RE: Деца со церебрална парализа (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Деца со посебни потреби



Порака


mother 29 -> RE: Деца со церебрална парализа (18.11.2009 15:55:14)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]   [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]  [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]за малите борци!




big_mama817 -> RE: Деца со церебрална парализа (18.11.2009 15:57:19)

а може и јас да добијам флаер фала




beki RR -> RE: Деца со церебрална парализа (18.11.2009 16:04:46)

Секако дека може, само мора по маил.
Само те молам прати ми твој маил во пп.




beki RR -> RE: Деца со церебрална парализа (18.11.2009 20:05:46)

Еве неколку случаи на сколиоза
http://f1.grp.yahoofs.com/v1/MEQESwCzOxElTWve_LCWDuf57zU1x5tgEnWVW6OOxMUjHj_WCaPQlK29RbXY9fifXSwywEFDoyk_YjwvgTLAS5mOY0mqgBbStA/Scoliosis%20before_and_after_pictures_1.ppt
http://f1.grp.yahoofs.com/v1/MEQES3aRzR0lTWverOIwNWEAS1nj1N65y0HGENpwjEM6E7DpYT1mNRHVJKmm_fyib48y5UWGvuKp_rMWeshoTWLDcuK6h5biAw/Scoliosis%20before_and_after_pictures_2.ppt




beki RR -> RE: Деца со церебрална парализа (22.11.2009 20:40:36)

Огромна благодарност до уредничкиот тим на рр за поставениот текст.




beki RR -> RE: Деца со церебрална парализа (28.11.2009 14:36:31)

Драги рингерајки реков да ви кажам како одат работите со АБР.
Засега има добар интерес, пријавени се 35 родители,и морам да кажам дека дефектолозите, психолозите и логопедите од Македонија исто така пројавија голем интерес.Дури има и доктори кои се заинтересирани.Ќе видиме како на крај се ќе испадни, нели крајот го краси делото.
Од сите родители кои ми се јавија една мајка ми остави посебен впечаток. Нејзиното дете е 30 години и таа сеуште не се има откажано од битката .Многу ме растажи кога ми се јави. За поздравување е нејзината упорност и верба.
Уште нешто сакав да прашам дали знете кај нас негде да се продава брашно од бадеми или лешници? Го викаат nut flour не знам како точно да го преведам.




hristi -> RE: Деца со церебрална парализа (28.11.2009 19:18:11)

 Pozdrav za organiziranjeto  Vo Ohrid i ve molam da ni pojasnite kolku vreme ke trae predavanjetyo i dali prevozot i dr ke treba sami da gi obezbedime .Imaku kkao roditel na !& godisen sin sum zai nteresirana za poseta na predavanjata i za se vo vrska so potrebite i za dobroto na  site deca .Pozdrav




Julie1 -> RE: Деца со церебрална парализа (28.11.2009 19:21:42)

Драга Христи,

Најдобро е директно да ја контактираш дирекнто беки на овој број: 071294551 и ке ги добиеш сите информации на време. во спротивно поминувај скоро на Рингераја и беки скоро ќе одговори на твојот пост.




mami -> RE: Деца со церебрална парализа (28.11.2009 19:35:15)

Тешко дека ке можам во тој период да дојдам во Охрид, но им посакувам на сите кои ке одат да овој третман им помогне, да донесе резултати во нивната секојдневна борба...и нормално- чекаме слики од таму..да ги видиме малите јунаци




beki RR -> RE: Деца со церебрална парализа (28.11.2009 20:44:00)

Се разбравме со христи на маил.
Мами, убаво ќе е да дојдиш, ама ако не можиш-здравје, се надевам ќе има и друга прилика.Инаку, многу ми рекоа дека на 19 декември е Свети Никола.Јас многу добро знаев дека е Свети Никола, всушност кај моите родители Свети Никола е ќуќна слава,ама датумот немав можност да го сменам.Тие го одредија , тогаш биле слободни,а после мораат да брзаат дома, нели Божиќ им е.
Сите знаеме дека Свети Никола ги исполнувал желбите-можеби навистина ништо не случајно.Можеби и нас ќе ни се исполни единствената желба што ја имаме.





mami -> RE: Деца со церебрална парализа (28.11.2009 22:55:25)

Дај боже Беки..на сите да им ја исполни желбата...за детенце, за здравје...




