RE: Свински грип (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Семејно здравје



Порака


Mammy -> RE: Свински грип (12.11.2009 12:47:35)

Мислам дека вакцина конкретно против свински грип - нема во МКД.
И ако има, таа ќе се дава првенствено на здравствени работници, хронично болни, трудници, постари од 65 години и деца.
Така да максимално внимавање и чување.
Друго нема.




Еца -> RE: Свински грип (13.11.2009 0:15:52)

Еве да поделам еден многу интересен текст со вас.

"Додека владееше голем грип 1919 год. кој уби 40 милиони луѓе, имаше семејство од кое ниту еден член не се зарази. Некој доктор запишал дека тие куќи имале еден заеднички фактор: во сите соби каде што луѓето се собирале, поминувале поголем дел од денот, имале корпи во кои имало по неколку главици неизлупен кромид. Подоцна во налет на друга епидемија некој го тестирал ова и бидејќи успешно делувало, однесена е една главица кромид која била употребена на овој начин, во лабораторија на анализа. Откриено е дека таа содржела различни вируси и бактерии. Заклучено е дека кромидот служел како прочиустувач на воздухот, мамка за микроорганизмите, така да ги собрал сите нив и ги заштитил луѓето."

"Претпоставувам дека би требало да се менува кромидот одвреме на време, а за тоа да се користат ракавици и директно да се фрла во канта надвор од дома.

Не треба да се надевате дека за ова ќе пишува по весници, дека ќе ви го препорача доктор или аптекар. Премногу е ефтино и на никој не му носи профит."


Некои луѓе повеќе се за вакцина, но јас дефинитвно од утре ќе си поставам нови декорации во домот. Нема да ми пречат.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




nadica -> RE: Свински грип (13.11.2009 1:18:57)

ако се сложи мм баба ми ќе ми даде сплетен како сушени букети е таа го прави незнам дали сте виделе ама ќе биде добра декорација [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




mis. -> RE: Свински грип (13.11.2009 9:24:43)

Во сколоп на текстот на Еца да кажам дека на мајка ми вујко поинал од свински грип само било познат по друго име.Ај ќе прашам како се викал тогаш.




niki -> RE: Свински грип (13.11.2009 9:33:32)

Јас имав една баба која никогаш во животот на лекар немаше појдено се до длабока старос. Од настинка и грип се лечеше на тој начин што ке си исечеше мали коцки кромид и ги пикаше во нос, тоа ќе и предизвикаше кивање и за ден два кукурек жената. Мајка ми ме терала ко мала да го мирисам кромидот ама никогаш не сум сакала. Пред недела дена ќерка ми настина, нос затнат, неможе да дише, ноќе се будеше по неколку пати, а капки за нос да и ставиш е скоро невозможно. И јас пресеков главица и и ја ставив на перницата и преку ден и ставав на маса таму кај што си игра, за неколку дена оздраве. Ни на лекар не ја однесов.
Со паникава која е направена со грипов луѓето грешка прават што на првото кивање веднаш одат на лекар, каде што е многу веројатно да се заразат од некој кој е навистина болен. Мм вчера ми кажа дека некаде прочитал дека двеста милиони луѓе досега се заразиле и го прележале грипов без и воопшто да знаат дека е свински грип. Така да смирено, нема секој кој ќе го добие грипот и да умре.
Со помалку вести гледање помирно се живее.




alex_mo -> RE: Свински грип (14.11.2009 0:56:52)

   Денесе во еден маркет ме сретна мојот матичен лекар и ме замоли да излезам малку надвор.Ми кажува дека секако ќе ми се јавел да ме предупреди да не се движам на места каде има многу луѓе и дека грипот почнал енормно да се проширува....Ми рече дека кога ќе стигнат вакцините веднаш ќе ми се јавел да земам потврда и обавезно да се вакцинирам(бидејќи сум бремена),а јас му реков дека некако и тие вакцини ми се несигурни.....Незнам што е правилно,а неделава ке одам на контрола и секако ќе побарам мислење и од гинекологот...
Пишете ми што мислите вие...




Палешка РР -> RE: Свински грип (14.11.2009 10:05:16)

Јас баш вчера го прашав мојот гинеколог и потенцирав дека панично се плашам, а таа ми рече да не тресам глупоооости, дека тоа е обичен грип и ништо поопасен од другите. Ми препорача да не шетам многу, бидејќи и онака е ладно и да си мислам на бебушот и ништо друго.
А за вакцината рече дека трудниците не се експериментални глувци на нив да се испробува.
Така јас малку си се смирив од паниката која ме беше фатила.




