sandriana RR -> RE: Кога да се почне со дохрана (5.9.2013 19:21:53)
|
После навршени 4 месеци слободно почнете со воведување на дохрана, мој совет. Ќерка ми цицаше интензивно до 18 месеци, но јас сепак воведов дохрана веднаш штом наполни 4 месеци. Моментот со сокови, за да вкуси, јас го прескокнав, од причина што цуцла не фати, а со лажичка повеќе плука, отколку што пие, а и купечките сокови ми се вишок во исхраната, особено за бебе. Ако цедите дома природен, и бебето фаќа да пие со цуцла, во ред. Сепак, полека воведувајте вкус по вкус, нов на секој 3ти ден. За почеток- јаболко, банана, слива, круша, праска....па комбинација од нив. Зеленчук воведов со навршени 5 месеци - ориз, компир, пиперка, лупен домат ... И внимавајте нов вкус секогаш да се даде наутро, како би приметиле евентуална алергиска реакција до вечерта.
|
|
|
|