Bambino -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела (7.6.2012 10:53:37)
|
Мешињаааа! Ние сме при крај...само што влегувам во 39-та... за киселините пробав се што ми кажаа...маслинки, бадеми, неколку зрна ориз, кисела вода, лимонада...она што мене најчесто ми помага е секако да не јадам барем 2 часа пред спиење и пијам чај од нане околу 1 час пред спиење...ми го смирува желудникот и не ми лачи толку киселини...Ако ништо од ова не помага,дрменете некое апче (иако јас не сум се напила сеуште[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] За отоците, јас не отеков цела бременост, ама последниве неколку дена од жештиниве глуждовите ми се непостоечки...односно стапалата ми се споени со нозете и сум многу смешна...ама кога можам ги кревам нозете нагоре, па ми помага до некаде...или ставете ги во леген со ладна вода...ем ќе се изладите ем ќе ви се намалат отоците барем привремено... За исцедокот дефинитивно е нормално во последните недели од бременоста, а посебно ако брисевите и другите тестови се ок, нема зошто да се грижите... Мене бебулево веќе неколку недели ме пристиска...на моменти мислам дека ќе излезе од доле, а на моменти кога ќе почне со грбчето и газето да се тегне нагоре, мислам дека низ грло ќе ми излезе:) Како и да е...мислам дека се е тоа нормален дел од бременоста...само смирено...при крај сме сите и уште малку ќе си ги гушкаме бебулињата најслатки:) Ве гушкам мешиња![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/pikapoka1.gif[/image]
|
|
|
|