AnnaMolly RR -> RE: РР дневна соба (19.3.2012 8:21:39)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca RR Само што се вративме од парк, од 11,30 излеговме со нина до 15,00. Нина се изнатрча, ми ги искина нервите и наместо полна со елан и енергија да се вратам дома, јас се вратив нервозна. Не можев крајот да и го најдам на Нина. Леташе како мува без глава, без да се сврти од еден крај на паркот до друг. Полудев!! Битно ја видов Ана Моли со фамилијата [sm=smiley1.gif] , ја видов Фиао исто така, ама од подалеку, а со Џесика не успеавме да се најдеме. Жени, еве сум и јас, конечно си начекав интернет на работа. Мацо, виде ли како ни избега Филип? Јас додека зборував со тебе, мислев мм го гледа. А тој со кучето забегал. Па кога се свртев да видам каде е Филип, од него ни трага ни глас кај печурките. Со мм и кумашините го баравме насекаде, а тој отишол накај лавиринтот и си застанал таму ги гледа децата како си играат. А, бе, не сум паничарка, ама сто филма во глава ми се свртија. После па на кумашините ќерката малку забегала без да ја видиме... Ама важно супер се прошетавме фамилијарно, сосе куче. После тоа од 15 до 18 сите тројца сме спиеле.
|
|
|
|