Annet -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (30.4.2010 21:41:54)
|
Еххх миличи мои,многу ми е жал за вас што имате такви нервози.Еве,пишувам и си мислам-ако се пофалам да не се подречам,па да тргне наопаку хахаха. Јас сум мажена веќе 1 год,имало секакви моменти,и пријатни и непријатни.Живееме заедно,ни дадоа една соба,си ја уредивме. Еднаш сами бевме без мм,и неговите сами си ја донесоа темата за заедничкиот живот,и тогаш јас си кажав се што ми лежеше на душа,ама полека и ме сватија,од тогаш се е поинаку.Мојот сопруг е многу мирен и никогаш никој несака да навреди,колку пати сум му се жалела за се кога не е дома,он си ќути. И така ден по ден,јас се навикнав на нив и они на мене.Ако ми речат така ли е?- јас така е.и си терам по мое,не се лоши луѓе,си викам ај јас да не си замислувам работи,што е до мене ќе го направам и се држам на дистанца. Ги почитувам како негови родители,им викам и мамо и тато,ама јасно им е дека јас сум му жена на нивниот син и дека сакам да се одделиме,дека секој сака да е сам[sm=smiley1.gif]. Немојте да се нервирате ќе сватат тие свекрви еден ден и ќе ви се извинат за се.Вашата љубов кон сопругот ќе направи чудо[sm=smiley1.gif]. Секој се родил да го живее животот како што сака,никој не не тера да трпиме неправди,затоа бидете горди на себе и главата горе. Ве сакам сите[sm=smiley31.gif]
|
|
|
|