|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Психолошки фактор
14.5.2014 13:11:08   
LoveableMe RR
Kvisko, те сфаќам потполно кога викаш не можам да го исклучам мозокот, тешко е и тоа не значи дека тие што останале бремени го исклучиле мозокот, туку во тој момент биле преокупирани со друго (спорт, вежбање, одење на одмор, преселба и сл.) па не им било тоа во прв план.

Кај мене викаат се е во ред, хормони, матка јајници, сопругот исто, ама ете природно се обидуваме после првото ИВФ и не сака да бидне, пробавме со чаеви, медови и што ли уште не, што инает ќе беше да не се фати, ако табиетот е како сопругот, тешко мене.....user posted image

Колку доктори не поминав приватни-државни и ми рекоа Психолошки фактор, под стрес сум на работа, родителите на мм вршат притисок немаат ниедно внуче, плус се во години се плашат да не не доживеат, па плус сакаат во слободно време друштво да им правиме, да не седат сами тоа се си придонесува да не се фати.

Поентата ми е, мораш да ја тргнеш бариерата и очекувањето и да почнеш да се занимаваш со нешто, нешто што те опушта. Јас на пример вежбам танци, пешачам и тоа многу ми помага да се трудам да гледам позитивно. Се надевам некоја од Рингерајките ќе пише како го надминала психолошкиов фактор и останала бремена.

Ако ништо друго, ќе си "пролаеме" тука меѓу нас и малку ќе си олесниме. user posted image


< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 14.5.2014 13:12:13 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 76
   RE: Психолошки фактор
14.5.2014 13:27:04   
blue_blue
мене ми беа два моменти клучни. Првиот беше да поминам преку идејата дека треба да одам на ИВФ. За мене тоа беше страшно бидејќи ни јас ни споругот немавме некој проблем, ете психолошки фактор. Во мојот мозок ја сфарив идејата за ИФВ кога еден доктор во Брисел кај кој отидов на консултација ми рече - Може да чекате да се случи природно бидејќи нема медицински проблем за тоа да не се случи, и може ќе се случи може не. а Можете и да одите на ИВФ и голема е веројатноста дека ќе се случи. И мене тоа ми беше откровеие - барем правам нешто а не седам со скрстени раце. За мене да не мислам на тоа значеше да се откажам. Демек ете сега ај како требало да биде ќе биде...Ќе си префрлав на себе дека не сум направила ништо. И така сменив доктор, и отидов на прво ИВФ. Зошто и како беше успешно не знам, ама знам дека додека одев на боцкање, пункција, трансфер, одев повеќе механиќки дек ами беше обврска а не со идејата леле сега што, леле сега како. Во тој период мозокот ми беше окупиран со други ствари - пред нова година имавме куп работа на работа, имав колешка од Хрватска тука една недела, па кај на работа и по работа ја шетав, и ја спремав својата книга за издавање. Просто кажано вод енот скоро никогаш не успевав да помислам да ИВФ-от освен дека знаев дека тогаш и тогаш треба да отидам до Ремедика. После трансфер не седев дома, не лежев него ај да не речам дека и заборавив на трансферот - трчав до печатница, до девојкава што ми правеше дизајн, па купував лампиони за елка...значи имав други примарни занимации кои ми беа битни, многу битни...значи таа книга во тој момент ми беше се во животот. На никој му немав кажано за ИВФ, ама баш на никој, ни сестра ни мајка - НИКОЈ! и со никого не ја разговарав таа тема, беше нешто што правев попатно....не проверува секој ден дал имам црвен исцедок, не ги пипкав градите дал лево дал десно ме болеле, дал ме боцкало во стомак дал не...Полно раб време идев на работа...и ете, бидна. Во една реченица - имав друга голема и за мене важна преокупација. Исто, 1 имав биохемиска бременост веднас по ХСГ и таа се случи кога чекав да добијам и кога бев 100% убедена дека јас природно нема да останам бремена, а мислам дека заврши така како што заврши зошто до 8 недела не ни знаев дека сум бремена, не ми падна тоа на памет - значи мојата психа не беше спрема за бременост - пораката во мојот мозок беше ЈАС НЕ СУМ БРЕМЕНА....ете, може моево искуство ќе ви биде од корист

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 77
   RE: Психолошки фактор
14.5.2014 13:42:58   
nataly86
Еве и Квиско и јас да се вклучам...и кај мене 5 години као се ок но нема бебе...многу ме фрустрираше фактот дека неможам да останам бремена, а уште повеќе ме фрустираше муабетот кога ќе ми речеа не се нервирај, опушти се....значи се имав пробано и со броење денови и со неброење и народни лекови, чаеви, бајачи и што уште не....трчав, вежбав, бев активна но мислата за бебе во ниеден момент не ме напушташе...и шетани и прешетани...пртисок од дома немав апсолутно никаков но џабе...

