masa -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела (26.9.2013 12:13:24)
|
Juki штом ти така велиш тогаш утре чекаме да не израдуваш [sm=smiley1.gif] само со лесно мила [sm=smiley31.gif] slonce1103 слушај го докторот знам дека со лекрства може да се спречи предвремено породување и одмарај,па се надеваме дека ќе си поседи [sm=duda.gif].Имам блиска што имаше ризична бременост и некаде во 8ми доби болки,но и дадоа терапија,па си го износи до крај. Еве и јас да поднесам извештај.Бев на контрола и [sm=duda.gif] е добро,наместено е со главчето надоле,само е малку поголемо,сега е од 2800 до 3кг а сум 35,а по мерките одговара на 36та недела.Постелката не е сеуште зрела,има доволно плодова вода,па докторот рече ќе си го носам до крај и дека ќе се роди од 3700 до 4кг.Јас искрено сум малку исплашена од приказни за раѓање на големи бебиња и го прашав докторот дали ќе можам да го родам,а тој без размислување ми рече дека ќе го родам,да не мислам на тоа сега.Кога го прашав дали често се случува големо бебе да се заглави па да мора со вакум да го вадат ми реце да не се секирам дека тоа е нивна работа.Малку ме опушти зошто беше многу сигурен во одговорите,а јас баш за тоа му верувам зошто секогаш кога нешто со сигурност кажува така и се случува,но морам да признаам дека малку се плашам.Иако пред некое време кога беше цело време карлично се плашев од помислата дека можеби ќе треба царски,сега пак си велам подобро царски отколку голема епизотомија[sm=zmeden.gif] што мислите вие?има мамички на големи бебуши што родиле лесно спонтано?
|
|
|
|