|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Психолошки фактор
11.9.2014 22:00:40   
Hopeful RR
Sunshine1, ти честитам на бременоста, ти посакувам да ти биде лесна и пријатна user posted image

Сепак, мислам да го префрлиш овој пост во некоја друга тема, затоа што посебно не одговара овде, посебно со ставот "само опуштете се". Ако имаш време и волја, прочитај наназад што се сме пишувале во оваа тема, и во темата "Што има ново" и се надевам ќе ме разбереш. Не ме сфаќај погрешно, знам дека имаш добра намера и сакаш да помогнеш, но во соодветната тема, не овде user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Sunshine1)
Непосредна врска до пораките: 126
   RE: Психолошки фактор
12.9.2014 14:19:49   
LoveableMe RR
Sunshine1, мило ни е што повторно се приклучи и што сакаш со нас да споделиш убави вести, ќе те ставам на списокот на нови трудници во Сакаме две црти!!!, а за темите за бременост гледам веќе си ги нашла, нема потреба да ти ги препорачувам.

Би те замолила, ако си и ти една од нас со необјаснета неплодност и психолошки фактор, кој ти влијаел претходно на забременувањето, да споделиш со нас колку време се обидувавте, како психолошкиот фактор влијаеше на тебе и дали само односите или си реши нешто во главата да се опуштиш, па бидна. Би ти биле благодарни за искуството!user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 127
   RE: Психолошки фактор
14.9.2014 10:04:37   
SOLE
Psiholoskiot factor I kaj mene nekogas e na nula I toa sve poradi mas mi, toj e preterano negativec, kolku I da se trudam da bidam jaka I pozitivna nekovite gluposti nekogas mn mi vlijaat, za se dosega sto sme pravele jas sum bila inicijator a toj samo se vlecka po mene I kako radi reda go gleda seto toa na sto jas gledam so golem optimizam I stalno mu vikam ajde be ke bide ke ni dade Bog I na nas, ke nacekame I nie, on nikogas takvo nesto ne mi e rekol za da mi dade bar malku nades I jas se prasuvam nekogas od kade mi takva sila seto toa da go istrpuvam pa zgora na toa I nemu da go ubeduvam, neznam nekogas mi puka filmot I mi se cini ke se seknam do koga ke bide vaka ke zavrsat li konecno I nasite maki....user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 128
   RE: Психолошки фактор
14.9.2014 14:47:21   
kapina
I kaj mene sega stravot nadvladeva sto ke bide so invitroto dali ke bide uspesno da ne mi se slucI pak istoto kako so prvoto. boli I toa sto jatrvata I sestra mi veke si imaat po dve deca jas nemam ni edno. kolku I da se raduvame so mm na vnucite sepak boli se oseka taa praznina na dusata ne da im ljubomorime no toa e da ne bidam pogresno svatena

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 129
   RE: Психолошки фактор
14.9.2014 15:41:03   
Hopeful RR
kapina, скроз те разбирам. Какви внуци, ти е гајле за нив - роднини се едно, деца се скроз друго. Не се секирај, сега со ова ивф многу повеќе знаеш и со подобра здравствена состојба го почнуваш, и немој од предвреме да мислиш на лошо. Тешко е, ама мора да сме оптимисти user posted image

SOLE, добро што ти имаш енергија и волја за се што треба. И ние сме доаѓале во такви периоди во кои мм го фаќало депресија и безволност, ама сега пред ивф-то го седнав и му кажав дека мене ми треба максимална поддршка и убави зборови, и како знае нека ми го пружи тоа. Му реков те молам лажи ме, ич не го мисли тоа што го збориш, ама збори ми дека се ќе биде ок и биди што е можно повесел. Пробај и ти така, замоли го да си најде издувен вентил на страна, нека збори со другари за тоа што го тишти, а со тебе нека биде најоптимист што може, макар и да не го мисли тоа. Во вакви ситуации, во кои ние се изложуваме на процедури, терапии и постапки, на нас ни е побитна психата.

Ајде, ќе се средиме сите и ќе продолжиме со повесели теми, дај боже user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 130
   RE: Психолошки фактор
14.9.2014 20:44:10   
kapina
Da da na mene endokrinologot mi go vmetna toj strav mi vika bidi spremna pak moze da ti se slucI istoto kako prviot pat. I go prasuvam mojot maticen ginekolog vo vrska so spontanI abortusI kolkavi se sansite pak da mi se slucI istoto I mi vika mali mnogu mali znaci sega koga se e vo red ne bi trebalo da se slucI istoto jas imam mnogu pacienti I na prsti se brojat tie so povtoruvacki spontanI abortusI

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 131
   RE: Психолошки фактор
14.9.2014 20:59:58   
LoveableMe RR
Aх тој психолошки фактор, лелее сите не убива, а кој не правел ИВФ, не ја разбира која психоза имаме до тестот за бременост, навистина едно е природно да се обиодуваш и да чекаш дали ќе добиеш или не и кога по трансфе ко теле чекаш две недели да погледнеш во тестот со две цртки.

