RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Забавиште и чување на детето



Порака


IvaDicho -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (13.4.2014 15:28:06)

Zdravo na site :)

Nskoro sakam/treba da go zapisham sin mi vo gradinka, i se mislam za frankofonskata gradinka vo sklop na ucilishteto Dimitar Miladinov. Bi sakala da prasham dali nekoi od vas go nosi svoeto detence vo taa gradinka i dali bi mozele da spodelite nekoe iskustvo?
Odnapred blagodaram.




Snowhite RR -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (7.5.2014 22:53:54)

Утρе почнуваме со Јана во гρадинκа, иаκо го поминав ова со пρвото сега κаκо пρв пат да ми е. Ќе почниме постепено по саат два па да видиме κаκо ќе се навиκнува. Не знам κаκо ќе биде зашто не е пρоблемот во оставањето, јас ја оставам од бебе од два месеци, ама ρаботата е во тоа што не саκа да оди κај непознати дуρи итогаш κога сум јас туκа, а κамоло па да ја оставам со непознати, само се тешам деκа и бρатчето ќе и биде таму па може со него ќе се подсмиρи. Не саκам да ја оставам по многу додеκа да ги запознае негователκите зашто сметам деκа на почетоκ се поболуваат баш од тие ρазделби, оставање во непозната сρедина, со непознати и иаκо може нема да плачи ама можи во нејзе ќе си тагува. А досега е пρилично здρава и отпоρна отκаκо е ρодена до сега само 2 пати пиела сиρуп, а има 16 месеци. Со господ напρед ќе видиме κаκо ќе биде белκим нема да ми се ρазболува често.




mommy_angels RR -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (8.5.2014 7:48:20)

Ајде со среќа и лесна адаптација ви посакувам Сноувајт.А за настинките и градинката,што да кажам [sm=smiley36.gif] си знаеш веќе зашто едното детенце ти оди во градинка .Само со лесно и со малку да поминуваат,новата средина и колективот си го прават своето [sm=smiley13.gif]




Hunny -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (8.5.2014 15:13:43)

Ние планираме да ја запишеме од есен. Сакавме од октомври за да престанат плачките на другите деца, ама колешкиве ме премислуваат дека подобро е да ја запишеме од септември, да се адаптира заедно со другите деца. Какви се вашите искуства?




sandriana RR -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (9.5.2014 10:17:05)

Т почна во градинка во Јуни, и мислам дека го направив вистиникот избор за време. Причина: намален број на дечиња во тек на летото, помала опасност од настинки, вируси и бактерии, топло време....Бидејки имаше едвај 9 месеци кога тргна, имаше доволно фора до Септември да се прилагоди и да потпорасне, да зајакне имунитетот. Не значи дека есента и зимата не се разболуваше, но сите болести ги мина релативно лесно.




Defne90 RR -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (9.5.2014 10:49:47)

И јас сум на план јуни месец помалото во игрална да го запишам прво само по три саати од 10 до 13 часот.Па ќе видиме што ќе направиме.Се надевам дека додколку го запишеме помалото и поголемиот ќе се разубеди дека градинката е корисно место за игра и забава но и место каде што се учат многу корисни работи.Јас додуше не ми е толку страв од реакцијата на помалото колку што ми е страв од поголемиот.Тој си е посебен тип и малку е покомплициран.До сега двапати го запишуваме и не успеавме да го праќаме повеќе од две недели.А дефинитивно месец јуни е најдобар месец за запишување во градинка,целосно се согласувам со сандриана.И мислам колку е помало детето толку полесно ќе се привикне на новата средина.Кај четиригодишно дете,малку потешко оди тоа,што е и случајот со поголемиот син.Мене додуше толку и не ми е страв од настинките колку што се секирам околу тоа како ќе успеат да се прилагодат со дружбата како и на новите и непознати лица.Ама за се треба време нели.На крај се си доаѓа на свое место.А овој пат треба и ние да бидеме поупорни околу тоа.




bucko mal -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (10.5.2014 11:52:19)

M tera petti mesec vo gradinka,zapcna vo Januari koga site decinja se vratija od odmor i imase dosta novi decinja.
Placki od site strani,edno dete zaplaci i site po nego.M mnogu placeshe cel mesec ne prekina.Posle se smiri arno ama mu se smenija ucitelkite i sega pak sme so placki.
Samo sto sega nema drustvo za placenje i go gledam brzo se smiruva.
Jas mislam najdobro vreme da se pocne vo gradinka e koga nema mnogu decinja,na primer leten period.Togash nema mnogu placki.a i pomalku deca se i ucitelkite ke mozat poveke da vnimavaat na novoto detence.




