Octavia -> RE: Кога да се почне со дохрана (5.3.2012 14:16:02)
|
Сигурно многу фактори имаат влијание на одлуката кога да се почне со дохрана. За порано, зборувам некаде пред 20-тина години, роднина од страна на мм ми кажуваше дека ги доела децата само до 40 дена оти после „било срамота, само на село жените доеле“ [sm=zmeden.gif]. Така вика беше тогаш модата, скоро беше срамота да доиш дете. А имала многу млеко, ама пак ги одбила двете после 40 дена и преминале на АД и многу брзо почнале со дохрана после. Со второво со дохрана почнавме со полни 6 месеци, претходно само доење, ни АД и давав,а ни вода не сакаше. Може ќе почнев две-три недели порано, ама примаше вакцина, крена температура и ми рекоа никако да не се почнува дохрана додека не се стабилизира, после се настина и пак одложивме и така почнавме со водичка од варено јаболко со полни 6 месеци. За првото дете беше поинаку, тогаш ставот на педијатрите беше да се почне со сокче по малку од 5-ти месец, иако до тогаш беше само на доење.
|
|
|
|