Палешка РР -> RE: Свински грип (14.11.2009 10:10:48)

ИЗВОРНА ПОРАКА: alex_mo

      Знам дека ја имате оваа тема по `свинскигрип` и ако се прекршуваат некои правила ве молам префрлете ја таму.
       Отворив нова тема затоа што многу ме интересира мислењето на трудниците за свинскиот грип и превенцијата од него.
Денес го сретнав мојот матичен лекар кој веднаш ми рече да си седам дома и да не се движам каде што има многу луѓе.Дека штом ќе стигнеле вакцините ќе ми се јави и под итно да се вакцинирам.......Некако ме загрижи затоа што грипов некако не го доживувам многу сериозно ,а и 90% од болните се лекуваат дома така да мислам дека нема место за паника.Сепак разговоров ме вознемири,а и незнам колку тие вакцини се испитани на трудници(со оглед дека се релативно нови)........Наредната недела ќе одам на контрола кај гинекологот и ке се исконсултирам и со него....
  Ве молам пишете ми за вашето мислење или пак некаково искуство во врска со ова..Поздрав





Палешка РР -> RE: Свински грип (14.11.2009 10:11:19)

ИЗВОРНА ПОРАКА: nadica

мое мислење е дека кога веќе владее епидемија НЕ СЕ ВАКЦИНИРА

вакцината е всушност болеста но со доза која организмот може да ја надвладее и да створи антитела кои се борат со вирусот

а да не зборуваме каква е и колку е испитана вакцината??????????[sm=zmeden.gif] [sm=zmeden.gif] [sm=zmeden.gif]


всушност побарај мислење од 3 доктори и послушај ги 2 со исто мислење




bibi -> RE: Свински грип (14.11.2009 10:25:14)

оние кои подобро ме знаат преку порталов знаат дека сум бремена, но и дека работам како стоматолог. Грипов почна дса ме плаши од понеделников , дури почнав и маска во автобус да носам. Она што е битно е дека носам маска на работа и треба многу да се чувам, не ми е воопшто лесно но, не може да не работам. Мислам дека паникава е за џабе иако треба да шири свесноста за него. Знаете, стравот лозје чува.Да се надеваме само храбро, дека сето ова ќе пројде




Mihaela -> RE: Свински грип (14.11.2009 13:07:30)

jas sum vo 5 mesec i ginekologot mi rece da ne pomislam da se vakciniram.ne znam sto da pravam,




Еца -> RE: Свински грип (14.11.2009 14:17:00)

Доењето може да ја спречи заразата од свински грип кај повеќето бебиња.

Здравствените организации објавиле упатство за доењето и вирусот А/H1N1. Се советува што почесто доење. Мајчиното млеко  го заштитува детето од вирусот. Иако доенчето може да се зарази од вирусна инфекција, единствена заштита која на доенчето му се нуди е мајчиното млеко кое служи како превенција и може да ги ублажи симптомите кај повеќето бебиња.

Мајчиното млеко не е извор на зараза. Доилките треба да продолжат да ги дојат своите бебиња дури и ако се заразат од вирусот A/H1N1, или ако се посомневаат дека се заразени со овој вирус. Доколку мајката е заразена треба да носи маска на лицето или може да се измолзи и млекото да му го дава некој друг на бебето.

Мајките кои го хранат детето комбинирано со доење и вештачко млеко, треба да го зголемат количеството на мајчино мелко кое детето го добива. Доењето е најзначајна компонента за заштита на децата од вирусот H1N1.


Вирусот не се пренесува преку мајчиното млеко, а доењето е најдобра заштита за децата. Мајчиното млеко содржи антитела кои штитат од вируси и бактерии на кои самата мајка е изложена. Доколку мајката или детето се разболат од овој вирус доењето може да продолжи. Мајчиното млеко на доенчето му дава и пасивна (неспецифични) и активна (специфични антитела) имунизација.

Внимавајте на следново:

• При кивање или кашлање покријте ја устата со палома, која веднаш потоа ќе ја фрлите и ќе ги измиете рацете. Не се препорачува прекривање на устата со рака или подлактица, со оглед на положбата на детето додека цица.

