ie.m
|
Се вбрјувам во активни читатели, но не и пипувачи .. многу ми помогна РИНГЕРАЈА во првата бременест од која имам две девојчиња, близначиња. Но сега имам сосема дрга ситуација, која малку подолго ќе ви ја раскажам. Ги испрочитав сите постови на оваа тема и кај наши и странски форуми, но никако да се најдам во некој од нив, па накратко што можам да Ви опишам. Последен однос имавме во средината на март, околу 7-8 дена пред да добијам. Потоа мм замина на работно отсуство и се врати пред една недела. Имајќи во предвид дека циклусот ми беше редовен 26-28 дена, мислев дека се неплодни денови. Не е дека не посакуваме убави вести, но многу сум збунета. Оттогаш редовно добивам, но на секој 25-ти ден, и ми трае 4-5, наместо претходните 7 дена. Почетокот на април (пред да добијам) бев и кај гинекологот за да му кажам дека имам болки во стомакот и страшни главоболки и гадење наутро, но ми рече дека нема потреба да ме прегледува. Направив и тест, кој очекувано беше негативен. До денес циклусот ми е на 25 дена и помеѓу циклуси ги имам сите, баш сите симптопми на бременост (гадењето, кое се губи овие денови, вртоглавица и главоболка, болки во гради, повремени болки во грбот, пецкање во долниот дел од стомакот, испакнати брадавици, зголемен апетит, заострен мирис, а кафето почна да ми смета, постјана желба за спиење, умор ...).. Ќе речев дека е нормално можеби тоа, но почна да ми расте и стомаче кое на моменти е многу тврдо, понекогаш помеко, и, знаејќи од првата бременост, ме потсеќа на трудничко стомаче. Деновиве почувствував и движења како пеперутки. На моменти ми се чини дека се' е до психата, збунета сум многу. Читав многу и за десидуално крварење т.е цветна бременост. Во моментот имам пак добиено, пак на 25тиот ден, крварењето е многу послабо од претходните менструации со светло црвена боја. Трет ден ми е и некако како да престанува. Звучи невозможно, знам, се изначитав се и сешто по странски форуми. Правев уште еден тест некој ден пред да добијам (од оние кои се прават во било кој дел од денот), и пак негативнен. Инаку, првата бременост ми беше како по книга, се до моментот кога прокрварив во 35та недела и се породив. Не ни знам колку во овој дел мојот гинеколог би ме сфатл сериозно зашто и сама на моменти си мислам дека е премногу невозможно и лажна тревога. Утре одам на тест преку крв, а дефинитивно морам да проверам што се случува со мојот циклус. Инаку имам 32 години, а многу сме загрижени за ситуацијата, а од друга страна повторно посакуваме . Ви блаходарам за трпението да читате толку долг пост.
(Одговор на членот Anne^)
|