrizeni za nivnite deca i ishranata.



_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот Tanjushka85)
Непосредна врска до пораките: 67
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
29.10.2012 8:39:28   
Bethany
И ние се уште сме така-така. Тие куповни каши што се над 12 месеци ги јаде, јаде тарана, јаде покрупни парчиња, ама само ако се во сос, или нешто течније, како супа, чорба. Инаку, не сака да јаде ништо што му дојде суво и лепљиво, мислам не може ни да проголта, му се гади. Знае да јаде леб сам, земе во рака, така некои теста му макам во јогурт па му давам. Всушност тој што сака ќе јаде и ќе се потруди да џвака, а што нејќе му блендирам/пасирам.

И јас кога слушам некои на оваа возраст месо јадат на парчиња сечени, па малку ми дојде зошто тој не јаде, ама секој има свое време. Јас не познавам никој кој не знае да џвака, сите научат порано или подоцна. user posted image Мене ми е побитно тој да јаде и да се најаде, отколку како преферира во моментот.

И јас се сложувам со Тањушка. И не на секое дете во исто време зајакнуваат мускулите на једњакот (мислам така се вика), па затоа некои деца кога им дадеш нешто покрупно порано покажуваат нагон на повраќање, а другите не. Секој треба да си процени своето дете и да види дали и кога е спремно на следниот чекор.

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 68
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
7.1.2013 13:16:18   
Bethany
Гледам дека јас последна пишував на темата, па сега да направам еден апдејт.
Вчера бев воодушевена од син ми како изеде ручекот. А си мислев нема шанси. Риба искината со раце на парчиња, не многу ситни, ориз со сецкан морков, брокула и лукче. Добро, брокула ја испритискав со виљушка, ама тој толку убаво си јадеше, дури тој трчаше по лажица. Јас бев запрепастена! Тоа беше чудо. Сепак оризот и рибата се малку така полепљиви, знаејќи го него веќе си мислев дека ќе се исповраќа. Ете така... има напредок, добро е, уште јас да се опуштам повеќе изгледа. Од неговото задавување и гадење уплав имам.
Е сега, единствено што нема шанси овошје да јаде на парчиња, а порано барем банана јадеше, оти е најмека, сега ја плука user posted image , мандарина само лизнува и остава, не се ни обидува да ја загризе како да ќе го поједе таа него, е сега единствено му се интересни кисели краставци. Овошје му пасирам, битно ми е барем некако да јаде, ќе му нудам и понатаму, па белки ќе почне некогаш сам, надевам се оти гледам дека се нешто децата менуваат. И гледам дека многу го мачат заби, изгледа непцата и го болат, барем така изгледат - болни, се уште само со 6 запчиња, ама добро е има напредок со џвакањето. user posted image

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 69
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
11.4.2013 20:09:24   
Malecka23
Za edna nedela ke polnime 8 pa se mislam da premineme na pasirana hrana.Inaku ruckame se bez nikakvi probllemi nekolku pati i davav pasirana ne se davese ama ne i se svigase bas mnogu.Sto mislite koga e pogodno vreme da se pocne so pasirana hrana malku sum vo prasalnici posto nema ni edno zabce pa si rekov da pocekam ili?

i koga da pocnam da i davam lebce so nesto-do sega nema probano kako malecki parcenca

< Поракaта ја уредил Malecka23 -- 11.4.2013 20:11:01 >

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 70
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
13.4.2013 5:47:12   
bucko mal
I mene neso mi e mnogu cudno na oaa tema.
Patronaznata mi dade kniga za toa vo koj mesec sto da mu davam i normalno ima raboti sto ne gi prifativ kako na primer:svinsko meso i riba posle 6meseci.poveke se konsultiram so vas i primenuvam soveti otkolku od knigava ili patronaznava sto mi kazuva.
A za hranata posle 6meseci blendirana,posle 7m pasirana,posle 8meseci secena na mali parcinja kako prsti nadolgo
user posted image a gotovite kasicki za 7meseci imaat tolku golemi parcinja niz niv sto mi strav da mu dadam.
jas neveruvam deka bebusov ke moze da jade pasirano barem zasga a ne pa seceno neso na parcinja.
za sedum dena ke imame 7meseci.

