Bethany -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (4.12.2014 11:26:42)
|
Малечка23, консултирај се и ти првин со психологот, чисто да ти даде некоја насока. Ама и со воспитувачките. Она што јас би направила во случајов, кога веќе станува збор за толкав степен на вознемиреност, би и дадела време да се смири, да подзаборави. Не би ја терала со сила да оди, во оваква состојба никако. Првин мора да разрешите што е тоа што ја толку вознемирило и патем едно време нон стоп би и зборувала за градинка, ама без прашања дали сакаш да одиш или не. Едноставно секојдневно би и набројувала предностите на градинка. Штом викаш дека се исплашила од другарчето од кого не плачела, највероватно имала некој близок контакт со друго дете, можеби и не е ништо страшно, ама она така го перцепцирала бидејќи не го познава. Значи многу зборување. Не верувам дека ќе смени нешто ако ја префрлиш во друга група, таа нема тоа ни да го примети се доколку не го отклони тој страв и траума од градинката. Мојот син е секогаш бил само со нас и јас мислев дека прилагодување ќе биде многу тешко. Со месеци унапред секојденвно му зборев за градинка, што се прави таму, дека таму има деца, дека се играт итн. и плус она што јас инсистирав првиот ден кога го однесов е да бидам со него во занимална. Бевме заедно еден саат-два, тој си стекна сигурност дека и јас ја видов просторија, дека бев таму, највероватно и тоа имаше удел побрзо да ја прифати нова средина, ама и воспитувачките навистина беа отворени и го прифатија убаво. Никогаш не плачел потоа кога го оставав. Кај нас во градинка групите се со најмногу 15 деца и на секое ново дете можат да се посветат, затоа највероватно и нема толку плачки тука, барем јас немам слушнато.
|
|
|
|