Anushka -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (7.1.2010 18:28:12)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: pacuvce ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца Луѓе понекогаш и самите си ги правиме проблемите, искрено јас кога малку подобро размислив и се преиспитав сметам дека не се криви само родителите на мажот и дека секогаш јас сум во право. Да така е најлесно, ги гледаме нивните грешки, ги слушаме нивните коментари, се нешто ни засметува... НО...постои едно големо НО! Живеев јас и сама, со сестра ми, па пак имаше караници, несогласувања. Сето тоа е нормална работа...Не може се да биде розево и како подмачкано. Сепак треба малку да погледнеме и од другата страна, замислете како им е нив, кога до еден момент живееле еден живот, а сега се е поинаку, мора да се прилагодат на се во врска со снаата и нејзиниот карактер, а сепак ние сме помлади и промените побрзо ги прифаќаме, но тие се постари со веке свои одамна закоравени однесувања, ритуали итн. Се бореле (како сега ние) да постигнат нешто за своите деца и сега одеднаш им влегува некој нов кој се сака да смени од корен. Значи не е само до нив, немаат сите можност веднаш да им обезбедат на децата да се одвојат, но мора да се најде еден компромис, еден заеднички јазик, еден отворен разговор многу може да смени. Јас успев да се изборам за тој разговор, да слушнам се отворено што и како им смета кај мене и да сфатам дека навистина не се само луѓето криви. Фала богу никој не е безгрешен, па ни јас. Затоа размислете, можеби работите можат навистина да се подобрат и се да се смени на подобро. Одговорот е некаде во нас, само треба да се потрудиме да го најдеме. Eca,no comment...Od mene imas samo [img]http://www.freesmileys.org/smileys/smiley-gen053.gif[/img][img]http://www.freesmileys.org/smileys/smiley-gen053.gif[/img][img]http://www.freesmileys.org/smileys/smiley-gen053.gif[/img]...Iskrenosta e osobina na ednostavnite luge i takvite luge mi se dopagaat... ЕЦКА, ЧИСТА ДЕСЕТКА ЗА ТВОЈАТА ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА!!! МИРНОТО ЈАГНЕ ОД ДВЕ МАЈКИ (СВЕКРВИ) ЦИЦА!
|
|
|
|