Snowhite RR -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (10.5.2014 16:04:00)

Да си поднесам извештај за пρвите два дена во гρадинκа, пρвиот ден највеρојатно не знаеше што и се случува и не плачеше, ама не јадела, додуша јас и дадов млеκо во 7 а таму во 8 и 30 е појадоκот па може не била гладна, втоρиот ден плачела, не цело вρеме ама сепаκ повќе од пρвиот, ја пρатив гладна ама паκ не јадела, па и дала млеκо малκу се напила, двата дена мајκа ми ја зеде κај 10, сега бидејќи ќе напρави пауза 2 дена, понеделниκ паκ исто, па здρавје ќе видиме од втоρниκ дали ќе ја оставаме подолго




Gwendolin -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (19.7.2014 1:36:32)

Колку што можев да исчитам, кога се остава детето првпат во градинка седи малку, на пример пола саат, саат...па се наголемува секој ден, па за некоја недела и со спиење останува... Јас морав моево да го пуштам во градинка сега, почнавме од 1 јули после година и пол молење (зашто немаше места). Конечно успеавме да се запишиме зашто морам да работам и нашето прилагодување оди вака - прв и втор ден по 5 мин. зашто плаче многу, па трет ден 30 мин. зашто 15 мин. вриштеше без воздух да земе. После некој ден почна да си игра со играчки, сака музика и сл...Почнав да ја носам и за појадок (зашто ја носев од 9 и 30) и јадела само еднаш ама ај викам има време за јадење. Сакам да кажам дека некако пребавно ми изгледа адаптацијата. Трета недела веќе поминува, а ние одиме по 2 часа. Знам дека секој ден се менуваат и воспитувачки и негователки ама па нели е малку по 2 часа? И тоа последните 3 дена, инаку одевме час, до час и пол. Не плаче кога влегува веќе, сама си оди внатре и кога одам да ја земам ми викаат мирна е си игра и им викам а па ај ќе ја оставам барем уште пола саат на што веднаш добивам одговор аааа не многу ќе и биде доволно е толку. Два пати побарав да ја оставам уште малку ако е мирна и после секое барање, наредниот ден детето плаче, дури првиот пат беше цела сина на раката ми викаат ја штипна детенце (а прстите на раката поголеми од моите). Не знам што е работата не можат да ја чуваат уште пола саат?




bucko mal -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (19.7.2014 5:51:14)

Gwendolin milo mi sto ste nasle gradinka,inaku mnogu malku vreme pominuvate vo gradinka.Samo 2 casa,posle 20 dena vo gradinka?
Nekako mnogu mi e malku,aj da videme sto ke kazat drugite mamicki.
Sekoe dete place pocetokot,toj e tezok period ama mora da se projde.Sin mi I den denes znae da zaplace.
Nie tretiot den go ostavivme sam.Kaj nas pocetokot bese dobar posle pocnaa plackite.Kaj nas pa kolku I da place deteto ne se javuvaat I ne forsiraat da bide pomalku saati.
Nikogas nema da zaboravam vo kakva situacija mm go ima najdeno,detevo preplakalo-cetiri saati ne prekinalo da place I na kraj vo race na ucitelkata mu zaspal.A,im bese kazano vo sekoe vreme da se javat da go zememe ako ne se smiruva ama djabe.
Sega znae da zaplace koga go ostavam I posle pak place koga go zemam[sm=smiley1.gif]
V posakuvam sreka,sto pobrzo da se prilagodite vo gradinka.




Gwendolin -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (19.7.2014 14:48:31)

Ти благодарам за одговорот, јас мислам дека нормално си се прилагодува детето, кога ја оставам сама си влегува во градинка веќе не плаче и кога ја земам гледам дека не плачела барем пола саат пред тоа, зашто кога плаче силно и се појавуваат црвени точки на лицето и се повлекуваат по пола саат. Е се разбира дека ќе си поплаче за играчка или ако и даваат да јаде нешто што не сака ама тоа го сметам за нормално, па и дома кенка и плаче за глупости. Ама не знам зошто да не може детево да остане барем 3 саати, не знам како ќе ја оставам кога ќе работам по цел ден а тоа е за некои 2 недели. Ај ќе видеме од понеделник.