Јас искрено да ти кажам не најдов начин да се справам со тој момент на исклучување...незнам можеби сум таква по карактер...мене искрено до 4 месец од бременоста не ми се веруваше дека сум бремена...цело време му велев на мм дека стомакот ми е подуен од хормони а на ехо се некои лажни снимки од друга жена... е сега во 5 месец веќе убаво се гледа меше и до ден денес ми се смее мажот ми за тие мои испади...тогаш а и сега се препишува на хормони user posted image

Искрено на сите Ви посакувам што можи побрзо да ги видите user posted image user posted image

_____________________________

5 год. обиди, 4 циклуси со кломифен \ 5 неуспешни инсеминации, оперативна хистероскопија отсранување на септум, 1 ИВФ успешно, user posted image user posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 78
   RE: Психолошки фактор
14.5.2014 14:18:47   
Kvisko
Фала на сите за советите.

Blue_blue мене мозокот некако ми работи во mode работам ама потсвесно не сум исклучена. Вчера на пример скоро 12 саати си пишував труд и а направам пауза мозокот одма на таа страна. Не знам можеби па и треба да престанам да се прекорувам себе си што мислам на тоа. Веројанто е нромално да мислам на тоа ако толку долго само тоа „не ми поаѓа од рака“. Досега и се селевме и пишував и спремав нови работи на работа па пак ништо.

Јас не сум од тие само со психолошки фактор (иако сие ме убедуваа дека сум во таа група) имам медицински мали проблемчиња којшто ете кога ќе се соберат заедно можеби придонесуваат за подолго чекање. Само не сакам јас несвесно да си ги минирам напорите

Јас за опуштање одам на јога, време за читање белетристика освен на одмор не наоѓам зашто многу читам друга литература, сега најново почнав пак да свирам на клавир зашто многу ме опушта и нормално мнгоу шетам со маж ми (и во парк и по улици и по други места).

Немам некој отворен притисок од родители за ова прашања ама ги гледам дека веќе сите стануваат нестрпливи и некако потиштени.

(Одговор на членот nataly86)
Непосредна врска до пораките: 79
   RE: Психолошки фактор
14.5.2014 14:25:53   
Hopeful RR
Тоа "ама мора да се опуштиш" кога ќе го чујам, ми се чини дека уште толку се нервирам! Па уште со интонација како да јас сум глупава и некој од страна ќе ми држи предавање, мореее, на клоци сите user posted image

Мене искрено ме оправи малце биохемиската, колку и да звучи бизарно. Ми даде надеж дека ете, ќе биде, и бидејќи после тоа трчавме по испитувања за ваучер, како да се опуштив. Но, се се плашам дека се залажувам и дека ич не сум опуштена, затоа што секое добивање ми е невиден стрес, и нема ден а да не мислам на тоа, исто како тебе, Kvisko. Имам и гадни стресови на работа, плус сто други ствари, и пак не можам да се фокусирам на нешто друго и да си го исклучам мозокот... другарки, колешки - сите со муабетите за нивните деца, се жалат, па си споделуваат совети, една е бремена од несакајќи и во прво време искрено и се радував, ама сега некако станувам љубоморна... а се нервирам и зошто да сум љубоморна, ич не сакам да бидам таков човек! Ниедна трудница или мајка не ми е мене крива што нејќе, ама ајде де... Секој ден ја гледам како и расте стомакот, носи снимки од ехо, ни го пушташе срцето да го чуеме... јас - мило ми е, ама скршена на пола, што да ви кажам.

И сопругот е во иста ситуација, и тој цело време мисли, го фаќа тага и депресивни чувства, си осеќаме празнина и тоа е. Ај, мајкички, кажете некој попрактичен совет user posted image Вежбаме и двајцата, активни сме скроз, искачаме, се дружиме, не сме луѓе што гледаат ТВ по цел ден и ништо не прават... Што друго да правиме?

