|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Психолошки фактор
4.6.2014 15:09:42   
Hopeful RR
Kvisko, ептен те разбирам како се чувствуваш. Џабе што рационално знаеме како стојат работите, кога човекот не е само рационално битие и баш потсвеста е тоа што те јаде и те прогонува.

И ние бевме фокусирани на кариери, се уште сме, релативно успешно, и од сегашна перспектива си викаме - ех, да знаевме, ќе почнавме порано... Ама тоа е, no use crying over spilled milk. Ретки се оние примери кај кои се е розово - од одма и голем стан, и дете, и топ работа, и кола, и скапи одмори, и куп кеш. Но, факт е и тоа дека кај повеќето секогаш ќе има нешто што недостига, некаков "неуспех" - за нас е најмачен патот до бебе, но ете, други луѓе не можат да стигнат до сопствен дом, до подобра работа, до здравје... Не треба да ги занемаруваме другите успеси и постигнувања во животот, затоа што не е поентата да се има дете ама баш по секоја цена. Тоа дете треба да биде здраво право, да расте во нормална средина и да не биде соочувано со стресови какви што многу луѓе ги имаат... Кај и да се свртам, барем во моето опкружување, гледам луѓе со проблеми. Е сега, јас како што гледам на работите - за се има конкретно решение, освен за моето, се ми се чини дека полесно се наоѓа работа, полесно се доаѓа до стан, до осамостојување од родители и слично, отколку да се дојде до дете. Но, секој со својата мака - човековата визија е тесна, кко тунел, и секогаш мислиме дека нашето е најлошо.

Мора да се фокусираме на рационалното, на здраворазумското, затоа што инаку отидовме user posted image Затоа вие тука сте ми од голема важност при чекорењето на овој пат. Секогаш кога мислам дека готово, отидов, забегав, се преслушувам со вас и гледам дека сите чувства, состојби, емоции - се релативно нормални. Повеќе се радувам на вашите успеси отколку на оние на познаниците, колегите или пријателите. Skydiver, Melanija, nataly86, petra27, и уште куп други, вие сте ми и зрак надеж, и сила да продолжам да се борам и понатаму, со надеж и јас да ја прескокнам оградата и да дојдам од другата страна user posted image

Се надевам дека наскоро сите ќе ги надминеме физичките и психичките бариери, и ќе ја пренасочиме оваа меланхолија на другите, повесели теми од форумот user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 101
   RE: Психолошки фактор
12.6.2014 12:02:38   
Kvisko
Луѓе стварно дајте некоја нова глава за мене. По можност некоја која ич нема да мисли.

Вчера се шетаве во парк и кога седнав,е да с еодмориме на една клупа малку на страна од нас имаше седнато бебе (со не повеќе од 15 месеци) само си играше со едно шише со вода (негово од оние бебешките со цевка). После 15 минути седење свативме дека бебето нико не го гледа ниту внимава на него. Како што почна да се стемнува бебето почна да плаче. Се вртевме и јас и маж ми и никој не притрча. Се доближивмедо него и неккао ајде се смири упаничени почнавме да се распрашуваме и да видиме чие е. Јас цело време седев и го занимавав бебето со шишенцето за да не плаче, а маж ми бараше. Конечно дојде со еден „човек“ (ако така може да се нарече) кој стоеше со група на луѓе едно 50 метри оддалечени од местото на бебето. Ме гледа мене со бебето и му се врти на маж ми и му вика: „Ете гледаш не плаче“. Потоа му се сврте на бебето и му вика: „Што ти е бре, ајде стани, што плачеш“. Се свртевме и си заминавме. Потоа дознав дека кога маж ми ги прашал дали е нивно бебето го прашале што му е гајле им рекол дека плаче а тие го прашале зошто плаче не се слушало од кај нив. Толку незаинтересирани луѓе не сте виделе. Не го ни зема детето во раце само му викаше да стане го слушавме како што си заминуваме.

