Mammi -> RE: Доење (24.10.2012 10:43:58)
|
Малиов мој веќе три дена како ми забушава.Многу убав ред си имавме фатено со спиење, цицање, и тоа убаво ќе си се нацицаше, ждригнеше и на спиење.Ама сега, кемка дури и во цицање, се трга од града,а гладен е, пак ќе зафати па ќе заспие на града и ништо живо не го буди. А го ставам в креветче за спиење ете ти го станал.Убаво спие преку ден, ама после 19 часот сме будни и само на цице сакаме, ама се тргаме. Го менувам на двете гради дека само од една не му е доста. Да речам грчеви се, не се грчи со ножињата да се стега или па да плаче, мирен е само знае да скемка малку. Пробав се измолзив после цицањето, некои дваесетина милилитри и така поспан му ги дадов од шише па некако заспа.За понатаму ноќва ќе видиме. Некоја идеја, чаре? Нема трпение да доисцица, само се тргнува од града, па пак ја бара, а кога убаво ќе фати по 5 мин заспива,а гладен е.Знам дека имам млеако, ама ако продолжи вака од нервоза се плашам да не ми се намали.Ми снема идеи веќе што да пробам
|
|
|
|