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот nataly86)
Непосредна врска до пораките: 80
   RE: Психолошки фактор
14.5.2014 21:52:15   
kapina
Jas sumopsednata so toa no se boram so sterilitetot veke9godini mozda e I toa pricinata. za prvoto IVF imav mnogu nadez mnogu verba oti ke uspeam oti nema da se macam po bolnici pak se nadevav bev polna so nadez oti ke bide mu veruvav na dr nosega za vtoroto mnogu sum isplasena da ne mi se povtore pak toa istoto kako so prvoto za prvoto IVF jas osekav simptomi. no ne si davav mnogu nadezpo et oti imav samo eden embrion sega se plasam dali ke imam I tolku po site tie makicki sto gi pominav. mnogu ke bide tesko da se opustam sega za toa IVF ie

< Поракaта ја уредил kapina -- 14.5.2014 21:53:16 >

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 81
   RE: Психолошки фактор
14.5.2014 22:14:09   
Bethany
Квиско, не е поента, а и не е возможно да го "исклучиш" мозокот, туку да не бидеш фокусирана само на тоа.
Не знам како би можела да ти ја доловам разликата, ама јас сметам дека сосема нормално е да мислиш и размислуваш за бебе.
И нормално да работиш на случајот, се што е до тебе да направиш. Не се согласувам дека сега ете треба да се опушти човек и ќе биде. Па ако помине некое време и ништо не се случува, нормално човекот треба да види дали нешто не е во ред и да реши тоа што може да се реши.

Мислам проблем настанува кога едноставно се дојде во ситуација да се "силат" работите, да се обидуваш да направиш она што не е во твојата моќ и притоа да се нервираш зошто не можеш да ги направиш. Значи, треба да се бориш, ама да си свесна за границата до каде е твојата сила и на што ти може да влијаеш, ама исто така да си свесна и дека постојат работите на кои ниту ти, ниту некој доктор може да влијае и гарантира.

Јас забременив со кломифен, тоа беше трета доза (трет месец) и моето опуштање се состоеше во тоа да воопшто не размислував на следниот чекор. Ако не успее ниту овој месец, што ќе биде следниот чекор во забременувањето? Дали ќе одам на инсеминација? Или што е следно? Значи такви прашања воопшто немав во главата, ниту сакав да се замарам. Едноставно се препуштив на моментот, живеев во сегашноста. Не знам колку сум јасна што сакам да речам, поента ми е дa јас не го подредив својот живот, сегашноста и иднината, на тоа што се обидував да добијам бебе. Престанав да се замислувам со бебе во рацете, и да си правам филмови, едноставно престанав да се измачувам себеси. На желбата и ја скратив крилјата, да не лета многу-многу. А си остана само желба, престана да биде опсесија.

Пак, од друга страна, мислам исто и дека многу други фактори се вклучени во тоа кога нешто ќе ти кликне да се "исклучиш".
Да е до само карактерот, не е, мислам дека понестрплива особа од мене не постои, се уште за некои работи знам да се однесувам полошо од некое дете, сакам сега и сакам веднаш, можеби повеќе до тој некој внатрешен, духовен мир кој мораш да го пронајдеш сам со себе, да си поставиш некои шкакливи прашања самата на себе, некои прашања кои ќе те здоболат, и на кои самата ќе мораш да дадеш одговор. Да се соочиш со своите лични стравови, да се соочиш со својот евентуален неуспех, и кога ќе си решиш тие работи, ќе можеш да се "опуштиш" (малку повеќе барем ;)

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 82
   RE: Психолошки фактор
14.5.2014 23:04:19   
kapina
Bethany kolku vreme se obiduvase da ostanes bremena I jas na pocetokot ne bev opsednata sto ponatamu toa mi go diktiraseili mojot maticen ili privatniot ginekolog. si mislev mlada sum ke bide I toa no kako odminuva vremeto se poveke I poveke sum opsednata posebno od koga pocnav so inseminacii so IVF a I ne sum veke20god tuku29 I toa isto vlijae vremeto poleka si odminuva godinite si odat

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 83
   RE: Психолошки фактор
15.5.2014 19:16:45   
Kvisko
BethanyRR фала на разликата и советите. Имаше едно време кога да бев во страшна паника што ќе се случи, дали некогаш ќе успеам да добијам бебе. Сега сум малку поопуштена по тоа прашање ама сеуште понекогаш мислам на тоа. За разлика од порано мислам дека успевам да се псравам со тие мисли малку подобри и барем да не ми предизвикаат преголема тага. Можеби проблемот е што секој месец се надевам и после толку време разочарувања не можев да најдам сиал за надеж и почнав да се губам себе си и да тагувам за мојата судбина.