Нормално мене после тоа срцето ми се искина. Како е можно такви идиоти да добиваат деца, а јас да се мачам толку многу. Ако е нели финтата на Дарвин со појаките преживуваат како се бре тие идиоти кои не знаат да се грижат за мене со супериорни гени од моите. Ако е Годпосд е праведен како е бре праведен кога им дал дете на будали, а мене ме тормози и малтретира до бескрај. Навистина не ја сфаќам поентата. Или можеби таквите кои баш на ништо не мислат и за ништо не им а гајле се добиваат сервирано пред нив а таквите како мене кои се прават сами во животото мора да поминуваат низа Танталови маки за се. Стварно не знам што да кажам.




(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 102
   RE: Психолошки фактор
12.6.2014 12:29:56   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Kvisko
......Како е можно такви идиоти да добиваат деца, а јас да се мачам толку многу.... Или можеби таквите кои баш на ништо не мислат и за ништо не им а гајле се добиваат сервирано пред нив.....


Kvisko, знам еден пар посредно преку наши пријатели, имаат околу 30-тина години, две деца малечки од 2,5 и 1 година. Откога ги роди децата, жената едното го даде на чување кај сверквата, другото кај мајката и ги гледа повремено, а дома готви пере пегла мажот, таа бркала кариера и немала време за деца, не знаела да се грижи за нив....

Заклучок: што помалку му ја мислиш, полесно ќе се оствари сонот за деца и дефинитивно психолошкиот фактор игра голема улога во забременувањето....


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 103
   RE: Психолошки фактор
12.6.2014 12:39:57   
Hopeful RR
Лелеее колку страшно!!! Кутро бебе со такви "родители"... Не знам што да кажам, стварно - ич, ама ич не е фер ова што се случува. Која е правдата баш такви идиоти да добијат деца (и тоа сигурна сум дека од прв или втор обид го направиле), а ние тука да се чудиме и да страдаме...

На секој чекор гледам луѓе со деца кои, брутално е да кажам дека не ги заслужуваат, затоа што секој заслужува, ама што се стварно морони и не се свесни што имаат пред себе и каква среќа имале во животот... Знаеш ли колку често гледам и слушам родители што крвнички им се дерат на своите бебиња, си ги тепаат децата, ги малтретираат... Не е фер, ама воопшто. Да не зборам па за овие на улица, што ги раѓаат едно по едно... не знам дали е Дарвин, дали е господ, дали е idiocracy (мајки, не се лутете, не е ништо лично туку глобално, пробајте да сфатите што мислам со ова)... Таков очај ме фаќа понекогаш што стварно не знам што да направам.

Во моментов пак сосема трета мисла ме измачува - кога почнав да те читам, во моментот кога сте барале чие е бебето, си помислив дека си помислила да си го земете, и сега, откако видов дека е сосема друго поентата, се обвинувам самата себе што воопшто ми падна на памет таква глупост... не дека оправдувам или сакам да направам такво нешто, скраја било, но со сите овие маки, почнувам да се плашам до кај ќе ми отиде мислата user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 104
   RE: Психолошки фактор
12.6.2014 13:21:36   
butterfly1
Ne se izdruva ova veke , bar jas nemozam da go ozrdzam, maka mi e dusava mi place i mi se kine na parcinja koga ke go vidam maz mi so taga vo ocite a ja sterilna glupaca nemozam dete da mu dadam , smaceno mi e od lekari od bolnici od zivotov do toj stepen sto nemi se zivee, site haha hihi jas edno apce drugo apce user posted image i sto zivot e ova da dojdam doma od rabota i prazen stan da me preceka . Zasto ni se slucuva ova zar nie tuka zenicki ne sme zasluzile da se izraduvame , zasto se macime tolku. Ko sto velite nekoi idioti od prva vtora ke dobijat toa uste tolku me potistuva, eve sega doznav eden drugar na mazmi koga nie pravevme planovi za svadba oni ne se ni poznavaa so devojka mu uste a eve ona e bremena i toa ni go kazaa pred nekoj den lele mislev srcevo ke mi izletase, kakva bolka osetiv, mazmi vika likot ti se promeni vo taa sekunda koj znae garant i primetile ama i gajle mi e veke.. Maka mi e da gledam bremeni zeni a uste pogolema maka mi e koga ke vidam malo bebe vo kolicka a taa veke trudna so drugo . Dzabe i pozitivni misli, i pravenjke dobri dela za sto? pak si odam po bolnicine pak se trujam so hormoni a onie zloboki i nikakvi osobi veke po dve deca imaat .
Se izvinuvam za postov ama morav da se ispraznam srcevo ne mi sobira veke tolku taga

