meU87 -> RE: Лето 2012 (18.4.2012 10:26:49)
|
Melanija за Негорски Бањи можам да ти дадам и обезбедам секаква информација, во мојот крај се [sm=smiley1.gif] Иако јас искрено би ти препорачала попрво да отидете на Кожув, Смрдлива вода, дефинитивно е далеку подобро. Јас лани бев во Турција, Кушадаси, преклани Бугарија, НЕсебар, Сончев брег, Варна и Златни песоци. Бугарија е рај за млади и луѓе без деца, ефтино до немај каде, да неможе човек да дотроши пари. Турција е неверојатна, прекрасно море, убавина, вода волшебна, но повеќе е за фамилијарни луѓе. Грција сум била на неколку места, Сарти, НЕа Модења, Паралија, Лептокареа, Платамона, Амољани, Хањоти..... и не ми текнува каде уште. Грција оваа година изгледа ќе ни биде дестинацијата, на по ден -два, со мешето мое нема да можеме да си дозволиме нешто поопуштено и долго, а не чекаат и обврските за преселбата во нов дом, регистрација и сл. Подолг одмор ќе оставиме здравје за до година со бебушката.
|
|
|
|