Сум имала веројатно и лоша среќа да наидам на некои погрешни „луѓе“ и „лекари“ кои ме натераа да се сомневам во се. Кај мене испадна дека баш тие три месеци кломифен ми направиле огромен проблем и дека јас сум морала да примам стоп инекции зад а ми прснат фоликулите, а тогашната матична ме препушти сама на себе.


Сега проблемот со јајниците после лапароскопијата би требало да ми е среден „ресетирана“ сум што би се рекло па со нови сили во нови победи. Веќе и се навикнав на тоа дека јас моето бебе ќе го почекам и нема да дојде така брзо па можеби и сум поопуштена. Веќе си знам дека јас некогаш ќе имам дете мое биолошко или посвеоно не е битно. Поентата е што некогаш ми се врти во глава дека сум малку престара за сега сериозно да го почнувам процесот и се прекорувам што заради кариера заглавив во ова во коешто сум сега. Ама тоа е што е, не можам да го вратам назад времето. Барем на професионален план сме си успешни па за бебе ќе се снајдеме некако.

Капина и јас сум исплашена после спонтаниот. Мислам дека тој страв ќе постои се додека не се роди живо и здраво бебе заради она низ што сме поминале. Трауматично искуство е, ама мора и покрај тоа да најдеме сили да се бориме и да веруваме.

< Поракaта ја уредил Kvisko -- 15.5.2014 19:19:08 >

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 84
   RE: Психолошки фактор
30.5.2014 22:08:50   
LoveableMe RR
Eве ме мене пак на оваа тема. Бев на консултација кај др. Трајковски на ГАК со документите да добијам мислење за нашиов случај, гледаше во документите за мене, па за мм, се чешкаше и се чудеше зошто не сум забременила осега, вика штом си почнала ИВФ, породлжуваш пак со ИВФ, нема враќање назад, мислам овој пат ќе ви успее, а ако останат смрзнете, евентуално ако се фати едно, за следен пат за второ. И заклучи дека е психолошки фактор кај нас што немаме сеуште деца.

Има ли некоја со родени деца да ми ја позајми својата глава, ќе ја користам неколку месеци и после веднаш и ја враќам, давам чесен збор?user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 85
   RE: Психолошки фактор
31.5.2014 23:38:06   
Hopeful RR
LoveableMe, кога ќе завршиш работа, дај ја здравата психа и кај мене user posted image И кај нас нема никаков проблем (освен тератозооспермијата во Систина, што и не е проблем, како што знаеме), и пак не фаќа и не фаќа, еве веќе 2 и кусур години.

Баш денес ја мислев темава и морав да пишам, баш и не ми е добар ден. Бев на детски роденден кај едни наши пријатели, и тоа сама (мм е на пат), и така некако тешко го доживеав сето тоа што од очај, не престанав да сурфам од мобилен, и баш ми е гајле што мислат за мене. Минатиот викенд бевме на уште еден детски роденден, и сите мајки таму собрани си играат со децата, и уште ме викаат и мене - ајде дојди и ти... да бе, што да правам таму, со кого да играм?!

Не ме сфаќајте погрешно, мили ми се децата на пријателите и тоа многу, ама немам сила веќе да одам по истите продавници да купувам подароци, продавачките да ми се обраќаат ко да е за мое дете, да ги гледам во игротека сите собрани со децата и да не можам ни муабет да им направам затоа што ни ме гледаат, ни ме слушаат, него одма трчаат кон детето кое направило нешто не знам што... се ми е јасно дека ништо не е намерно од нивна страна, дека нормално - детето им е приоритет, ама јас не сум толку силна за во скоро време пак да поднесам детски роденден.

