Octavia -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (20.9.2010 10:50:44)
|
Е ова е деликатна тема за сите [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]. Јас после 10 години брак и живеење во ист влез некако успеав да создадам барем некој привиден мир, ама и тоа е нешто. Инаку, сум немала некои проблеми со свекрва ми, за сите овие години 2-3 пати ако сме си пререкле (смирено, без кавга), ама со свекор ми... Тој е типичен намќор,тежок човек, а јас научена да не ќутам ако знам дека сум во право, па вие претпоставете [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]. Цели војни водевме, сме се карале, ама баш карање, со тоа што јас сепак внимавав што ќе речам (најмногу атер за маж ми), а тој воопшто не да не внимаваше, туку гледаше што повеќе да ме повреди. А кавгите биле некогаш и за глупости (искрено), ама ме иритирало затоа што негивиот став е „И да знаеш дека не сум во право, не смееш да ми кажеш. И да грешам, ќе викаш “така е, во право си.“ Мислам...[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] WTF (извинете на изразот [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]). И после години и години почна да се смирува топката откако маж ми (конечно) почна да му враќа, еднаш дури и му рече да си оди ако дошол кавги да прави. А свекор ми си е таков, посесивен за децата (замислете, кога золва ми имаше проблеми со директорката на раб. тој викаше дека ќе одел таму „да и покаже убаво на директорката“ (??), а золва ми жена на 40 год.). Ама веќе сфаќам дека со таков човек нема разбирачка (еве пред некој ден го слушам урла кај нив во станот, и ја пцуе мртвата мајка на свекрва ми[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image], ако тоа не е лошотија, не знам...), а мислам дека и тој сфати дека немам намера да ќутам ако ме здоболи, па се трпиме некако. Далеку од идеално, ама барем е мир.
|
|
|
|