twin girls -> RE: Совет од правник (22.5.2011 13:54:56)
|
Одамна сум член на Рингераја, но никогаш не сум се вклучила да пишувам во форум...но за се има прв пат [sm=smiley1.gif] Го напуштив сопругот пред речиси два месеца, а тој неколку ден после тоа поднел тужба за развод за која ме извести по смс. Бевме во Сцијално, разговаравме со социјален работник, божем за помирување, но не се смиривме, нормално, нели? Се согласив на развод, а причина беше неговото однесување кон мене и нашите две сонца-близначиња (игнорирање, непочитување, психички притисок, никаков разговор за било што и слично), а тој како причина наведе дека не сум ги давала децата на чување кај неговите, кои, патем, здравствено не се баш добри. Кога дојде моментот за гледае на децата, тој цело време зборуваше дека ниту деца, ниту мене сака да види, ништо не го интересирало, но кога му ја спомнаа алиментацијата, без разлика на тоа, „Епа, ајде, сакам да ги гледам.“ Јас сум наставник по професија и многу убаво знам како и колку знаци хармонијата во семејството, но нешата не се задржа. И демек се договоривме еднаш неделно да ги гледа, но само во мое присуство затоа што образложив дека неговата нестабилност, незаинтересиранот и лабилен карактер. И ете сега ги гледа еднаш неделно, а во меѓувреме ми пишува пораки за заканување дека со полиција ќе ми ги земе децата, а друг ден дека можеби ќе се предомисли за разводот. Ни закажаа рочиште на 24 јуни. Како тече тоа прво рочиште? Како можам да го дознаам мислењето од Социјално во врска со нас и децата? И кој друг правен совет би ми го дале? Ви благодарам!!
|
|
|
|