Може сум преосетлива, може си умислувам, ама ете, некои работи ме погодуваат и тлеат. Едни пријатели кога дефинирале список на гости за роденден, секако не ставиле нас, ама дека крателе, и искоментирале нешто од типот - е па ај тие (за некои други) да не ги викаме, немаат дете. Мене случајно ми го кажа ова другарка ми, и знам дека воопшто не се однесува на нас, ама така тешко ми падна, и и реков - ајде добро, нема ни ние да дојдеме. Отидовме, многу јасно, ама сите тие ситници само ја зголемуваат празнината што ја чувствуваме ние двајца... Пробувам да си ги ишкам мислите, да бидам расположена и да се смеам колку можам повеќе, да се преокупирам со други ствари, работа, вежбање, теза, искачање, се во ред, ама џабе кога срцето не ти е цело и те боли. И сега дури се си викам да не не викнат едни други пријатели што треба да прават роденден, стварно нема да издржам.
Како се справувате со вакви мисли, девојки? Ги имате ли воопшто истите мисли или си имам јас сериозни проблеми со главата? user posted image



_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 86
   RE: Психолошки фактор
1.6.2014 9:52:20   
kapina
Jas kazav veke na rodendenovci ne odam ednostavno ne pripagam tamu sekoj okolu svoite deca si trca a jas samo si gledam I si sedam ne kazav mene mestoto ne mi e tamu I ne me kanat na rodendenovci

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 87
   RE: Психолошки фактор
1.6.2014 10:45:13   
Zoya
Hopeful потполно исто и јас се чувствувам. Едноставно не гледам дека припаѓам на детските родендени, а за жал останатие тоа не го сфаќаат. Изминатиов период имав доста роденденин и искрено направив најсебичен селективен пристап кон родендените. Отидов тогаш кога сакав да одам и не отидов деновите кога не можев да помислам да сум во тоа опкружување, а не па реално да се најдам во некој игротека. Едноставно, мислам дека почнав многу повеќе да се вртам кон себе, сопствените потреби и чувства, па ако некој ми се налути во периодов искрено не можам и со тоа да се оптоварувам. Дополнително, во една дискусија со другарка на темата деца најтешко ми падна коментарот „Некои работи подобро ги знам две деца имам родено“ ?!?! Да, без никаков проблем за зачнување... Луѓето можат само да претпостават со што се соочуваме и како се чувствуваме секојдневно, но во никој случај не можат да знаат.

_____________________________

Обиди од 2012;
IUI x 4 = /;
HSC 2013 (отстранет септум, изваден полип)
IVF #1 - /

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 88
   RE: Психолошки фактор
1.6.2014 18:05:39   
Hopeful RR
Ц ц ц... луѓе стварно не внимаваат што ќе кажат и искоментираат... Другарка ми, кога отидов да ја видам во болница породена, ми искоментира нешто од типот - ќути добро е, се засекирав што не фаќа веќе три месеци... мислам, дај стварно.

Мене па не ми е ни пријатно да разговарам на темата со кого било и некако не можам директно да одбијам да одам на родендени, ама следна прилика ќе измислам некој изговор. Не сакам да си расипам дружење со пријатели заради вакво нешто, што ги знам, ќе се навредат ако не им отидеме, а уште помалку па сакам да им се отворам па да гледам како не сожалуваат...

Се, се, ама кога ќе почнат крвнички да си ги караат децата без причина и да ги обвинуваат за сенешто, е тогаш се пореметувам. Никој што не бил во ваква ситуација како нас не може ни да замисли како е...

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Zoya)
Непосредна врска до пораките: 89
   RE: Психолошки фактор
1.6.2014 19:33:47   
LoveableMe RR
Лелее девојки, дај Боже да забременам, одма ја позајмувам главава на подолг период, може и некој динар ќе извадамuser posted image user posted image . Мене не ми е проблем да одам по детски родендени, баш убаво се забавувам, немам пробллем со тоа, дури и деца пријателиве оставаат кај нас на чување и со мм и децава заедно дома ршум правимеuser posted image .

Мене повеќе ми е проблем кога некои пријатели со деца не избегнуваат баш заради тоа што ние сеуште немаме, тоа повеќе ме погодува, како ние да не сме луѓе или како да нема што муабет со нас да прават. Тие луѓе сфатив за мене дека немам намера да ги сметам за пријатели, зато што пријател е со тебе во сите моменти и има за што да се прави муабет, не само за деца. А верувајте, кога некоја личност зборува само за децата, или само за работата, или само за шетање или само за шопинг, или за што било друго, таа личност е празна и не вреди ич да се дружите со неа, штом нема друго муабет да прави.

