RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (Целосна верзија)

Форум >> [Партнерство] >> Семејство и партнерски односи



Порака


Snowhite RR -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (5.8.2011 16:07:12)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

 Е многу се нервирам, кога ја смета МАтеа како големо дете, и демек „се што ќе и речам ме слуша“. Ја оставила да ја чека долу на скалите, а таа се качува горе да и земе маиче. Јас и велам не ја оставај така, ти мислиш те чека, ама баш кога не очекуваш може да тргне да се качува по скалите. Таа не, си знае, ме чека. Да има 7 години ај си знае, ама на 19 месеци, никогаш не може да си 100% сигурен дека ќе те послуша. Или еднаш кога беше помала, ја седнала на подот, ние со мм на долниот спраат, и еве ја и таа слегува, а гледам дете нема со неа...... Косата ми се крена. А таа уште ладна, вели, си седи горе, ме чека, ами ништо не може да направи. Тогаш навистина беше мала, и не знаеше да стане сама, ама може да се фрли по некоја играчка, и да се плесни на глава . Ама таа, не, си знае, ме чека детето[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image]


Фели зошто се нервираш за глупости, па еве и Михаил знае сам да се качува по скали, а знае и да ме чека, на пример кога излегуваме од станот, не можам да го држам во раце и да заклучувам и го имам научено, веднаш штом излеземе од врата да стои покрај ѕидот и да ме чека додека не заклучам да не мрднува, нормално дека го посматрам цело време, зашто во мало дете неможе да се има доверба, ама сепак треба веќе и да се учат на некои работи. И плус барем ти не пишувај на овие теми, мислам не ја познавам лично свекрва ти, ама поради фактот што Матеа и' е единствена внука, а вие единствено семејство, мислам дека треба да бидеш среќна заради тоа.




Julie1 -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (5.8.2011 16:27:37)

И плус барем ти не пишувај на овие теми, мислам не ја познавам лично свекрва ти, ама поради фактот што Матеа и' е единствена внука, а вие единствено семејство, мислам дека треба да бидеш среќна заради тоа.


Е ова навистина не го сваќам, каква врска има тоа што се работи за единствена внука и единствено семејство и поради тоа да бидеш среќен. Или јас сеуште не сум искусна со овие семејни односи или пак не ја разбрав поентата [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




miana -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (5.8.2011 16:31:26)

И плус барем ти не пишувај на овие теми, мислам не ја познавам лично свекрва ти, ама поради фактот што Матеа и' е единствена внука, а вие единствено семејство, мислам дека треба да бидеш среќна заради тоа.



Е ова навистина не го сваќам, каква врска има тоа што се работи за единствена внука и единствено семејство и поради тоа да бидеш среќен. Или јас сеуште не сум искусна со овие семејни односи или пак не ја разбрав поентата user posted image



i jas ne svakam iskreno....[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




anedespo -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (5.8.2011 18:19:01)

Najverojatno svekrvata ima samo eden sin, snaa i vnuka, pa zatoa mozat da dobijat maksimalna podrska i pomos, zatoa treba da se srekni.




Felly RR -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (5.8.2011 21:35:58)

Ако мислеше Snowhite, на тоа дека мм и е единствен син, па само нас ни помага, навистина ни помага, и имам пишано дека ја чува Матеа, и дека ручек ни прави, ама тоа не значи дека за се треба да се согласувам со нејзе. Како што пишав погоре, ни со мајка ми за се не се согласувам.
Јас никогаш не ја оставам Матеа сама на скали и да ми е надвор од видно поле. Значи за тоа не се согласувам. А овде темата е токму тоа. И мислам дека ништо навредливо не напишав за мајката на мојот сопруг, па да наидам на осудување од било кого.




anedespo -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (5.8.2011 21:48:53)

Ne, jas ne te osudiv, samo go objasniv ona sto Snowhite go napisa a drugite ne go razbraa. I jas se plasam od povredi i smetam deka dete od 2 godini iako se razbira, e premnogu malo za da mu se dava takva sloboda. Trenba maksimum vnimanie zasto nedaj boze site losi raboti se slucuvaat samo ednas i posle nema kaenje. 




Felly RR -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (5.8.2011 22:04:48)

Anedespo, не мислев на тебе. Мојот пост во целост се однесуваше на Snowhite.




