Bitolcanka -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (16.1.2010 23:43:06)
|
Сеуште не сум во брак и не знам како ќе ми биде во иднина. Засега добро се сложувам со неговите родители, кога ќе одам на гости [sm=smiley1.gif] Фини и мирни луѓе се, мислам дека нема да имам проблем. Инаку навикната сум повеќе да бидам сама, не знам како би се снашла во нов дом, со нови "мама и тато" [sm=smiley36.gif] Се надевам / мислам дека ќе бидеме сами и се ќе биде во ред - сите задоволни: "И волкот сит и овицте на број". [sm=smiley36.gif] За тие што се во заедница - почитувајте ги, слушајте ги, прифатете нивно мислење, направете како што сакаат тие. Колку им одиш против (макар и да си во право) сам си правиш проблем и создаваш одбивност од нивна страна кон тебе, што неизбежно ќе доведе до конфликт. Попушти, тргни се настрана, помолчи - ќе имаш мир.
|
|
|
|