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 105
   RE: Психолошки фактор
12.6.2014 15:16:57   
Kvisko

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful



Во моментов пак сосема трета мисла ме измачува - кога почнав да те читам, во моментот кога сте барале чие е бебето, си помислив дека си помислила да си го земете, и сега, откако видов дека е сосема друго поентата, се обвинувам самата себе што воопшто ми падна на памет таква глупост... не дека оправдувам или сакам да направам такво нешто, скраја било, но со сите овие маки, почнувам да се плашам до кај ќе ми отиде мислата user posted image


Не се секирај и мене на кратко ми прелета мисла колку би било убаво да си има баш едно такво бебе и да си го гледам баш кога се обидував да му пристапам. Ама нели знаев дке не е мое и веднаш не совлада лутина кон родителите.

Нормално сме сите ние само животот не е благонаклонет кон нас. Ќе издржиме се. Можеби па ово и ни се случува затоа што сме силни и можеме да ги издржиме овие тешкотии.
Butterfly1 испразниси ја душата и тагата не е убаво да стои во тебе и да те јаде. Потоа со нови сили во нови победи.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 106
   RE: Психолошки фактор
22.6.2014 15:30:59   
kapina
Sinoka soniv eden son kako jas sum rodila edno masko dete i imeto sme mu go dale da se vika georgi no deteto bilo bolno i trebalo da bide vo bolnica i otkako se razbudiv od sonot tolku mi bese tesko tolku me dobole dusata sto nemam deca sto celdensum neraspolozena rasplacana i uste sto se vika ne sum pocnala sp ivf me faka strav dali ke uspee dali ako uspee ovaa bremenost ke bide uspesna. i jas se prasuvam zosto gospod dava deca na takvi sto ne zasluzuvat i mene me boli dusata koga gledam bremeni zeni i pomislata sto jas mozda ke imav bebe sega da ne mi se slucese spontaniot abortus

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 107
   RE: Психолошки фактор
23.6.2014 10:23:20   
LoveableMe RR
Капина, тие сонови се нормални за сите кои се во исчекување на дете, психата работи и нормално се јавуваат такви соништа...тој психолошки фактор е опасна работа да му се невидиuser posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 108
   RE: Психолошки фактор
23.6.2014 22:45:10   
profe
Kapina, moze kje zabremenis naskori i deteto kje go krstis Gorgi. Deneska razbrav deka moja komsivka koe e 15 godini pomala od mene, znaci uste treta sredno, ostanala trudna i sekako zaradi ova kje se mazi. Lele, a kaj sum jas???????? a sigurna sum , zato asto ja znam deka nema da bide kojznae kakva majka, neodgovorna e, taka se sto leta se se jade....a moze i kje bide, od kaj da znam.. Gospod dava na pogresni mesta...Ne mi e mnogu krivo, otrpnav vekje....

