beki RR -> RE: Деца со церебрална парализа (16.11.2009 11:27:44)
|
До кај сум ...е па вака,македонскиот флаер треба да е комплетно готов денес, текстот го средив остана само уште дизајнерот да си ја заврши работата,вети дека денес ќе ја прати конечната верзија.Најдовме хотел и конференциска сала,кај да е ќе треба да се почни со промоција. Сигурно, најсигурно и дефинитивно на 19 декември во Охрид ке има АБР средба. Порано читав по интернет и им кажував на мајките шо се се работи низ светот со овие деца.Коментарите беа, "Не гледај шо има во светот гледај шо има кај нас".Па еве, даде Господ, дел од тој свет ќе дојде кај нас.Ништо не е недостижно, важна е само желбата.
|
|
|
|