Во секој случај тука сме во клубчево и си споделуваме мисли, убаво е тоа и помага во нашава борба заuser posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 90
   RE: Психолошки фактор
1.6.2014 21:27:03   
Milicka 30
Јас незнам што повеќе ме повредува дали кога ке ме поканат на роденден или не? Кога ке ме поканат секако дека одам и убаво си поминувам, ама сите се кај мене не со едно туку со по 2 деца, и нормално сите си споделуваат искуства за децата а јас си зборам за внуките. Ама во секој случај дали дека јас сум преокупирана и си мислам дека сите ем сожалуваат...стварно незнам. Инаку и кај мене некој од другарите си ги оставаат децата па не ми проблем да ги причувам некој саат.
Ме повредува кога повеќето мајки зборат само за своите деца. Точно тие се најмлите нешта ама па цело време да збориш за нив, дали на кафе, на излегување...и нормално непријатно се чуствуваш. Како демек ке видиш ти како е уште немаш деца...или ако се пожалам дека цело време сум на работа, ехх а деца да имаше како ке ти беше? Па кога ке имам сигурно нема толку многу да работам... незнам повеќе ама и од друштвото си селектирав со кој да се дружам.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 91
   RE: Психолошки фактор
1.6.2014 21:57:02   
Hopeful RR
Најдобро така, Milicka 30. Сите ние мора да поминуваме повеќе време со луѓе кои зборат и за други нешта, или исто така немаат деца, а да минимизираме дружење со оние што ни прават да ни е непријатно и ни ја зголемуваат болката. Другарка ми треба да оди на службен пат и со денови не престанува да збори како и е тешко што ќе се одвои од бебето на неколку дена. Ок, разбирам дека не се пренемага и дека стварно и е тешко, ама мене тоа ми е малце пекмезење без осет за моите чувства и преку глава веќе тој муабет, леле па леле, што ќе правам без детето. А тие муабетите од типот, те - искачајте додека можете, те - немате дете, не знаете како е, те - ќе видите како е, демек тешко, ми се па дамбетер поглупи! Е ај да видам бе! Баш да видам!

Се изнакенкавме сите по ред user posted image
Ништо, LoveableMe, дај една психа да средиме па ќе ја менуваме по потреба, ако не па user posted image

(Одговор на членот Milicka 30)
Непосредна врска до пораките: 92
   RE: Психолошки фактор
1.6.2014 23:09:17   
Milicka 30
Долго време се мислам што треба да направам за да се опуштам? Се е психа, и нам исто ни кажаа дека што сите резултати се во ред можно е да е на психичка база...е ај не се нервирај де??? Пробав и медитација..јога ама ништо не помага..ајде да најдемене некое решение што мислите ЛовеаблеМе, Хопефул?

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 93
   RE: Психолошки фактор
1.6.2014 23:26:56   
Hopeful RR
Ова ми тлее веќе подолго време и стварно не знам што да направам. Вежбање помага, ама не којзнае колку. Досега, сме сфатиле дека за нас е најдобро да се дружиме со парови што не се во некој филм за брак и деца, и да правиме муабети на сосема други теми, да не мислиме на тоа. Исто и на работа - се дружам со колеги и колешки што зборат други ствари, а не само за деца и бременост. И полабава сум, и повеќе се смеам, и се чувствувам понормално, некако. Со овие другиве постојано ми се ствара некое чувство од една страна дека доцниме, дека ни проаѓа времето, заостануваме, не сме доволно не знам што, а од друга страна ми се наметнува вина дека фрламе пари на глупости, си купуваме ствари за нас, шетаме, додека сите они трошат пари на децата со логика - ее лесно ви е вас. Глупости.
Исто така, ни помага тоа што и двајцата пробуваме да одржиме здрава смисла на хумор и веќе имаме куп интерни шеги баш на темата - од тоа какви ни се резултатите, па до тоа секогаш кога ќе видиме пар со близнаци се гледаме и си викаме - ин витро, тоа е тоа, иако знаеме дека не мора да значи user posted image Тоа е тоа што досега не држи, а за понатаму не знам. Периодов ептен ми треба поддршка баш заради сите детски родендени и времево во кое сите искачаат надвор и се шетаат, и се ми се чини дека трудниците си ги прчат стомаците за инат на нас user posted image Не знам што друго да направам, а ми треба сериозно расчистување и фокусирање на мислите...

