Bethany -> RE: Кога да се почне со дохрана (23.10.2015 20:49:27)
|
Моето бебе веќе направи 4 и пол месеци и има две запчиња [sm=smiley36.gif] П На оваа возраст син ми веќе навелико јадеше, ама со неа сеуште немам пробано ништо. Право на мевце ќе одиме изгледа [sm=smiley36.gif] Некако не ми се жури. На адаптирано млеко е, и засега добро го пие, напредува, некако се мислам рано и е. Кај и да е, таму некаде на 5, 5 и пол месеци да почнам да и воведувам. Се сум заборавила веќе. А мислам и работите од пред 4 години се сменија, што смее што не смее [sm=smiley36.gif] Ќе висам тука по темава. Нејсе, АнаМари, сакав да ти кажам следно. Имам пријателка која што има бебе од 6 месеци и некој ден. Само на доење е и убаво напредува. Таа оддлучи, поради лошото искуство со нејадење и неприфатање со син и, право да помине на фингер фуд. Само чека малку да бебе може убаво самостојно да седи, и бидејќи убаво напредува од цицање, да почне со парчиња коешто бебе само би се учило да јаде. Погледни на нетов повеќе околу тоа, на јутјуб, па пробај, обиди се, можеби ќе му биде интересно и на твоето бебе на тој начин да осети вкусовите.
|
|
|
|