Еца -> RE: Деца со церебрална парализа (29.11.2009 0:02:48)

ИЗВОРНА ПОРАКА: beki

Сите знаеме дека Свети Никола ги исполнувал желбите-можеби навистина ништо не случајно.Можеби и нас ќе ни се исполни единствената желба што ја имаме.




Бидејќи овој Свети Никола ете се поклопува со предавањето во Охрид, уште од сега знам дека тој ден ќе запалам свеќа за здравје на сите дечиња со посебни потреби, посебно за здравје на овие наши  сонциња со церебрална парализа.

Знам дека не можам да присуствувам на предавањето во Охрид, но знам дека Беки ќе има слики и ќе постави тука. Верувам во чуда, верувајте и  сите вие [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




nadica -> RE: Деца со церебрална парализа (29.11.2009 0:11:21)

со труд и со работа се се постигнува можеби не се како останатите но со многу трпение и кај овие дечиња има виден напредок


св.Никола имаме именден но ветувам дека ќе запалам свеќа со верување дека има напредок [img]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/img][img]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/img][img]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/img][img]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/img][img]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/img][img]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/img]




beki RR -> RE: Деца со церебрална парализа (29.11.2009 13:33:37)

Благодарам Надица.


Еве директна врска доDVD ABR Facts
http://www.miraclekidz.com/index.php?option=com_content&task=blogcategory&id=9&Itemid=8

Има неколку пациенти , на различна возрасти со различен степен на повреда.




beki RR -> RE: Деца со церебрална парализа (2.12.2009 11:04:51)

Во прилог на АБР, во Холандија само што заврши вториот конгрес за Истражувањата на тема Фасциа.Кој сака еве ликн нека погледне за што се зборуваше на конгресот и кои научни трудови беа изложени.
http://www.fasciacongress.org/2009/abstracts.htm


За мене најважно беше  ова
http://www.fasciacongress.org/2009/abstract_pdf/posters/J_009R2%20whislerMyofascial%20ReleaseTechniques%20Amsterdam%203%5B1%5D.pdf

Има кратки заклучоци од студија правена со 6 деца со церебрална , во траење од 6 месеци.Применет е  некој од методите за јакнење на миофасциата, и во период од 6 месеци анализирани се резултатите.
Важно е дека децата имале подобрувања и тоа од многу аспекти.


Кој го интересира може и ова да го прочита.
http://www.fasciacongress.org/2009/abstracts.htm




Еца -> RE: Деца со церебрална парализа (8.12.2009 9:08:39)

Хипотерапија наместо лекови
Јавањето коњ како терапија, односно хипотерапија претставува специфичен облик на третман и рехабилитација на особата со инвалидитет. Во светот оваа вежба се применува повеќе од триесетина години.
Според Ариана Брчиќ проф. дефектолог од Хрватска со лиценца за терапевтско јавање и една од малкуте лиценцирани дефектолози овој метод, покрај самиот престој во природа, со јавањето се постигнува непрекинат пренос на движења меѓу грбот на коњот и особата која го јава. Со прилагодување на дел од движењата и непосреден контакт кој покрај смирувачко дејство дава голем придонес во проблемот со раздвижувањето на васкуларните делови на екстремитетите и труп на заболените од церебрална парализа.
-Терапевтското јавање го работам наназад повеќе од 6, 7 години. Највеќе имам работено со воени инвалиди и деца заболени од церебрална парализа. Терапевтското јавање може да се користи како помош при повеќе ситуации и дава големи резултати. Она што ни е главно околу ова јавање може да се каже дека е лековит односот меѓу човекот и коњот. Тоа најубаво го знаат родителите на хендикипираните деца, особено кај оние кои добиле подобрувања со мотористиката вели Брчиќ. - Вежбата на вештачката стрма која неретко се практикува нема повратен одговор. Овде имаме обострани искрени чувства. Но да повторам коњот не е волшебник, може многу но не и се, објасни Брчиќ.