Хопефул, леле истатата ситуацијуа со моето маже, како да се читав јас во твојто пост, море да те послушам да го седнам и јас и да му одржам лекција, убаво ме поучи. А жени ко жени сами минуваат и се борат во повеќето случаи низ животот.....

Да отвориме тема психолошки фази и напади кај мажите?user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 132
   RE: Психолошки фактор
14.9.2014 21:56:26   
Hopeful RR
Капина, ендокринологот нека си ја гледа својата работа и нека не коби. Каков е тој муабет - очекувај пак?! Свашта! Ич тоа да не си го земаш при срце, од едно уво влегло, од друго
излегло.
Лавлбл Ми, да им отвориме посебна тема за да се жалат и они, плус и од нас user posted image
Инаку јас си сфатив дека мора така, мора да сме опсипани со позитивни зборови кои после ни прават убави мисли. Знам дека кризира, нормално збориме се, ама кога малце ќе потпаднам и ќе ми опадне ентузијазмот - одма една торта, макар и од лажги user posted image Може е наивно и глупаво, ама мене ми помага. И имаш право, кој не правел ивф не знае што значи тоа.
Важно тука секогаш имаме поддршка, и мене тоа многу ми помага.
Денес го гледав What to Expect When you''re Expecting и се скинав од плачење. Така добро имаат фатено моменти и ситуации што ги проживуваме сите ние, што дури и премногу ми дојде.


< Поракaта ја уредил Hopeful -- 14.9.2014 22:12:26 >


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 133
   RE: Психолошки фактор
12.11.2014 20:55:52   
kapina
Na mene mnogu mi e tesko ovie denovi za ova sto mi se sluci po celi veceri ne spijam placam vcera zavrsiv na diazepam edina uteha mi e toa sto mozda ke se najde pricinata za ovie neuspesni bremenostI me boli mnogu jas I da vidam pozitiventest ke nemozam da se raduvam I svekrvata me nervira mnogu mi vika ti nemozes da imasdeca vie nikogas nema da imate deca uzasno ne nervira I samo toa me vodi napred oti se se slucuva so bozja promisla no sepak se prasuvam zosto gospodi zosto nema mveke sila

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 134
   RE: Психолошки фактор
13.11.2014 13:26:45   
Hopeful RR
капина, тешко е, но нема откажување. На свекрва ти кажете и двајцата да не ви се меша и да не ви збори, пошто со такво однесување само полошо прави. Дистанцирај се од неа ако гледаш дека не се разбира жената од збор.

Дијазепам не е ништо страшен, и јас би ти препорачала Хелекс, мислам дека подобро ќе се чувствуваш. Дијазепам само смирува и успива, а не прави ништо посебно, додека пак Хелекс малце ќе те разведри и ќе ти ги расчисти мислите, ќе ти даде оптимизам.

Се уште е рано, овој првиот период дај си време да тагуваш, сепак не е мала загуба. Одреди си време - еден месец, два месеци, и после тоа почни пак од почеток. Мора да бидеш оптимист затоа што сепак се фати, и следниот пат ќе биде. Кај нас иако беше неуспешна последната инсеминација, баш тоа што заврши со биохемиска ни даде надеж и сила да веруваме во ивф-то. Посилна си отколку што мислиш! user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 135
   RE: Психолошки фактор
14.11.2014 0:54:53   
kapina
Me plasi toa sto veke polnam30 godini sto ponatamu me boli I toa sto seuste gi osekam simptomite na bremenost gradite seuste me bolat povrakam a moite bebcinja veke gi nema sega sum resena I prirodno da probuvam da ostanam bremena oti I spermogram I se bese super a sepak se sluci ova

