blond -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (6.9.2011 11:37:23)
|
И јас синоќа пукнав од нервози. Бевме излезени со мм на гости, се враќаме доцна, свеки не пречекува на врата. И ми кажува како МЕНЕ ми доаѓале гости (они ненајавени,а јас не дома), некои комшивки овде. Доаѓале на повојница кај малиот. И она ги качила горе, ги послужила со што нашла во фрижидер, сокче, грисини, благо итн итн. И седеле што седеле ГОРЕ кај мене и си отишле. Е кога почнав јас да фучам, дим да вадам низ ушите, се стрпев да не се развикам оти беше касно а малиот спиеше. Ова не и е првпат. Се чудам само за кој к*р се одделувавме со нив, тие долу ние горе, зошто им реновиравме и на нив кога таа горе пак ги качува гостите кога ниту јас ниту мм не сме дома. Подобро да им направевме една спална долу, а не да даваме пари и за ламинат, плочки, кујна... Проста е, не сфаќа кога и кажувам околу од околу, а кога директно ќе и кажам, ми се дере се прави посилна од мене. На мм му е сеедно што таа носи гости кај мене кога нема никој дома. Да бевме со посебен влез друго ќе беше, ама со внарешни скали сме [sm=smiley19.gif] Затоа си ги собрав клучевите од вратите на дневна, трепезарија, спална, секое излегување од дома-клуч на сите врати. П.С а знаела кај мене да ги седне и да ги послужи, а не знаела да ги измие чашите, извалканите чинии, филџаните со кои ги погодувала гостите. УФФФФФФФФФФФФ [sm=sad.gif][sm=sad.gif][sm=hudicek1.gif][sm=sad.gif]
|
|
|
|