Десетина дечиња од Здружението на деца со церебрална парализа од Прилеп,  на терените за јавање на коњичкиот клуб Процес во Хиподром придружувани од страна на стручни психотерапевти од Хрватска, искусија јавање на коњи и бенефит од таканаречената хипотерапија, метод за работа со заболени од церебралната парализа. Ова е засега прва ваква активност организирана од страна на Федерацијата на коњички спортови и клубовите за професионална јавање Процес и Илинден, кои во пресрет на светскиот ден на лицата со хендикеп, 3 Декември, се обидоа да ја донесат на нашите простори а со тоа и да помогнат на овие лица.

Родителите на дечињата од Прилеп најзадоволни не ги криеја емоциите при одржувањето на вчерашниот тренинг.
- Не очекував дека ќе има вакво моментно подобрување и не се надевав дека моето дете ќе се качи на коњ. Таа уште како мала се плашеше од се и не даваше ни маче да и се доближи, а не да се качи на коњ. Се изненадив кога таа побара да се качи на коњот и сум задоволна. Ако се дадат услови сакам да се продолжи со ваков вид терапија изјави еден од тамошните родители кои од Прилеп, допатуваа до скопскиот хиподром.

Според коњичката федерација проблем е што во Македонија не постои едукативен кадар за овој вид терапија. А дел од родителите на децата заболени од церебрална парализа за ваков вид терапија досега биле праќани во западноевропските земји. Тренинг кој на вака обучен коњ чинел и до повеќе илјади евра.


[image]http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/C18C089D046F544E929908AE05983EA0.jpg[/image] 




hristi -> RE: Деца со церебрална парализа (11.12.2009 17:07:09)

Dragi majki (roditeli)
Mislam deka najitno treba da se slozime site i da se izborime za nasite prava i pravata na nasite deca .Kako sto moze da se izdvojat pari za treto ,ce4tvrto itd rodeno dete ,isto taka za starateli na deca bez roditeli se izdvojuvaat pari za plati i penzii ZOSTO I NIE KAKO RODITELI ILI STARATELI NA OVIE DECA DA NE SE IZBORIME ZA NADOMESTOK NA PLATA ILI PENZIJA Za  cuvanje i nega  NEGA .kako sto znaeme site  nie sme speceni da odime na rabota i dvajcata roditeli .Korisnici na skrsteno rabotno vreme mozat da bidat samo tie sto se vo stalen rabotaen odnos.Sto da kazat tie semejstva kaj sto se privremeno vraboteni ili voopsto nevraboteni.Kako da se izbrime za osnovna egzistencija a i nie sme veke so naruseno zdravje?Mislam imame mnogu da spodeluvame na ovie temi .Ve mozam dokolku smetate kako roditeli deka treba da se izborime za pravata nasi i na nasite deca so posebni potrebi pisete vasi predlozi od ovaa oblast.Pozdrav




Палешка РР -> RE: Деца со церебрална парализа (11.12.2009 17:35:13)

Се чудам како државата не решила досега ништо за децата и нивните родители.
Да не им е човек во кожата на родителите колку му е тешко, па уште и со финансиски проблеми.
Многу, многу тажно и неправедно! [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]

Ве поддржуваме во борбата за вашите права!




