SkCura77 -> RE: Кога да се почне со дохрана (21.2.2012 18:57:29)
|
Па убаво што се изразувате во грамажа, јас сирота уште бројам лажички и внимавам на вкусови. Исто и јас, јаболко, круша, банана, свежи сокчиња, кашички од варено овошје, варен зеленчук само за проба на вкус и алергија да не има. Ама изгледа измешав некои работи, па се секирам дали ќе продолжи да јаде од глад или од љубопитство, зашто отвара уста на почеток, а после плука или не го прима. Дали ви пијат вода дечињата? Го молам, го тинтрам, го гушкам, го плачам, залудно, едвај 20 мл вода дали ќе испие во текот на денот. Дури и педијатарката според крвната слика ми рече дека му недостига повеќе течност. Внимавам да не е водата после оброк, не ми ја пие па не знам што да е... [sm=smiley13.gif]
|
|
|
|