miana -> RE: Во која болница се породивте? (26.10.2011 16:11:43)
|
Министерството за здравство им изрекува дополнителна парична казна во висина од 15 проценти од личниот доход, во следните два, односно три месеца за директорите на Јавни здравствени установи(ЈЗУ), кај кои биле констатирани недостатоци во работењето и кои претходно се казнети од ФЗОМ. [image]http://kajgana.com/sites/default/files/imagecache/half-size/statija/2011/10/images/content/mz-izreche-dopolnitelna-parichna-kazna-za-direktorite-na-jzu-koi-rabotele-losho-60802.jpg[/image]Директорите на овие ЈЗУ ќе добијат и условна казна во времетраење од два, односно три месеци, период во кој ќе се изврши повторна контрола од службите на МЗ и ФЗОМ за да се увиди дали установите ги отстраниле претходно констатираните недостатоци, се вели во соопштението од Министерството за здравство. Здравствените установи коишто од страна на ФЗОМ се казнети со 75.000 денари, МЗ ги казнува директорите со 15 процентно намалување на плата во следните три месеци, како и со дополнителни два месеца условна казна, додека установите кои се казнети со по 35.000 денари, од МЗ добиваат дополнителна казна од 15 процентно намалување на личниот доход за еден месец, како и два месеца условна казна. За повреда на договорни одредби, односно за наплата на партиципација, спротивно на законските прописи, неводење правилна и уредна евиденција за наплатената партиципација или за неиздавање потврда за наплатено учество, договорна казна од ФЗОМ, во висина од 75 илјади денари е изречена на Здравствена станица „Железара", Клиника за Гастроентерохепатологија, Општа болница Дебар, Клиничка Болница Тетово, Завод за Нефрологија Струга, Клиника за Нефрологија, Општа Болница Куманово, Клиничка Болница Штип, Општа Болница Струмица, Општа Болница Гевгелија и Здравствен Дом Кочани. Договорна казна од ФЗОМ во висина од 35.000 денари им е изречена на Клиника за урологија, Клиника за гинекологија и акушерство, како и на Клиника за уво нос и грло.
|
|
|
|