Еца -> RE: Деца со церебрална парализа (11.12.2009 18:26:18)

Леле Христи секако сметаме дека треба да добивате секој месец како нега или како сакаат нека го викаат, само да го обезбедат. Ајде како можеме ние да допринесеме за било какви промени по ова прашање. Давајте предлози сите, а сите Вие кои сте родители на деца со посебни потреби напишете ни што се е неоходно за еден месец и колку би требало според Вас да издвојува државата месечно за овие семејства. Доближете ни ја малку повеќе атмосферата во домот.

Навистина срамота е ова што се случува[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




beki RR -> RE: Деца со церебрална парализа (11.12.2009 18:59:20)

Еве вака, државата ни дава 4000 денари месечно нешто како нега.
мајките кои користат породилно можат да продолжат до 3 години.Во хрватска донесоа закон да може да се продолжи породилното до 7 годишна возраст на детето, тоа е период кога се спроведува хабилитација и мајката мора да е дома со детето.Реално кај да одам јас на работа кога имам еден куп обврски околу Ана.Морам да ја вежбам, за да прооди, да ја вежбам за да прозбори и за сето тоа мене верувајте 24 часа ми се малку а камоли уште на работа да одам.Има дневни центри, но таму баш и не се работи многу.Луѓето во центрите не се криви , крива е државата што отвара центар а тој служи само за чување на децата, рехабилитација немаат никаква.
Мене ми треба да се продолжи породилното до 7 години.
Слушав премиерот ќе ги праќа пензионерите на бања-супер, немам ништо против , ама како не му текна дека во оваа држава има и деца на кои бања добро би им дошла.Ние пристап до бањите баш и немаме.Можи да се искористи еден месец годишна рехабилитација која ја плаќа државата, па ти одбери дали ќе одиш на бања или во костозглобна на вежби.Шо и е, 1 месец годишно е ништо.
Владата на Данска и Норвешка ги покрива трошоците за АБР на нивните граѓани-замислете на кое ниво се тие држави, а кај нас обична рехабилитација не покриваат.
Па донесле коњ-супер,коњот е обучен, ама нема обучени луѓе да работат со тој коњ.Треба физиотерапевт и работен терапевт да работи со детето на тој коњ инаку се ќе е само едно обично јавање .
За жал децата со посебни потреби постојат само два дена годишно-на трети декември и за нова година кога сите политичари трчаат со пакетчињата.Па ми се превртуваат цревата кога ги гледам.Не им требаат пакетчиња на нашите деца, закони им требаат.
само и кој да ги бара тие закони.Здруженијата на родители на деца со церебрална како воопшто да не се заинтересирани.И тоа е за разбирање.Макта што ја имаат родителите е голема , пробале еднаш , двапати, тропале по врати и кога виделе ништо не бива,дека се останува само на збор, се откажале.Немаат луѓето енергија да се борат.
Ситуацијата е ужасна,и ја знаат само тие што ја живеат.
Колку пари требаат?Требаат многу пари, ама мислам дека би биле задоволни кога секоја мајка која се посветила не детето и заради тоа не оди на работа да добива месечно по една просечна плата. Јас и кажав на Христи дека сум тука за се шо треба и дека би учествувала , на начин на кој јас можам, во реализацијата на секаква искрена идеја која се однесува на децата со посебни потреби, посебно во делот рехабилитација.




hristi -> RE: Деца со церебрална парализа (12.12.2009 17:45:26)