Viktori -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (5.8.2011 23:13:39)

Најдобро е секој за себе да си пишува на вакви теми. Нема што јас да мислам што треба ти да мислиш.. Некои кометари е подобро да се поништат, наместо да се постираат...
--------------------------------------------------------------
Темата е родителите на сопругот, а не ние да мислиме дали Цацко треба да ги почитува и пишува или не....




bibe80 -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (6.8.2011 1:02:15)

zdr na site,prv pat pisuvam ama sto mozam temava me trogna:)
Imam 5 mesecno since,so mazot mi ziveeme vo kukata na negovite roditeli samo na poseben sprat so poseben vlez.Inace samo sto se porodiv ne odvoija,sami plakame smetki sami si gotvime,si cistime i sl.Mojata svekrva nikogas ne rabotela cel zivot e domakinka,ima 52 god,vitalna za se osven za pomos.Vo ovie 5 meseci mozam na prstite od edna raka da izbrojam kolku pati mi zgotvila,ispeglala.Da ne bea majka mi i sestra mi neznam sto ke pravev.Bev dva dena kaj moite alistata na sin mi bea isprani i pruzeni na ovie temperaturi se susat za 1 saat i zamislete dva dena ne gi sobrala stoele na sonceto.Koga se vrativ nemozev da gi ispeglam od sto bea presuseni pa morav da gi preperuvam.A da inace se kacuva gore kaj nas koga saka sabajle,navecer vo 10,11 itn bez da tropne mislam kultura nikakva.Za nea e samo pomos da mi go cuva deteto,stalno mi vika "da ti go pocuvam ti da si porabotis".A pod cuvanje citaj gnjavenje,drzenje vo race pa posle nemozam da go smiram.I taka jas sama si rabotam se dodeka gospogata pie kafe si gleda vo filgan i sl.A inace mnoogu go saka vnuceto,duri tolku sto nisto ne mu kupila do den denes.Ima uste mnogu gluposti ama nemam vreme da pisuvam [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Snowhite RR -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (6.8.2011 8:40:55)

Фели извини не сакав да те осудам, но ете можеби дека кај нас е скроз поразлична ситуацијата, свекрва ми има маж по кого треба да трча, двајца синови, две внучина од едниот син и плус на работа оди и плус јас и го носам моево да го чува и едноставно се замислив како би било ако бевме на ваше место. Колку само ќе бев јас посреќна односно ќе ми беше полесно кога ќе требаше да ми помога ќе можев без размислување да и речам, а сега сто пати се премислувам пред да ја прашам нешто да ми помогне, знам дека нема да ме одбие, ама мене така не ми е чиста совеста, си мислам дека и сум терет. Не ме сфаќај погрешно, не мислев ништо лошо
Ај да не сум офтопик да пишам
Со свекрва ми се погодуваме, ама проблемот е што таа е многу под влијание на свекор ми и некако како да нема свое јас, за се го слуша него и некои муабети што ми ги кажува знам дека не се нејзини туку негови. Со свекор ми малку не се погодуваме, ама јас скоро никогаш не му пререкувам затоа што не сакам да навлегувам во конфликти со него затоа што него никогаш ништо не неможеш да му објасниш, се тој знае како треба и за дома и за надвор и за деца вардење и за се. Не преќутувам само кога се работи за детето, за се друго стискам игнор




Pepelaska * -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (6.8.2011 12:58:42)

ах женски тешко е кога не можеш да се погодиш , еве јас сите караници со мм ми се заради што веќе не можам да седам овде се задушувам, значи бебе, јас,мм во една соба, девер во друга,свекор и свекрва во спална и една мала тесна кујна за сите нас како и едно старо пред распаѓање купатило.Немам ништо против луѓето кога може свекрва ми готви еве на одмор е еден месец па таа готви, за чистење сама ми вели не можам колку може толку повеќе јас ама не ми е тоа проблем, за детето сегде има расправии па и кај нас ама ќе се разбериме некако.Проблемот е што не може да ми дојде ни другарка ни гости навечер пошто бебето спие а сите други соби се зафатени ако мене ми се јаде нешто се стискам да направам пошто тие седат денски в кујна и одма ќе ми застанат е не вака не така тури ова тури она, машина не можам да си пуштам кога јас сакам кога ќе дојдам на ред, ништо не може да си испланирам за едно капење ред сум чекала.И ај сетоа тоа туку сега сакаме да се селиме имаме кујна купатило соларно ( топла вода) .Мм сакаше да земе кредит да земеме дневна и за парното да платиме, ама татко му му се понудил да му даде од неговите па после ако земал кредит да му враќал ,ок се договориле ама сега човекот е нон стоп намуртен. Вчера беа со татко ми па му велел е никој не ги брка што им фали ,овде не им е средено нема фасада,нема ова нема она, ( ако чекаме се да се среди уште 10 години ќе поминат) девер ми сака да се сели Скопје па ќе останеле сами и слично. И сега јас што да правам да му кажам ли на мм или да го оставам да ги земе парите, што ако презборува после?[sm=zmeden.gif] Ми иде да си пукнам еднаш сакам да сум среќна со мм и детето како семејство ние тројцата, сакам да седам во ново. А инаку за таа куќа 6 години не сме биле ни на одмор ни сме излегле како што треба пошто мм одеше да работи тогаш дечко , од работа таму до 12 1 навечер, сме штеделе пари за таму да направиме и сега му викам кога цела младост ја жтрвував за таа куќа сега сакам барем раат да живеам таму.И си ќути.извинете на долгиов пост ама стварно ми е тешко[sm=smiley13.gif]