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 136
   RE: Психолошки фактор
14.11.2014 9:37:26   
AneLav RR
Капина душо, подолго време те читам само не сакав да ти пишам затоа што мислам дека не сум многу компетентна да зборувам на оваа тема. Без разлика само сакам да ти дадам поддршка. Тоа што полниш 30 години е најмалку битно, јас се омажив на 31 па што.... Мислам дека треба малку да се изолираш од околината или да се посветиш на себе. Премногу те замараат луѓе со простодушност и без никакво сочувство кон тебе. Отиди на некое патување со сопругот макар на викенд олабавете се малку. Чувствувам како да имаш голем притисок од околината, а никаква поддршка. Не се замарај со тоа и продолжи да си ја остваруваш целта , да се бориш. Луѓето како вас што се обидувате да имате бебенца се многу силни истрајни ви се восхитувам навистина и максимално ве поддржувам. Во денешно време многу ретко луѓето остануваат без дечиња со сите тие нови методи се е возможно. Јас не знам во какво опкружување живееш ама прифати ги и дружи ги само оние што ти даваат подршка и што те полнат со позитивни мисли друго се игнорирај. Ти имаш една цел овој пат не ти успело следниот ќе биде подобро, верувај во тоа и престани да се замараш со простотилоци и кој што ти кажал. Имаш една цел и бори се за неа друго ништо да не те интересира. Силно ве гушкам сите што се обидувате и ви ја давам целата позитивна енергија. Ќе успеете сите со среќа. user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 137
   RE: Психолошки фактор
14.11.2014 10:05:40   
LoveableMe RR
kapina, сите што сме во оваа постапка се чувствуваме така. И јас сум некои денови за никаде, се чувствувам беспомошно, а некои денови си наоѓам начин да се разведрам и да продолжам понатаму. Некогаш сите ми се криви, а некогаш никој не м ие крив, измешано ми е се во главава, не знам што да кажам, некогаш се чудам како некој лесно добива деца, па после ти тепа, малтретира или не им обрнува внимание, но тоа е реалноста и животот не е праведен, тоа мора да го прифатиме и да се бориме да стигнеме до нашата цел, зошто ако беше по ред на нештата, сите ние веќе требаше да имаме деца....

Многу е тешко, те разбирам, но мораш да најдеш начин да продолжиш и да ја утврдите причината за тоа што ти се случува, само така многу скоро може да дојде тој ден...

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 138
   RE: Психолошки фактор
14.11.2014 10:48:26   
mili4kask
Капина како што вели LovebleMe потребно ти е малку да ги оттргнеш мислите од негативните работи. Знам дека е тешко како што кажаа останатите без да го поминеш овој процес неможеш да знаеш колку е тешко. Мора да бидеш психички јака за да ја издржиш и понатамошната борба. Ете целиот живот е борба за различни цели. Поддршка секако ти е потребна затоа, мажот под рака и дури секојдневна прошетка и разговори за различни теми ќе ти направи барем за нијанса да ти биде полесно. Ти го кажувам ова од искуство јас од такви оптеретувања заглавив на психолог со лекарства. Мораш да ја кренеш главата горе. user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 139
   RE: Психолошки фактор
14.11.2014 11:27:20   
blond
kapina, da i kazes na svekrva ti da jade l....a! Prosta zena, uf sto se nerviram.
Psihata e strasna rabota, jas so vtoro koga sakav da ostanam, a be cela godina nikako ne se fakase, jas bebe pravev, ne vodev ljubov so mm, pa mislev deka sum dobila sekundaren sterilitet i sl. Pa koga me smirija deka imam folikuli za pukanje ostanav bremena, ama so strav polna bev. I stravot se pokaza kako tocen, imav spontan. Sega vtoriot obid za vtoro bebe, neocekuvano, nit se nadevav ni nisto, ic ic ic ne ocekuvav. I stravot pak go imav do nekade, eve sea pisuvam i si mislam dali e se vo red, iako pred 7 dena bev na lekar. Ama pojaka sum za razlika od prethodniot pat.

Uzivaj psihicki, znaes deka stom bidnalo pak ke bide, mora da se najde pricinata za spontanite. I mene dr mi rece deka mnogu retko ima povtoruvacki spontani. I ako gi ima istite deka najverojatno genetskiot materijal ne e dobar.

Ako imam dobro zapameteno, strumicanka si? Vo gradot zivees ili okolijata?

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 14.11.2014 13:14:27 >

(Одговор на членот mili4kask)
Непосредна врска до пораките: 140
   RE: Психолошки фактор
14.11.2014 13:16:05   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: blond

.....Psihata e strasna rabota, jas so vtoro koga sakav da ostanam, a be cela godina nikako ne se fakase, jas bebe pravev, ne vodev ljubov so mm, pa mislev deka sum dobila sekundaren sterilitet i sl. Pa koga me smirija deka imam folikuli za pukanje ostanav bremena......


