Calypso -> RE: Лето 2012 (11.6.2012 9:24:55)
|
Temjana, не би требало да ти прават проблем заради тоа што си бремена, ама сепак 8 месец, не знам... и кој погоре спомна, на одмор во 9 месец... и јас не би одела, макар и до Охрид да е, што се вели, а за Грција која е исто близу, да не правам муабет... Блонд, за Дубаи, најповолно ти е од ноември до февруари... не дека е лошо во октомври, ама тогаш мислам дека температурите се до кај 35 степени, кај ќе шетате на тоа жешко со малиот... јес да има трговски центри, ама на плажа тешко дека ќе се оди, подобро е во зимските месеци. Ај ќе се распрашам за сигурно... А ние, тешко на одмор летово... можеби на зима здравје Боже, ако биде се во ред со селидбата...
|
|
|
|