Hopeful RR -> RE: Психолошки фактор (16.11.2014 17:04:58)
|
Тоа е само фаза, и поминува. И јас се опседнував со месеци дали е до мене, што сум згрешила, па си го преиспитував целиот живот, дали сум се однесувала во ред, дали некого сум повредила па ми се враќа, дали сум била лоша па ова е казна... и знаеш што? Не е! Ама ич не е! Не дека сме ние светци, ама има стопати полоши луѓе од нас кои со плукни залепи добиле дете, и не може универзумот да има казна за едни, а не за други. Пробував да бидам подобра личност, пробував да бидам ваква или онаква, но заклучив дека нема врска со мојот карактер, туку е едноставно биологија. За жал или за среќа, ова е толку рандом, толку случајно и без причина, што едноставно, се случува кај сите. Тешко е, но пробај да не го сфаќаш ова лично, затоа што не е. Едноставно, има некоја пречка - физичка, биолошка, хормонална, хемиска, итн, заради која досега не настанало оплодување, и ги преземаш сите можни мерки за тоа да се надмине. Сите паѓаме психички во вакви ситуации, никој не е имун на неуспех, но едноставно тоа е патот што мора да го поминеме [sm=smiley31.gif]
|
|
|
|