Hopeful RR -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (17.4.2015 12:36:12)
|
gina, браво за синко [sm=bravo.gif] Подобро нека притиска горе отколку доле, да не се спушта пред време. Кај мене па се е на куп - здружено ме клоцаат и тоа едниот нагоре, кај ребрата, белите дробови и срцето, а другиот надоле на бешиката, па многу ми е забавно [sm=smiley36.gif] Ма само нека растат, слатки маки се овие. Мене овие денови ме фатија интензивни болки во половината, на сецкање, и кога го прашав докторот на предавањата во Систина ми рече дека е нормално, и дека е од тежината, и 'рбетот, односно т.н. трудничка лордоза. Исто така, ме пофали дека за со близнаци, супер сум изгледала, не сум имала отоци и само стомакот ми бил голем [sm=smiley36.gif] Ја прашував сестрата за крварењето, ми рече дека не може да биде поголемо од менструалното, ама мислам дека пробуваше да ме утеши, сигурно ќе бидам лом! Malecka23, како си ти? [sm=smiley31.gif] blond, каде си ти, нешто се изгуби? Се надевам се е ок [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|