Felly RR -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (19.7.2014 17:42:44)

Гвендолин, вака како што пишуваш, детето убаво се прилагодува, и не гледам зошто да не останува подолго време. Најверојанто се зависи од воспитувачките. Кај нас веќе после третиот ден самите ни рекоа да остане со спиење, зошто ако ремногу долго ја земаме порано, може да се навикне дека тоа е времето за дома, па после да не сака да спие таму.
Разговарај со воспитувачките и кажи им дека за 2 недели почнуваш на работа, и ќе нема кој да ја зема порано, па затоа од понеделник веќе да почнете со подолго останување, па дури и со спиење.




deluxe -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (20.7.2014 14:50:17)

Гвендолин,доколку си сигурна дека детето веќе се прилагодило на новата средина,остави го,не оди да го земаш кога треба(пр.по 2 часа)Закасни се...намерно,барем пола час или час.Доколку детето си е ок.кога ќе го земеш,започни си да си го носиш како и другите деца.Па доколку ти речат нешто воспитувачките ,можеш фино лепо да им кажеш дека детето си е легално запишано како и сите други деца,плаќаш како и другите родители и готово.А тие земаат плата за да ги чуваат тие деца.[sm=smiley1.gif]
Најважно е детето да се прилагоди,на воспитувачките тоа им е работа ,да ги чуваат,не ги штеди нив.




Gwendolin -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (22.7.2014 14:06:28)

Ви благодарам девојки за одговорите, баш мислев да почнам да ја оставам подолго и таман се решив по 2 и пол- 3 саати да наголемам ете денес цел ден плачела дури сакале да ми се јават да ја земам [sm=zmeden.gif] . Си појадувала нормално и после се расплакала и не прекинала се дур не ја земав. Не знам, јас мислев дека поминал периодот на плачење, ама ете пак почнавме со плачки. Не очекував закаснета реакција како што ми викаат зашто поминавме период од недела и нешто со плачки ... не знам што да речам, ама колку и да плаче ќе го наголемувам времето макар да е 1о мин. на ден. Оф, ајде па некој ден кога ќе остане цел ден и нема да ми речат плачеше цело време сите ќе ве частам [sm=sloncek.gif]




Felly RR -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (22.7.2014 14:33:41)

Ќе биде и тој ден побрзо отколку што мислиш. [sm=smiley2.gif] Не забораваме на честењето. А тоа што денес била малку повознемирена може е од што два дена си била дома, па после викенд пак и доаѓа како на ново прилагодување.




Melanija RR -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (22.7.2014 15:37:29)

На брошурата што ни ја дадоа од градинка пишува дека првите неколку дена се остава по 30мин до најмногу 1 час,втората недела би ,ожело повеќе а понатаму нели зависи од детето.Без плачки не е можно ,но убаво вика Felly RR , што и кај поголеми влијае кога се оди после викенд.Два дена дома се прилично време плус постојано со блиски.
Gwendolin поддршка за тебе и се ќе биде ок ,па од септември ти мене ќе ме тешиш дека ќе помине се во ред [sm=smiley1.gif]




mommy_angels RR -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (22.7.2014 18:05:42)

Gwendolin pravi si taka kako shto mislish deka odgovara za tvoeto detence.A jas ke ti kazam samo eden fakt od mojata prijatelka.Decata zaeno ni pocnaa vo gradinka i toa vo istata grupa.E sega zasto jas idev na rabota ,A za nepoln mesec pochna so spienje,a za nejze znaea deka ceka za rabota i ne i dozvolija da prespie deteto 3 meseci(taka bilo dobro za nego).Ne vikam deka deteto treba da se isforsira,ama zarem mu trebaat tri meseci za da se sprijateli so istite deca i ucitelki [sm=smiley29.gif].Dobro znaeme deka decata posle nepoln cas na igralishte,cela nedela zboruvaat za novoto drugarche.Trpenie samo so detenceto i se ke si se sredi




Gwendolin -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (23.7.2014 9:59:04)

Фала на сите за одговорите, еве сабајле си ја оставив, вратата беше отворена и со трчање си влезе ама кога виде една од вработените таму кога писна да плаче... Се надевам внатре се смирила зашто заминав одма, имав работа и доцнев веќе, ќе видам после како ќе биде. Е па немам избор. Плачела, не плачела, ако не работам ќе си плачеме двете дома за леб[sm=zmeden.gif]. А си игра со сите деца кај и да сме на улица, на игралиште, во парк. Не е повлечена, кај и да види дете трча по него и го тегне да си играат да се бркаат. Мислам дека само од возрасните (и тоа постарите) има страв зашто немаме во близина ни баби ни дедовци ни тетки ни стрини... Ако моево дете се навикне во градинка, сите дечиња ќе се навикнат, па јас ќе давам совети после [sm=jezicek.gif]. Фала женски уште еднаш




*devojce* -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (31.8.2014 12:34:23)