Snowhite RR -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (6.8.2011 17:32:29)

Пепелашка најдобро да си земите кредит самите, ако можите, подобро да не ги мешате и нив, па после на секоја караница да ви спомуваат за тоа. Не знам јас така би направила, па вие одлучете се.

Фели уште еднаш  да се доискажам, мисла ми е, погрешно бев сфатена, значи не сакав да те осудам само да те утешам и да ти кажам да уживаш, а да не се нервираш за ситници (ако може така да се кажат)[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




AnnaMolly RR -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (6.8.2011 18:18:54)

Пепелашка, и јас мислам исто како Сноувајт. Најдобро вие самите да си земете кредит, да биде ваш. После на секое верувај ќе ти префрлаат (ова од искуство ти го кажувам).




AnnaMolly RR -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (6.8.2011 18:25:34)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR
Колку само ќе бев јас посреќна односно ќе ми беше полесно кога ќе требаше да ми помога ќе можев без размислување да и речам, а сега сто пати се премислувам пред да ја прашам нешто да ми помогне,



Е, јас и со ова имам проблем. Кога и го носам да го почува Филип за јас да зачистам или да се избањам, ништо не вели, го чува. А после на мм му се жали дека јас сум и го оставила детето да го почува, а таа имала работа. ѕПосле кога ја подбрав и реков друг пат кога ќе има работа мене да ми каже, никој нема да се налути дека во тој момент не можела да го чува... Со некои луѓе човек просто не знае како да се однесува.
Од тогаш поретко и го носам, а кога е таму и јас сум со нив. Ќе го поигра 30 мин и си го качувам горе.





kapina -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (21.8.2011 23:48:37)

mojata ludaca sveki me polude denes od nervozi bidejki molerisuvavme doma celden imavme rabota toa e zivotno ne e covek znaci znae oti nesmeam da se nerviram i pak po nejzino da e e nema podobro ke bese da bev na rabota odosto da se nerviram doma od taa luda nemozam da ja podnesuvam veke ja mrazam koga ke sme odimale deca nie oni ke si odele vo seloto da si ziveat raat ke mi togas bez toj gnavator doma 




omorfo89 -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (26.8.2011 20:31:21)

Oni se OK ama ima i momenti sto me nerviraat. Inaku ne ziveeme zaedno i toa e super [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] Svekor mi e mnogu cuden tip , so svekrva mi si pravime muabet ehee mozeme i po nekolku casa , a toj koga e so mene vo druvstvo nitu nesto ke kaze , celo vreme e namrsten ke prasa samo kako sum i toa. A koga e so drugi lugje zbori se smee. Izgleda ne sum mu nesto simpaticna osoba.. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden2.gif[/image] Najveke me nervira sto ako mu kazam nesto vo vrska so malata voopsto ne me slusa. Na primer celo vreme ja stava vo sedecka polozba ( a ona e 5 meseci ) i nemoze uste da sedi , ona saka da se podigne so glavceto koga e vo lezecka polozba ja podignuva i ja dopira so stapalata da gazi. Izgledale 2 deca i ne im e jasno deka ne smee dete tolku malo da se stava da sednuva i da gazi. Preeska koga ja vidov kolickata podignata ov polozba za sedenje kosata mi se digna i koga go prasav zasto go podignal vika deka se podignuvala so glavata nagore i saka da gleda.. neznam mislam deka zivcite mi se krenaa! Epa ajde da ja ostavi i da odi.. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] Najveke me nervira koga nekoj ne me slusa , moe dete jas kako ke kazam taka ke pravat. Sto mislat deka ako imam 21 godina neznam nisto vo vrska so decata  ,epa poveke od niv znam! [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley35.gif[/image]




