Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Нов проект на Рингераја "Прегратка н... 6.12.2011 9:59:21
Felly RR
Леле, мене ми падна камен од срцево, не била расипана машината за шиење, туку не сум го поставила конецот правилно. Не за друго, дека е од свеки, и си реков - сега... ако ја расипав ..... Ама добро е, го сошив бувот, направив тропалка (ама малку не го погодив материјалот па ми испадна малку растегната) и го средив и мајмунчето што ми беше почнато од пред еден месец.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: Нов проект на Рингераја "Прегратка н... 30.12.2011 21:15:06
Maca25
Браво!!! Ту бре, ме расплакаа дечињава со играчките во рака! Браво за сите хумани луѓе кои одвоија малку време да сошијат играчка заедно со своето семејство, се со цел да ублажат нечија болка и да направат еден тон деца среќни!!! Браво!
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
RE: Нов проект на Рингераја "Прегратка н... 31.12.2011 16:18:37
AnnaMolly RR
БРАВО за Рингераја, хуманите луѓе и дечиња што придонесоа за успешна реализација на проектот! Догодина се надевам на уште поголема заинтересираност, еден тон играчки и безброј насмеани дечиња!
RE: Нов проект на Рингераја "Прегратка н... 16.1.2012 7:24:11
Палешка РР
Од денес, 16.01 до 26.01.2012 година, на Рингераја.мк започнува гласањето за најубава, рачно изработена играчка - прегратка. Ве повикуваме да гласате на 100-те слики, во кои се опфатени сите градинки, училишта и семејства кои изработуваа играчки. Подароци има и за најубавите играчки, а и за тие кои ќе гласаат.
RE: Нов проект на Рингераја "Прегратка н... 6.11.2012 7:06:37
Палешка РР
Проектот Прегратка на дар е за сите кои сакаат да подарат топла прегратка/играчка на болно дете. И оваа година очекуваме топли прегратки од Рингерајки и секако фотографии. Па потоа сите ќе учествуваат во изборот за најубава играчка.
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
RE: Нов проект на Рингераја "Прегратка н... 4.4.2013 12:49:39
AnnaMolly RR
Прекрасна завршница на проектот Прегратка на дар! Денес во Воденица беше ставена точка на овогодишниот проект, а неверојатно слатките дечиња од градинката Корчагин до солзи не насмеаја и не расположија со својот Гангам стајл!
Огромни комплименти за директорката на ДАНУ, Симона, за прекрасната организација. Ми беше чест што бев дел од оваа завршна пресконференција (дел службено, дел приватно ) и се надевам дека до година ќе биде уште поубаво и помасовно прегрнувањето на болни дечиња!
Веднаш ќе ставам и сликички да видите како поминавме.
RE: Нов проект на Рингераја "Прегратка н... 4.4.2013 13:12:22
sandriana RR
за акцијата и за хуманоста. Сигурна сум дека на многу дечиња им предизвикаа насмевки и им ја убјажија болката изработените играчки. Догодина уште поголем одзив да има .
RE: Нов проект на Рингераја "Прегратка н... 15.10.2013 9:37:26
Felly RR
Од денес започнува акцијата Прегратка на дар. И оваа година, трета по ред, дечињата ќе изработуваат играчки-прегратки за болните дечиња. Се надевам дека и оваа година акцијата ќе биде успешна како и претходните и дека малите рачиња ќе изработат многу прегратки. Мене баш ми се допадна срцето, па ќе се потрудиме со М да го направиме.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: Нов проект на Рингераја "Прегратка н... 19.11.2013 16:52:21
Felly RR
Ние направивме една честитка заедно со М, а и срцето за некој ден ќе биде готово. Па ќе го однесеме во градинка, да биде испратено заедно со другите играчки.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: Нов проект на Рингераја "Прегратка н... 19.11.2013 23:33:47
elenak
Ние направивме зајко од чорап. Бидејќи имаме уште време до 26-ти може и уште нешто да стокмиме и спремни сме да ја дочекаме Прегратка на дар во Гевгелија. Фели каква честитка направивте?
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.