Потпис, наполно се согласувам, е сега треба таа баба Психа да ја убедиме да се смири и да бидне...user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот blond)
Непосредна врска до пораките: 141
   RE: Психолошки фактор
14.11.2014 17:38:27   
Kvisko
Психата е чудна работа. Ама јас се повеќе и повеќе мислам дека нема ама апсолутна никаква врска со забременувањето кај парови каде што има барем било каков проблем. Со напредокот на медицината се повеќе случаи што биле клацифицирани како идиопатски стерилитет добиваат причини и со средување на причината се добива бебе. Е сега додека се најде причината треба да се најде начин за опуштање за да се не заврши со психички проблеми.

Тоа со опушти се и ќе биде е начин на некој што не го поминал овој пат или да ни набие чувство на вина дека ете само ние од цел свет не знаеме да направиме бебе или незнаење како со нас да се однесува па ја трупнува единствената работа што му паѓа на памет а тоа е опуштањето. Проимерите од типот првото беше со ИВФ второто природно се резултат на стимулациите што се примаат за ИВФ и што некогаш имаат одложено дејство или едноставно се отстранил проблемот па се решила ситуацијата.

Искрена да бидам поминав низ многу фази каде што се чувствувам многу несоодветна, неисполнета, неуспешна и слично се додека не сфатив дека ете јас се соочувам со ваква борба не затоа што сум слаба туку затоа што некоја виша сила одлучила дека јас како појака од другите можам да ја издржам борбата (искерно околку мене гледам луѓе што се распаѓаат за најмали ситници од нормалниот живот што јас не ги ни сметам за проблеми).

Затоа сега на опуштањето гледам како на нешто што треба да ми ја задржи нормалноста а за правење бебе ми останува да се борам со решавање на проблемите кои се пречка да дојдам до бебе.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 142
   RE: Психолошки фактор
16.11.2014 16:27:29   
Hopeful RR
Се слагам со Kvisko, муабетот за опуштањето се повеќе ми личи на урбан мит. За се си има причина, и тоа што медицината не ја пронашла кај сите не значи дека со опуштање ќе се реши.

И ние поминавме низ секакви фази, и исто сфатив дека овој пат ми е даден мене или затоа што сум појака па можам да го поминам, или баш за да ме зајакне мене како човек или нас двајца како пар, па да го надминеме, и после успешново ивф, се повеќе мислам дека е така. Не дека сакам да се фалам каква личност сум, не ме сфаќајте погрешно, напротив, не мислам дека сум којзнае што, но верувам дека товарот што го носиме е баш толкав колку што можеме да поднесеме. Целото ова направи да си ги разјаснам приоритетите во мојот живот, да ја зајакнам врската со мм и околината, да ми се прочистат некои работи, и да сфатам дека сум појака отколку што мислам, дека имам повеќе енергија и оптимизам отколку што мислам, и дека можам да поместам планини ако треба. И ова не важи за мене, него и за мм, а и за сите нас кои се соочуваме со вакви нешта.

Верувам дека секоја од нас ќе успее во битката за бебе, а опуштањето е само мал дел од тоа, во смисла на задржување насмевка на лицето дури и кога ни е најтешко, затоа што тоа е она што води напред. Ве гушкам user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 143
   RE: Психолошки фактор
16.11.2014 16:56:54   
scared RR
Нажалост јас воопшто не сум јака особа, мене најмала ситница ме срушува, значи погрешно ми е доделена борбава за детеuser posted image , едноставно не можам да се носам со неа . Јас па го гледам ова како, т.е не е баш мое гледиште туку гледиште на друга познаничка која беше помалку или повеќе во слична ситуација како мојава. Таа секогаш велеше дека нешто има згрешено во животот па затоа сега го поминува тој макотрпен пат, па почнав и јас да мислам дека некаде и нешто сум згрешила за ова да ми се случува. И нормално тука се наметнува и чувството на вина . Не знам, едноставно бидејќи навистина не се сметам за јака особа која може да носи толкав терет , а тоа го заклучив од досегашните случувања, не само во оваа борба за бебе туку и останатите, мене секоја лоша работа ме кутнува, живеам а ко да не живеам, буквално така се осеќам. Се ми е сиво. Некако сум излегувала до сега на крај, ама ова ме дотолчува буквално, ужасно боли и ужасно тешко е. И знам дека ќе помине само кога ќе држам делче од себе и мм во мојата прегратка.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 144
   RE: Психолошки фактор
16.11.2014 17:04:58   
Hopeful RR
Тоа е само фаза, и поминува. И јас се опседнував со месеци дали е до мене, што сум згрешила, па си го преиспитував целиот живот, дали сум се однесувала во ред, дали некого сум повредила па ми се враќа, дали сум била лоша па ова е казна... и знаеш што? Не е! Ама ич не е! Не дека сме ние светци, ама има стопати полоши луѓе од нас кои со плукни залепи добиле дете, и не може универзумот да има казна за едни, а не за други. Пробував да бидам подобра личност, пробував да бидам ваква или онаква, но заклучив дека нема врска со мојот карактер, туку е едноставно биологија.