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 109
   RE: Психолошки фактор
23.6.2014 22:54:34   
kapina
Mnogu loso se osekav veruvajte no mi ostanuva sega samo ureoimikoplazma da ispitama ovie uste nemat reagensi denes pak se javuv i mi kazaa neznaele koga ke imaat reagensi pisav i do fondot za zdrastvo i oni mi vikat nie nesme nadlezi zali se kaj nadleznite i sega neznam koj e nadlezen zatoa

(Одговор на членот profe)
Непосредна врска до пораките: 110
   RE: Психолошки фактор
26.6.2014 13:49:16   
LoveableMe RR
Дискусиите се префрлени во Возраста како проблем за зачнување Е па ајде 100-годишнички, пишувајте тамуuser posted image user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 111
   RE: Психолошки фактор
27.8.2014 22:12:41   
Hopeful RR
Темата се потсмири, и моите мисли исто така, но не знам колку сум ок.
Вчера се породи една моја колешка која остана трудна лесно, буквално на втор обид, а има аденом на хипофиза и пролактин милион. Секој ден на работа ја гледав, и поминав низ сто фази - и се радував, и завидував, ме нервираше, ме интересираше, и го галев мешето, ја прашував, ја игнорирав... И денес јадевме мекици на работа и се осетив така бедно, така празно... тие дома ќе си донесат бепче, а јас идам секој ден на боцкање. Додека чекам доаѓаат девојки кои имале позитивен тест, девојки со мешиња, со веќе едно бебе, ги гледам дали се различни од мене и не сфаќам зошто не и јас... Се чувствувам како да сум на остров што тоне, сите веќе прескокнале на другата страна кон копното, а јас некако не можам да скокнам, се трудам, ама тапкам во место...

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 112
   RE: Психолошки фактор
28.8.2014 16:34:06   
tea 88
Psihata e opasna rabota. jas na primer uste porano pred 10 god imav neredoven ciklus otsekogas mi bil takov ama kako da se zarekov uste togas i velev na majka mi znam jas ke imam problem pri zabremenuvanje. i taka so taa negativna misla celo vreme stana vistina. Koga bev kaj Lazarevski na konsultacija ( mn mn dobar doktor steta sto mi e daleku) toj vaka mi vika:Sum imal pacientki so visok prolaktin duplo od tvojot pa prirodno zabremenile.mi vika ti deka znaes deka ti e pokacen prolaktinot mislis deka e toj i baras pricina i si napnata a kaj onie kaj koi e se vo red sto da baraat. mi vika ,mora malku da se rasteretis da ne mislis tolku a ti so mozokot 100 na sat. i moze e taka neznam moze stvarno psihava e kriva ama kako da ne mislam koga od doma ne mi se izleguva pogotovo vo leto seto e deca so majki pomali od mene , bremeni samo toa gledam i kako da izlezam ama ic ne mi se izleguva. doma si gledam film se vnesuvam celosno i si fantaziram a koga ke si legnam navecer vrti se prevtruvaj se.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 113
   RE: Психолошки фактор
28.8.2014 16:41:07   
tea 88
i uste da vi kazam kako sega razmisluvam, moze e smesno i glupavo ama mi pomaga odvreme na vreme. si velam se se slucuva so pricina ,pa moze ne e sega vremeto moze po nekoj mesec ke zabremenam i moeto dete ete treba bas togas da se rodi za da bide drugarce koga ke porasne na primer so deteto na drugarkami, ili ke bide zensko pa taka treba za da se zapoznae so maskoto detence sto go ima drugata drugarka . abe smeski ama od kaj znam moze e taka moze stvarno se se slusuva so nekoja pricina koja nie ne ja znaeme. nekoi se macat vaka nekoi poinaku podocna. nikade nisto ne e sjano i ne znaeme sto ni nosi idninata.samo da ne se smeete mnogu na ova pogore , malku moze no mnogu neuser posted image