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Milicka 30)
Непосредна врска до пораките: 94
   RE: Психолошки фактор
2.6.2014 0:02:05   
scared RR
jas niakko nemozam da prestanam da mislam i da bidam okupirana ponekogas si placam i si go galam stomakot i si vikam koga ke imam bebce tuka ko da sum zabegana nekoja user posted image a uste potesko mi paga sto maz mi site drugari se so deca nekoi golemki nekoi na pat..ostanavme uste nie i dvajca drugari koi ne se ni zeneti, kaj da se skrijam za da ne gi gledam decata ili stomacite user posted image postojano se javuvaat, doagaat baska i vo blizina ziveat nema beganje ednostavno a mene mi e mnoguu tesko da gledam, ni rabota mi pomaga, ni komedii , nekad ke kupam neso novo i onaka ke se raspolozam ama posle si prefrlam zasto sum frlila pari na bluza moze tie pari za lekovi ke mi trebaat, zivotov go osekam bezvreden nikakov user posted image sreka sto drugarkite moi ne se mazeni pa so niv se raspolozuvam malce ama eve i tie pocnaa so veridbi i osekam strav deka i tie ke ostanat odma bremeni i samo uste jas ke ostanam user posted image
stvarno ne znam kakomoze da si pomogneme psihava unistuva epten

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 95
   RE: Психолошки фактор
2.6.2014 10:09:07   
LoveableMe RR
Еее женички, женички, таак е, а ова со психолошкиов фактор оди во фази изгледа, така имам заклучено, а можам и докторат да прихавам на темаваuser posted image user posted image :

I - испади на бес, паника, лутина, очај, плачење

II - депресија, расочараност, безволност, губење желба за се, апатија

III - иронија, смеење на самите себе, зафркавање, среќно-тажни моменти, кревање раце од се

IV - бебе user posted image

Што да правиме? Мислам дека мора да ги поминеме фазите, очигледно така успева, а тоа самиот организам постепено не доведува од една фаза во друга. Е сега, во САД знам на жениве освен здрава храна и вежби, им прават акупунктура, посебен метод за целосно, а посебно умствено опуштање и има одлични резултати, природно забременуваат дури и жени со неколку неуспешни обиди за ИВФ и инфертилитет. Кај нас мислам дека сеуште не ја донеле таа акупунктура, тоа е посебна терапија посебен дел од акупунктурата за мисловно и телесно опуштање. Ако знае некој дека има кај нас, нека пише. Позз

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 96
   RE: Психолошки фактор
4.6.2014 12:17:47   
Kvisko
Оф леле жени ај барем имаме тука кај да се тешиме.

јас сега сум во фаза паника од добивање вести дека некој ќе има бебе. Стварно не знам што ми е. Едноставно пред секое излегување со било кого срцево ми се стега од помислата еве сега да не ни кажат дека и тие успеале.

Имам некое чувство дека брзо ќе биде и кај нас бебе ама од друга страна се прекорувам себе си и мм што толку долго чекавме пред сериозно да се зафатиме со правење бебе и решавање преблеми и сега никој не ни е крив што сите пред нас ќе имаат бебе и тие што веројатно имаа некој проблем и тие што немаа зашто сите смао на бебе се посветија а ние бркавме и кариери и се друго паралелно. Стварно сум распаметена имам осет дека навистина јас сум си крива за се и понекогаш дека ете можеби не заслужувам бебе зашто прекасно сум почнала да се трудам околу тоа. Ние веќе 4 години сме без бебе ама дури последнава година сериозно се занимаваме со тоа. Гледам и тука жени со пократок стаж на исчекувалки како веќе имаат ОВФ (успеѓно или неуспешно не е битно) само јас сум уште во „забавиште“ по тоа прашање. Имам јас проблем во главата дефинитивно. Цел живот сум навикната цврсто да се борам за тоа што го сакам, ден и ноќ да работам на нешто и нормлано да бидам успешна. Сега за бебе тој рецепт не пали и чувстувавм дека се ми е џабе зашто сите каде каде понеуспешниу од мене си успеаја на тоа поле и нормано само со тоа се фалат и ми го намалуваат успехот демек ех да имаше деца друго ќе беше. Знам дека јас сум сепак поусшешна ама стварно ме боли што на тоа поле немам рецепт за успех.

Сега ај се надевам дека ќе биде после сите интервенции зашто докторката беше ептен оптимистична, ама сепак ми е страв дека ќе ме убие психата.