(Одговор на членот Malecka23)
Непосредна врска до пораките: 71
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
13.4.2013 8:04:11   
Beatris
Рано му е, според мене треба да се водите според детето, а не по книга, секое си е различно, самото ќе покаже кога е подготвено

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 72
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
24.4.2013 13:53:54   
vezilka RR
Секое дете сие различно. Ама мислам дека нема потреба да се форсира на пасирано ако детето не прифаќа. Ние многу касно почнавме со пасирана, бидејќи Никола одбиваше да ја јаде. На година и седум месеци почна да прифаќа по малку да јаде пасирано и тоа колкичината на оброкот ја преполови и тоа траеше два месеци. А после тоа за брзо време преминавме на сецкана храна, многу лесно и скоро безосетно.

(Одговор на членот Beatris)
Непосредна врска до пораките: 73
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
24.4.2013 16:49:35   
Bethany

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Секое дете сие различно. Ама мислам дека нема потреба да се форсира на пасирано ако детето не прифаќа. Ние многу касно почнавме со пасирана, бидејќи Никола одбиваше да ја јаде. На година и седум месеци почна да прифаќа по малку да јаде пасирано и тоа колкичината на оброкот ја преполови и тоа траеше два месеци. А после тоа за брзо време преминавме на сецкана храна, многу лесно и скоро безосетно.


што сакам овакви охрабрителни постови хехе. Син ми јаде пасирано, ама да џвака само нешто ептен одредено и тоа бргу се заморува, после само неколку залчиња. А мене навистина ми е побитно тој да биде сит. Добро, ние многу мака имаме со заби, кога е во процес на вадење заби дури едва голта, а не па да џвака. Например, банана ќе ја јаде на парчиња, ќе забоде со виљушка и ќе јаде, ама тоа што може да изеде така е многу помалку отколку да му малку згмечим и да изеде. Мрзлив е со храна мнооогу.
Секое дете е различно, вистина.... И секој треба да си го препознае детето кога и дали е спремно, а ќе џвака ќе џвака, јас не познавам ниеден човек што не џвака-тоа секогаш си велам user posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 74
   RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...
10.8.2013 23:10:35   
lb81
Sin mi izgleda e vrv nad site deca [se razbira vo negativna smisla] vo od nos na necvakanje i mnogu se nerviram i strsno go dozivuvam sekoj negov obrok. Postojano duri jade go gledam vo usta i mora do nas da ima voda za poturnuvanje zatoa sto sin mi ako ne go izcvaka ubavo zalakot ne samo sto se davi tuku i povraka sto ne procitav kaj drugo dete takvo nesto a osobeno se plasam so mesoto i vo momentot slabo go jade za sto posebno sum zagrizeno.Znaci sin mi ima 3god i dva mes. i do 3 god zelencukot so mesoto mu go blendirav a mackamno lepce jadi a mancite najcesto kako popara so leb i poveke tecnost pa pravi lapni goltni.Ijas mislev deka kasno izvadi zabi neznae da cvaka i blendirav ama se zafrknav i sega mi e mnogu tesko. Plus mozi i genetikata ima vrska tatkoto jade samo meleno meso i nikakva druga forma pa maliov ima razvieno tolku gadlivost sto jadime vo kujna vednas do mijalnik i koga ke saka da povraka go sekavam i vednas nad mijalnik oti puknav od cistenje povrakanjci.Zatoa majki poucete se od mene neznam dali e od deteto ili od mene ama ne blendirajte kolku i da se plasite deka ke se zadavi.Inaku pokvaitetno se hranese dodeka mu blendirav mu varev posebno zelencuk i meso a sega poke sme na mackano i popari ama nemozam poveke da blendiram pa sto saka neka bide a najmnogu mi e maka za mesoto sto nemozam salam kolicina da mu dadam. znaci problemot e sto sin mi ne samo sto se davi tuku i povraka i toa ako povrati vecerta ke ispovrati se sto jal od sabajle i se cudam zosto ne se svarilo jadenjeto ama izgleda od sto pravi lapni goltni. inace jadime so eden kup slikovnici boenki i sto li uste ne pred nas ili so mobilen znari detevo e epten problematicen so jadenjeto a jas mnogu strsno go dozivuvam toa POMOSSS

(Одговор на членот Elce)
Непосредна врска до пораките: 75
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?