(Одговор на членот tea 88)
Непосредна врска до пораките: 114
   RE: Психолошки фактор
28.8.2014 21:00:19   
LoveableMe RR
Хопефул, те фаќа паника пред ИВФ, па ти се мешаат мислите и доволно еден настан што го поттикнува тоа да те испровоцирал и ете ти беља. Сите се чувствуваме час горе-час долу, има денови кога мислиш леле супер еве само што не сум останала бремена си фантазираш како што вика Теа88, па вака па онака, па си замислуваш деца, па какви ќе бидат, па имаш и имиња смислено, па знаеш што ќе им облечеш, пакаков намештај ќе им купиш, итн..., па потоа има денови си викаш кога ли ќе дојде тој ден, зошто мене ми се случува ова и сл. Знај не си сама, сите сме во тој филм повеќе или помалку и нормално да имаш такви моменти, но сега труди се да бидеш позитивна, тоа многу ќе ти значи за ИВТ-то.

Теа88, убаво е да фантазираш, викаат пази што помислуваш, може да ти се оствариuser posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот tea 88)
Непосредна врска до пораките: 115
   RE: Психолошки фактор
29.8.2014 10:53:52   
Hopeful RR
Фала ви девојки на разбирањето и убавите зборови. Понекогаш си викам - добро е, не сум сама, ама понекогаш се чувствувам дека баш сум најсама на свет.
Пробувам сега пред ивф-то да бидам позитивна и мислам дека генерално сум. Гледав едно видео за тоа како може да помогне законот на привлечност за забременување - да се визуелизираш себе си како бремена, како мајка, и наводно помага. Имаше периоди во кои го правев тоа, фантазирањето, и се уште го правам, па ќе ми се смачи, и така - нагоре надоле user posted image Еве сега викендов поканети сме на детски роденден на кој треба па и сама да одам бидејќи сопругот е зафатен, и не знам што да правам. Не знам дали ќе ме охрабри или ќе ме потишти. Ќе почекам до последно па ќе видам како се чувствувам тогаш user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 116
   RE: Психолошки фактор
30.8.2014 11:24:51   
Kvisko
Hopeful ајде многу било малку останало чувствувам брзо ќе се селиш на повесели теми.
Мене визуализациите ич не ми помагаа само ме правеа да се чувствувам како „измамник“ зашто визуелизираш и никако да се оствари тоа.

Сега открив едно убаво списани Sensa ама српските изданија, не хрватските. Имаат супер текстови и техники за самопомош и опуштаат додека се читаат текстовите.

< Поракaта ја уредил Kvisko -- 30.8.2014 11:27:55 >

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 117
   RE: Психолошки фактор
11.9.2014 9:02:27   
LoveableMe RR
Кај трчаме по доктори и мислам што ќе правам и дали ќе правам зафат пред ИВФ, мм ептен западна во негативно расположение, вчера се напил пиво и легна не сакаше цело попладне да комуницира.

После се оправи малце, ми вика смачено ми е од доктори, сакам дете, доста со овие глупости...многу сака сега да почнеме ИВФ и кога докторов му кажа за опцијата за евентуална хистероскопија (но не мора) и ептен ми западна во лошо расположение, па место за мене, сега треба и него да го мислам......user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 118
   RE: Психолошки фактор
11.9.2014 10:52:17   
Hopeful RR
Не се секирај, нормално е тоа. На секој му треба каков било начин да се издува. Подобро да си ги преживее емоциите макар и преку некомуницирање и гнев отколку да ги потиснува па да си направи други, поголеми проблеми. Во нашава глупа средина на мажите не им се дозволуваат слабости и емоции, ама кога ќе им дојде, дојдено е. Гледајте да ги завршите овие прегледи сега и да видите што е неопходно, а што не, и да си почнете со постапката најскоро што може. Ќе се среди user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 119
   RE: Психолошки фактор
11.9.2014 12:35:58   
blue_blue
ух, Loveable, колку ми е јасно што зборуваш....Па кој жив створ нема да му се смачи тоа седење во чекалните, одње на прегледи, читање по нет, информирање....како да си неспособен, како нешто да ти фали, па тоа исчекување, па погледите на другите - ајде сега и кај вас - АМАН! се е нормално и ко што ту вика Hopeful добро е што ги искажува емоциите, полесно ќе му е. Во секоја борба каква и да е има и ups и downs, но се додека е нештото возможно човек се бори. Според мене паровите кои минале низ сето ова се многу поблиски бидјеќи во борбата само еден со друг се имаат...Ќе мине и таа фаза и со нови сили што вика докторот нека се направи. Не е можно никад да не ти прекипе, нормални чувства се тоа, ама речи му нек си ги чува нервите за после, оти тогаш е потешко за парвоте кога ќе дојде време за одгледување на детето па секој од двајцата мисли дека подобро знае што му треба. Јас со маж ми за ништо се немам толку оддалечено колку за некои два-три различни става околу деацата кои некако на крај ги доближивме, ама...а во борбата сте заедно, цело време на иста страна - добро де и за воспитување на деца е така, ама тогаш секој мисли дека баш он е у право со тоа што го предлага user posted image

