masa -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела (17.10.2013 12:45:03)
|
Lacrymosa како секој ден ми станува се потешко ми текнува на тебе и на твоите постови!И јас мислам дека сум на крај на силите со поднесувањето на бременоста.Нозете ми се постојано отечени,стомакот не ме боли само кога седам со скроз разширени нозе,најверојатно болката е од тежината и притисокот.Одењето ми е тешко и полно,а седењето и лежењето уште потешко.Станувањето од кревет и превтрувањето ми се најтешки потези,па уште и ќеркава никако да оздраве,цело време сум околу неа...ми се смачи!Бавна сум во се.Еден ручек два саати спремам,па за пеглање....а никако да се намали купот.Планирам деновиве да викнам жена да ми исчисти,ама со малава незнам кој ден,треба да не биде она дома...На мм некна му викам одвај чекам да одам во болница да се одморам три дена од сите,само да е се во ред на пораѓај (пу,пу да не се подречам)
|
|
|
|