Bethany -> RE: Доење (9.5.2013 20:29:41)
|
Јас само можам од моето искуство да ти кажам дека кога син ми имаше грчеви бараше почесто да цица. А токму тоа беше лошото бидејќи на несвареното млеко пак ново млеко и уште повеќе грчеви се стварат. Те прочитав во други теми, можеби да има и грчеви и на тој начин си бара утеха, не знае како да се смири. Али мораш едноставно да и даваш на секои 2,5- 3 сата, најмалку после 2 сата. Треба време да се млекото како прво свари во мешето, а плус треба време и кај тебе да надојде квалитетно млеко. Бебешки плач не значи секогаш дека е гладно, она може ти изгледа дека е гладно, ама такви мали бебиња само тоа знаат-да цицат. Тие имаат тој рефлекс на цицање и што и да ги мачи барат да цицат. Мораш да успееш да воспоставиш ред, ќе биде подобро и за двете. Нацицај ја, биди сигурна дека убаво ги испразнила и двете дојки, потоа малку ја занимавај, успиј ја и ако се пробуди плачејќи пробај некако да ја занимаваш за да помине тој период. Така ако успееш неколку пати веќе и самиот нејзин метаболизам не си стекне навика на таков ред на храњење, ама пак ти велам врло е можно да има проблем со грчевите. Давај и чајче по малку, помеѓу подоите ако ептен плачи, ама не многу да не ја заситуваат, и од бекутан чајче би требало и столица да и биде поредовна. А и мислам дека не постои слабо и хранљиво млеко, или го имаш или немаш. Поздрав и се надевам ќе се средите бргу.
|
|
|
|