Здраво мамички.
Дамјан има скоро 14 месеци и од утре почнуваме со градинка.Ке го носи мајка ми зема одмор зашто ако отидам јас нема да се знае кој повеќе ќе плаче [sm=smiley36.gif].До сега седи со кој и да е само да го занимаваш и да не не види мене и татко му.Сака деца сака музика па се надевам дека ќе се навикне.УУУУУУФФФФ ама мене ми е многу тешко уствари може и џабе мислам ама ќе видиме утре па ќе ви пишам.Поздрав




Defne90 RR -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (31.8.2014 23:07:27)

Од утре дефинитивно и ние тргнуваме во градинка,односно поголемиот син кој има 4 ипол години.И за разлика од претходниот пат кога пробавме да оди,сега е расположен,возбуден,весел и вели дека едвај чека да осамне па да оди во градинката и да се дружи и да си игра со децата.Поголем ентузијаст никогаш не бил.И се надевам и дека нема да си го промени мислењето за неколку дена.Битно цел ден си спрема се што му треба за градинка и постојано повторува дека не му се чека.А и време му е веќе, голем дечко е тој.[sm=smiley1.gif]




Палешка РР -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (5.9.2014 9:05:46)

Нас тешко ни оди привикнувањето [sm=smiley19.gif] плачи таа, плачам јас и незнам кое срце ќе издржи.
А инаку им е многу убаво, си играат, си јадат, имаат час по физичко, ќе имаат часови по англиски...Молам Бога да се навикне што побрзо [sm=zmeden.gif]




miana -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (5.9.2014 11:48:52)

Ние денес за прв пат, полни со ентузијазам, со среќа, насмеана од уво до уво - се до пред вратата... Мм ја носеше за да биде по безболно ( ако ја носам јас повеќе ке плаче ) кога стигнале, се засрамила, учителката ја земала во раце, почнада да вришти и ја однела внатре.. Пола саат седела, ја изнеле да му ја вратат, рекле дека многу плачела, на моменти се смирувала и кога ке види друго дете да плаче, пак почнувала да плаче.. Учителката му рекла на мм дека мисли дека брзо ке се адаптира, за разлика од првата керка ( беше кај истата учителка и она ) ..Првата керка беше полоша на првиот ден, ама брзо се навикна.. Мислам дека тука е проблемот што керками не ги познава учителките, инаку ако ги познава нема да имам никаков проблем.. Имаме едно комшиско дете што многу се дружи со неа, ама чека да се ослободи место ( поголемко е детето ) во истата градинка и јас мислам дека кога она ке појде во градинка и мојава ке оди со неа со песна... Мораме да бидеме упорни!




elenak -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (5.9.2014 12:03:28)

Поминавме една недела во градинка и учителката ми дава надеж дека биде добро, со оглед на тоа дека комуницира со неа и не плаче, само од дома малку и веќе на влегување си ја фаќа за рака и оди без плачки. Ама сепак мислам дека тоа е резултат на тоа што не седи многу, само по 3 саати и татко ми ја зема, седи ама знае дека деде ќе дојде да ја земе. Инаку 16 деца се во група (во 1-ва мала е) и уште им се тешко да комуницираат меѓусебно па секој си тера по свое. Мојава цело време си седела на маса сама. Ама ми викаат дека било нормално, дека треба период да помине да се навикнат и да почнат да се дружат, па можеби тогаш ќе и биде поинтересно па дури и ќе сака да оди. Дома кажува дека им пуштале музика, играле, кажува некои песнички, се надевам ќе се привикне. Проблемот е само што не јаде ништо таму освен сув леб и не кажува на учителката за какање туку чека да дојде дома или кака пред да тргнеме. Не знам дали е срам или револт ама ваљда и тоа ќе го надмине.[sm=smiley1.gif]




Melanija RR -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (5.9.2014 12:37:48)

Читам читам и кој знае како ќе биде со М .За недела две ќе го однесеме за проба се надевам дека нема баш лошо да биде бидејќи е мал.Има некој искуство со одење во јасли а детето уште да неоди самостојно?




LoveableMe RR -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (5.9.2014 13:08:00)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Читам читам и кој знае како ќе биде со М .За недела две ќе го однесеме за проба се надевам дека нема баш лошо да биде бидејќи е мал.Има некој искуство со одење во јасли а детето уште да неоди самостојно?


Јас би те советувала да прооди асално па да го пратиш, лелее многу е малечок, не знам баш дали добро ќе се грижат за него. Јас кога ме носеа во јасли (за жал немаше кој да ме чува), нон-стоп бев болна. Бар да има година и пол, ако имаш можност за чување. Среќно!




Страница: <<   < Претходна страница  18 19 [20] 21 22   Следна страница >   >>