Snowhite RR -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (26.8.2011 21:17:26)

Што се секираш, свекор ми секој ден мора да каже дека тој никогаш не гледал деца, никогаш не ги кревал в раце ни неговите, ама цело време вика по нас и кажува како се гледале и варделе деца, дека така не се варделе како ние што сме ги варделе
Како и да е, сакав да пишам за свекрвата што ја претепала снаата затоа што била бремена, на радио слушав преѓе. Настанот се случил во Прилеп[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]
Така да, се додека не сте изеле ќотек не се жалете[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




kuklica -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (27.8.2011 12:14:03)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR


Како и да е, сакав да пишам за свекрвата што ја претепала снаата затоа што била бремена, на радио слушав преѓе. Настанот се случил во Прилеп[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]
Така да, се додека не сте изеле ќотек не се жалете[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]







????????????????????????????????????????????????????????????????????
A da go pretepase sinot sto ja zabremenil !!!!!!!!! [sm=hudicek1.gif]
Nedaj boze sto se ne ke cues [sm=hudicek1.gif]




Martins mom -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (27.8.2011 12:19:19)

Ееееее...синовите немаат врска, они се праведни секогаш[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]

Ситуација: Золва ми лакира нокти, свеки пие пиво и пуши цигарче, свекорот си муабети со другарите, мм го боли главата, а мене ми тече крв од носот и со стиснат нос трчам по Мартин. Слушам како мајка му го жали и го убедува да си легне да се наспие оти го боли главчето[sm=smiley19.gif]




baby_bump -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (27.8.2011 12:38:59)

Finally и јас да позборувам со вас на оваа тема.
Имам пишувано и порано дека немаме никаков контакт со родителите на мм зашто јас сум несакана снаа (разведена со дете), но работите многу се сменија.
Поради големата желба на мм да се врати и да живее во својата куќа, се решив да го поддржам во желбата и го направивме првиот чекор (на мое големо противење), но ете демек се смиривме.
Жената е “злоба која оди“, не ме провоцира, но не ми ни зборува мене, ми го гњави и малтретира детето, го штипи каде стигне (а после вели дека ќерка ми е голема плачка и дека затоа не може да ја чува), го носи да оди босо по земјата во двор, му дава чоколади и други глупости. Секогаш кога сме сите во соба таа оди и ги гушка сите од нејзината фамилија, син, ќерка, братучетки, внуки, внуци, за отворено да ми покаже дека не ме сака (а многу и ми треба да ме сака).
Се преселивме во нивната куќа на први спрат, со договор да живееме на тој спрат без тие во ништо да се мешаат, додека го реновираме вториот спрат, кој треба да биде на мм, додека тие живеат на приземје и во текот на целото лето се за село.
И се ќе беше добро ако свеки знаеше да се договара и да се држи до договореното. На почетокот рече дека ќе си седи во село, се додека ние реновираме, за да не седела во прашина и со мајстори, се мешаше во проектот за надворешни степеници и внатрешно уредување, каде да ни била спалната, каде wc-то, секоја недела по неколку денови е во куќата за најверојатно на комшиите да им каже дека ете тие ни градат а не ние самите, а за реновирањето земавме кредит од банка - тие не дадоа ни денар.
Секогаш кога е во куќата има милион гости, золви, братучетки, сестри, комшики, како автобуска станица да е. Среќа откако се разлутив да не ми ги качува на спрат веќе си ги прима и ги гости на нејзиниот спрат.
Нема ден, ни минутка да не се качи кога сме дома, дали е сабајле, дали е полноќ, дали сум гола, дали се бањам, дали имаме секс, неа не ја интересира, демек да ја видела внуката, за да види што правиме, што сум зготвила, дали е чисто, а најмногу ме нервира што таа се качува и кога не сме дома, забележувам дека брка по плакарите и преместува работи, наместо да земе да зготви и да исчисти ако не е чисто.
Најмногу од се ме нервира тоа што мора секој ден да има некој кај нив, едноставно нема мир, да си дојдеш од работа на раат, да се истушираш, да одмориш, нон стоп има некој, нон стоп некој влегува излегува, дај ми ова, дај она итн, деца викаат, тие прават муабет во двор уште во 7 ипол сабајле веќе имаат гости.
Еден ден му реков на мм, ако продожат да ми се качуваат на спрат кога си идам на работа, жими се ќе се соблечам по гаќи и прслук, ако на нив не им е незгодно, нема ни на мене да ми биде.
Откако сме таму ниту еднаш нема направено ручек или да ми почува дете не дај боже......
Со мм сме на ратна нога откако влеговме таму, еве веќе 2 месеци, реновирањето е при крај, а мм ми вели да издржам додека да се качиме на нашиот спрат, дали ќе издржам не знам, се трудам и пукам по шавови.
Свекорот е ок, си ќути, разговара со мене, човекот е добар.
ММ се надева дека ќе било поинаку кога ќе имаме наш сопствен спрат, но јас се сомневам, и секој ден плачам и се потсеќам колку бевме среќни под кирија, сами.....................................