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 120
   RE: Психолошки фактор
11.9.2014 13:20:32   
Melanija RR
Јас бев со став дека нетреба мажите да ги штитиме,повеќето се такви. На двете страни им е тешко ама жената трпи и физички .Потикни дај мотив, не со префрлање оа мене ми е потешко од тебе но на шега ајде ајде јас сега ќе се мачам физички ама ти ќе мењаш пелени user posted image Бре деф жените МОЖАТ СЕ -така било така и ќе остане user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 121
   RE: Психолошки фактор
11.9.2014 13:27:09   
LoveableMe RR
Проблемот е кај што јас ја имам маката, треба да донесам важна одлука што ќе правам пред ИВФ и за ИВФ и наместо да ме поддржи, падна во депресија и потоа некако се подотвори... а многу би сакала да беше силен и да каже женче не се нервирај психички, се ќе биде, што треба да направиме, ќе дојде нашето и слично...ама не е така и жени ко жени, ќе се стегнеш и тераш понатаму.

Тешко маживе кога има психолошки моменти за помош да застанат и да бидат силни....тоа е....

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 122
   RE: Психолошки фактор
11.9.2014 13:43:41   
Melanija RR
Јасно ми е потполно, секогаш за се во живото нив им е најтешко а навистина е момент за одлука која треба заеднички да ја донесете.Што ако има интервенција и што може да биде ако нема,навистина психолошки момент за се што следи
user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 123
   RE: Психолошки фактор
11.9.2014 13:44:11   
Hopeful RR
А бе и они се луѓе user posted image
Не е фер да бараме од нив да бидат надлуѓе, колку сака човек нека е силен, во ваква ситуација секој крахира. Немој тоа да му го префрлаш, не е фер. Одлуката не е твоја, туку заедничка и едноставно кажи му - ајде, тоа е ситуацијата, што да правиме? Не го земај товарот врз себе, преголем е, а нема ни зошто. Гледајте наизменично да се поддржувате, макар на сила - ако овојпат тој клапнал, биди ти силната и дај му надеж, следниот пат обратно. Мора взаемно да се јачате.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 124
   RE: Психолошки фактор
11.9.2014 19:23:04   
Sunshine1
Zdravo zenski,
Sakam da vi kazam deka iako ne bev aktivna na ovaa tema na forumot deka i jas bev od tie so problem psiholoshki faktor.
Sega sum 7ma nedela trudna user posted image pa sakam da spodelam so vas.
NAJVAZNO E DA SE IMA ODNOSI, MINIMUM 10 DENA...PRED-I-PO PLODNITE DENOVI.
Znaci nie se obiduvavme 2 godini ali vo poslednoto koe se fati beshe so konstantna "rabota" na slucajot zabremenuvanje.

Samo opushtete se, procitajte si nekoja knia shto ke ve krene i razbudi.
Vi posakuvam i na vas uspeshni rezultati!!!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 125
Страница:   <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?