LoveableMe и во Америка не е стандарден пристап ова со акупунктурата и слични опуштачки работи. Се прави на иницијатива на секој поединец и пак се трча самостојно не е стандардна пракса освен во ретки клиники (кои обично се прилично скапи бидејќи нели цело здравство е приватно таму и за иста интервенција има разлика во цена). Кај нас има акупунктура само јас не сум се заинтересирала за терапевти и слично. Побарај на Златна книга мислам дека има неколку такви опции.

< Поракaта ја уредил Kvisko -- 4.6.2014 12:24:03 >

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 97
   RE: Психолошки фактор
4.6.2014 12:33:29   
LoveableMe RR
Kvisko, нормално чувство како такво се појавува, свесна си за тоа дека не е добро и реално и тоа е важно, знај дека ќе помине. Мислиш дека си крива што сте чекале долго? Можеби е така ако имаш над 35 години и сега почнувате за деца и сте на почеток, но што да кажат парови кои стапиле во брак на 25 години и по 10 години и повеќе немаат деца, или немаат по 3-5 години деца, а млади се земале. Немој да мислиш дека секогаш тоа е правило.

Со деца се чувствуваш комплетна како личност, вака чувствуваш дека еден дел ти фали и тоа е ок, само не треба да се откажуваш и само-обвинуваш, тука си кај што си, нема назад, има само напред и иднина, колку сакаш барај назад, не можеш да го вратиш времето.

За акупунктура, мислев како можност, не задолжително, има таму кој сака да се пријави за тоа и дава резултати. Но мислам посебна техника за опуштање е, баш за инфертилитет е и не знам колку кај нас во МК се запознаени, мислам дека се обучени за класична акупунктура, не знам дали ја знаат оваа постапка на третмани за мисловно/телесно опуштање.



_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 98
   RE: Психолошки фактор
4.6.2014 13:04:04   
Melanija RR
Kvisko секогаш има некој ,,поуспешен,, и ,,понеуспешен,, на некое поле.Ете јас никако ама баш никако немам среќа со работа но буквално и да тоа ме прави да се чуствувам неуспешна во животот.Значи немав работа немав бебе user posted image верувај се се надминува.

Дојде мојот ден и станав за нешто(го големи букви) ,,успешна,,.Но еве веќе мислам од септември бебе во градинка јас не сум целосна сакам работа ,нели цело е кога има се.Секогаш нешто ќе ни фали,сите сакаме се но нема.И јас се прекорувам што не бркав места и луѓе за да успеам со работа, едноставно не се снајдов.

СЕкоја чест што си се борела и успеала но недозволувај тоа да ти го нарушува успехот и да се прекоруваш дека многу си чекала.Кој знае може и тогаш не ќе можело (да не ме сватиш тогрешно) кој може да знае.Младоста не значи лесно забременување.Моја комшика роди трето на 41 год.
Ајде размисли, имаш ли некоја позната ,полунепозната која нема деца како треба да реагира кога ќе дојде твојот ден.Секое нешто треба да се гледа двострано,нели денес си доле утре си горе, ткалото се врти и така натаму и така натаму

Секоја одлука во свое време,минатото не се враќа па мора и мора да живееме со тоа што сме создале.

Остани ти, и сите силни ,се е во галават што значи се е до нас , не се оптеретувајте ,и пак поговорка ако мислиш убаво убаво и ќе биде user posted image

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 4.6.2014 13:06:55 >


_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 99
   RE: Психолошки фактор
4.6.2014 13:20:18   
Kvisko
Благодарам на советите. На свесно нив знам дека сте и двете во право. На свесно ниво знам дека не сум во право што се обвинувам себе си и што мислам. Знам и дека колку и млада да почнев пак ќе се соочев со овие проблеми, и септумот (заради кој имав missed абортус) и полицистичните јајници се вродени, нема тука што мноуг да се смени. Од рационална перпектива како помлада можеби ќе не можев да си дозволам финансики да се борам со неплодноста. Сега сум поподготвена. На свесно ниво знам дека така требало да биде, изборите и опциите што сум ги направила се ие, враќање назад нема има само одење напред. Арно ама од време на време ќе се најде едно мрачно ѓаволче понекогаш да ме извади од колосек. Таман ќе се изборам со едно ѓаволче по некое време се јавува некое ново. Фази колку сакаш. Веројатно е нормално сето тоа.

Мора да преживееме, да се бодриме и да се бориме и да успееме, друга опција нема.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 100
Страница:   <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?