kopriva -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (27.8.2011 12:39:42)

Кај мене важи она не ме рчкај  не те рчкам. Сакаа да командуваат сите ама не им пали. Нема потреба да се нервирам јас кога можат они да се нервираат, зошто мене да ме боли глава.Секако глумат лудило за притисокот, вака барем да има навистина да ги користат лекарствата.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley33.gif[/image] Тивка вода брег рони....




Sandric -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (27.8.2011 12:45:21)

Lelee baby_bump a da si ja zaklucis vratata[sm=zmeden.gif]
Mnogu e tragicno sto brakovi se rasturaat poradi majki i tatkovci ,posebno sto vie znaete dea sami funkcionirate odlicno...




vida -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (27.8.2011 13:24:47)

ИЗВОРНА ПОРАКА: kopriva

Кај мене важи она не ме рчкај  не те рчкам. Сакаа да командуваат сите ама не им пали. Нема потреба да се нервирам јас кога можат они да се нервираат, зошто мене да ме боли глава.Секако глумат лудило за притисокот, вака барем да има навистина да ги користат лекарствата.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley33.gif[/image]  Тивка вода брег рони....

lele kopriva kazuvaj daj sovet kako da se odnesuvam sto da pravam da ne se nerviram jas oni da se nerviraat.Ne ziveeme zaedno,momentalno sme kaj mojte a pravime sprat kaj niv (sami si go pravime,sami plakjame) a ne pominuva den bez da se zamesaat.Posto ne se gledame sekoj den,pa po telefon se javuvaat samo nervozi mi pravat.Ponekogas me fakja depresija,se nerviram mi ide da gi potepam.Imam edna bomba doma pa ako slusnete deka snaa gi dignala u vozduh vampirite (na mm (ne)roditelite) jas sum taa... [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] I za dete mi se mesaat a nisto za nego ejj luge 6 meseci napravi maliot ona edno ligavce ne mu kupila nisto.Primanja imaat 50 000 a koga ke sedneme samo vika lele smetkite lele skapo ova skapo ona.I sega se raznervirav...Vcera bevme do kaj niv i aj da se prosetame po sladoled abe uste sto ne mi dade na pismeno da pisam kaj ke odime,po koj pat,i deteto li ke go nosime,sami li ke odime.I uste nesto sto strasno mi smeta e za da vidi dali mu se jade mu gi stava toa gnasnite race vo usta na sin mi i ako smuka aaaa mu se jade daj mu na detevo [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image] lele ke umram od niv pomagajte




kopriva -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (27.8.2011 16:54:29)

Вида многу е лесно инаталирај си го копчето OFF , они зборат ти климаш и се смееш ко да ги слушаш или почнат да зборат ти у соба со бебето или земи мобилниот. Ако ти звонат и те нервираат и те замараат жени сме измисли дека имаш работа да прекинеш, а за пари да извлечеш  од нив е тоа е тактика каде мм има голема улога.Парите ке си ги носат на оној свет изгледа или од жештините имат змија во џеб...[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] 
А и искрено да не те лажам , кога пробаа да владеат стегнав сили и покажав заби , па неможе некој да ме прави будала на здрав разум.
Се надевам дека бргу ке го средите спратот и ке си ставиш дупла брава[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] и само храбро немој да попушташ.
Тука сме за да си помагаме [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




Џесика -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (27.8.2011 17:31:04)

Мартинс Мам, ја ти предлагам од првата плата да и купиш нешто што ќе ја израдува (не кутија цигари [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image])  и така како захвалност подигни ја малку, да земе замав и сила за понатаму...  




Страница: <<   < Претходна страница  24 25 [26] 27 28   Следна страница >   >>