 Eve  vaka sto se odnesuva za banjskata rehabilitacija i ne sleduva ni ednas godisno,Rehabilitacija  na banja im sleduva samo na posle operativni zahvati a ne ina site dr deca so cerebralna paraliza .Jas barav upat za toa i mi rekoa deka toa sleduvalo samo taka . a za borbata za pravata na  nasite deca treba da sme slozni site bez ogled dali preku zdruzenia ili individualno sobiranje vazno da bideme sto poveke uporni vo borba.mojot sin ima 17 god nega ne mi sleduva samo poseben dodatok od 4,000 den.Nega sleduva nad 27 god vozrast ,a potoa se ukinuva posebniot dodatok i se dava postojana paricna pomos na deteto samo ako roditelite ne se vraboteni.Sto znaci samo se poteski i poteski denovi i godini sleduvaat.a neli e isto da se neguva i malo dete i pogolem ili vozrasen covek koga sme spreceni i nemozeme da odime na rabota .aznaeete li kolku e tesko posle 17 god i jas kako roditel sum veke so naruseno zdravje bolki vo kicmat isl a veruvam i deka ne sum samo jas taka nego i site drugi roditeli koi ziveat so istata maka kako  mojata.Dosta e samo da si pomislime zosto nasite decinja ne mozat da odat ,ili zborat i sl.tazno no sepak jas ne se predavam.Mojot sin ucese vo redovna paralelka  osnovno obrazovanie posetuvase 9 godini nie kako roditeli sedevme vo kola i go cekavme bidejki ima telesen hendikep,celosno bevme posveteni i da se obrazuva i sega e vtora godina stredno uciliste,sekojdnevnite obvrski se golemi za eden roditel grizzata e golema i za dvajca roditeli no barem eden roditel da ima plata za nega na vakvi lica i potoa penzija.Veruvam deka vo semejstvata kade sto ima lice so posebni potrebi raboti samo eden roditel a negde mozda i nieden i se so ne reseni vrabotuvanja se samo povremeno vraboteni nazalost nemame nikvi sigorni vrabituvanja.Blagodarna sum na site sto imate razbiranje i podrska za pravata na licata so posebni potrebi.Bidejki se dr kkao sto rece beki samo  dva dena gi spomenuvaat godisno podobro da ne se macat ne ni se potrebni paketcinja i slikanja na tv.Potrebni ni se pravat a za lisata so posebni potrebi i nivnite semejstva.




Еца -> RE: Деца со церебрална парализа (12.12.2009 18:45:29)

Бидејќи Вие како родители сте многу поупатени што треба да се превземе за да тргнеме од некаде. Ние како интернет медиум нормално дека ќе се вклучиме во борбата за правата на семејствата на децата со посебни потреби, но кој да биде првиот чекор? Рековте не е важно дали преку здружение или индивидуално. Кои обиди ги имаат направено тие здруженија и зошто останале безуспешни. Што е она што треба да го направиме за да постигнеме успех и конечно да ви биде полесно на Вас родителите. Дали се потребни некакви петиции. Јас мојот потпис ќе го ставам каде треба, а сигурна сум дека од сите ќе ја имате подршката. Затоа ајде да се избориме за правата на лицата со посебни потреби.




karla -> RE: Деца со церебрална парализа (12.12.2009 19:25:37)

Mnogu teska e borbata za pravata na licata (decata) so posebni potrebi. Site znaat za 3-ti dekemvri da  dojdat da se slikaat, da vetuvaat, da se falat kolku tie se "humani" a vekje sledniot den nigde gi nema. Iako postojano se spomenuvaat segde nikoj nisto seriozno nema prevzemeno. Na roditelite so deca so cerebralna paraliza im e potrebna sekakva pomos, a najmnogu poddrska za dobivanje na pravata koi ovie lica gi zasluzuvaat. Zatoa dokolku ima bilo kakva organizacija i dokolku se prevzema bilo kakov cekor smetam deka site clenovi sto sme tuka treba da se aktivirame i konecno da gi srusime site barieri. 




beki RR -> RE: Деца со церебрална парализа (15.12.2009 9:07:46)

Леле луѓе имам голема трема, како шо се ближи 19 декември мене се повеќе ми се стега желудникот.




mami -> RE: Деца со церебрална парализа (15.12.2009 9:15:50)

ајде ајде, ке биде се во ред..чекаме слики, извештај детален, видео некое...знам дека ке успеете и дека многу дечиња ќе се опорават поради ова што го правите за нив[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>