За жал или за среќа, ова е толку рандом, толку случајно и без причина, што едноставно, се случува кај сите. Тешко е, но пробај да не го сфаќаш ова лично, затоа што не е. Едноставно, има некоја пречка - физичка, биолошка, хормонална, хемиска, итн, заради која досега не настанало оплодување, и ги преземаш сите можни мерки за тоа да се надмине. Сите паѓаме психички во вакви ситуации, никој не е имун на неуспех, но едноставно тоа е патот што мора да го поминеме user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 145
   RE: Психолошки фактор
20.11.2014 15:22:13   
scared RR
Обично мене ми помага да гледам некој филм, некоја серија тогаш се опуштам и заборавам на се. Но . што кога во филмот/серијата ќе се збори за бебиња, забременување е тогаш имам чувство дека цел свет се врти околу тоа. Синоќа гледав на Фокс Лајф сексот и градот и ко за беља, актеркава не можеше да забремени, поминуваше низ истите фази ко што минувам ни јас, па почнаа постапка за инвитро итн. Е, во тој момент ми идеше да испцујам се што наместо да се опуштам јас уште толку се напнав .user posted image

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 146
   RE: Психолошки фактор
20.11.2014 17:43:58   
Kvisko
Scared веројатно се нормални тие фази и изливи на бес. Во серијата е баш супер прикажано низ што се поминува Шарлот за да дојде до бебе. Баш е прикажана жртвата, разочарувањето и бесот.
Нема предавање претпоставувам само гледање напред. Мене од таа серија ми е омилен делот кога оди на акупунктура и кога научува како да ги игнорира сите околу себе што и зборуваат за забременување. Тоа ми е врв на лекциите дека само ние сме си битни во процесот, сите други треба да ги игнорираме.
Инаку не се секирај појака си отколку што мислиш. Сите имаме точка на топење нормално ама поентата е дека успеваш да се вратиш и да продолжиш понатаму.

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 147
   RE: Психолошки фактор
20.11.2014 18:10:35   
scared RR
А, највеќе се пронајдов во тоа кога на Шарлот и беше ептен тешко што Миранда е бремена, истото го осеќам и јас, ќе си речам е како бе таа 3 деца со еден јајник а јас демек здрава права не можам ни едно user posted image И што се дешава на крај ќе роди свое дете? user posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 148
   RE: Психолошки фактор
20.11.2014 19:34:55   
Kvisko
Е тоа со раѓањето свое дете најмногу ме нервира. Демек пак оди во насока опушти се и ќе се случи. Мене тоа ми е урбан мит. Секогаш има некој што ќе каже имм пријателка чија пријателка знае пријателка што имала пријателка што откако посвоила дете си родила свое. Плус и филмовите се тука да ни кажат дека сме ете несоодветни и не знаеме како се прават деца.
Јас лично знам ммногу парови што имаат посвоено дете и ниту еден од нив нема биолошко дете добиено по посвојувањето.
На крајот на краиштата битно е да си формираш семејство и ти да си задоволен со тоа, а оптеретувањето дека мора да е биолошко наше детето ми е навистина премногу.

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 149
   RE: Психолошки фактор
20.11.2014 19:46:44   
scared RR
Јас имам роднини кои навистина имаат посвоено синче и потоа женава си роди. Се сеќавам уште на времето они бидејќи се од друг град кога доаѓаа во Скопје на клиника мајка ми одеше со нив бидејќи не знаеја да се снајдат, искрено не знам што беше проблемот мала доста бев тогаш, ама ете чудо ли се деси што ли, они откако посвоија за некоја година женава забремени. Некогаш навистина се случуваат чуда но мислам дека мене таквите ме одминуваат, па така да залудно се надевам секој месец user posted image
А тоа со опушти се, не мисли на тоа.ќе биде најозбилно ме фаќа некоја агресивност кога некој ќе ми го каже тоа. Поготово па мајка ми, и на неа знам да и кажам што знаеш ти како се осеќам јас кога првиот месец со мене си останала бремена, да мајка ми е, ама не знае какво е чувството да се бориш за дете. И веќе се ми е преку глава, и од луѓе што ми зјапаат во стомак, и од прост народ кој ти нарушува приватност.

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 150
Страница:   <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?