• Не кивајте и кашлајте кон детето. Носете маска додека го доите детето(докажано е дека маската ја спречува заразата од веќе заболените лица, но не и и од здрави лица.)

• Ако сте премногу болни за да се грижите за детето, изолирајте се, а за него нека се грижи некој здрав. Вие само измолзувајте се. Темелно и убаво измијте ги рацете пред да се молзите.

• Антивирусната терапија е сигурна за користење во текот на бременсота и доењето.





melody -> RE: Свински грип (14.11.2009 15:45:02)

Eve jas sum nova na forumov i koga vidov deka ja imate otvoreno temava posakav i jas nesto da kazam.Nikogas ne sum veruvala mnogu mnogu na rasirenosta na svinskiot,pticjiot i uste koj li ne grip.Znaci luge nitu eden od ovie mutirani vidovi na grip ne e poopasen od obicniot grip.Imam prijatelka(dobro informirana na ovaa tema) koja sto koga ja prasav sto misli za sv.grip mi odgovori da ne podlegnuvam na patkite od televizijata i voopsto da ne pomisluvam da se vakcinram protiv toa,zatoa sto vakciniranjeto doveduva do smrt.Zatoa moe mislenje e samo dobra preventiva protiv grip pa kakov i da e i ne ni pomisluvajte na vakciniranje, a pogotovo ne bremenite tuka na forumov.I uste neznam kakov e toj doktor sto i sovetuva na bremena zena da se vakcinira??????




ananikol -> RE: Свински грип (15.11.2009 14:18:55)

Mojata doktorka bese so mislenje deka jas kako trudnica ne bi trebalo da se vakciniram bidejki se uste nema dovolno iskustva kako vsusnost deluvaat na majkata i plodot,no mi preporaca mm i sinceto da se vakciniraat.




aleksandraz -> RE: Свински грип (15.11.2009 16:10:53)

Vaka vakcinata e testirana na deca stari lica i vozrasni lica,megutoa vakcinata ne e testirana na trudnici i ne se znae kako deluva na plodot.Se konsultirav so mojot maticen lekar i taa veli deka nema bi trebalo da ima nekoj posledici po plodot megutoa malku sum skepticna vo toa.Ne sum sigurna kade tocno vo koja zemja dve trudnici se zarazile so ovoj tip na grip a bile vo 7 mesec od bremenosta.Bebinata se porodeni so carski rez i kaj dvete bebinja e konstatirano visoka temperatura i noviot grip.Znaci toj e opase i za plodot bidejki dolkolki majkata se razbole od sezonskiot grip plodot e zastiten.Znaci koja e sigurnosta deka dokolku se stavi vakcinata nema da ima posledici.Inaku trudnicite vakcinata ke ja primaat samo so potvrda od maticniot genekolog bez taa potvrda ne moze da se prima vakcinata.Sto znaci polovina od ginekolozite se protiva primanjeto na novata vakcina za vreme na bremenosta.




Еца -> RE: Свински грип (16.11.2009 23:44:40)

. Вакцините против свинскиот грип не се безбедни и нема докази оти се ефикасни. Зад оние што ви велат да се вакцинирате стојат огромни конфликтни финансиски интереси. Целата кампања за вакцинирање е поврзана со профитот, политиката и со контролата на населението. Како еден од лицата што го развија „оксисилвер“, кој ја елиминира потребата од ризични вакцини и токсични антибиотици, лично сум искусил како криминалните индустриски гиганти ги потиснуваат евтините и ефикасни природни лекови, кои се без ризици.

Монополистичкото влијание на семејството Рокфелер врз американската медицина, јавно здравство, геополитика и врз глобалната економија е јасно ако малку ја проучувате историјата. Дејвид Рокфелер е основач на организацијата „Партнерство за Њујорк “, во која удел има и американската влада, а која својот криминал го прикрива зад превезот на јавното здравство. Светската здравствена организација (СЗО) е контролирана од парите на Рокфелер, а токму нејзините претставници создадоа нова терминологија за опис на вирусите, која само отежнува да се разбере што се случува во лабораториите за грип. Токму овие експерти ги насочуваат американските владини претставници, кои лажно тврдат дека вакцините се безбедни и ефикасни. Вистината е сосема поинаква, односно не се спомнуваат несаканите ефекти што се појавуваат шест недели по вакцинацијата, вклучувајќи ги и многуте заболувања, па и смртните случаи што ги предизвикува вакцината, чии состојки се отровни и потенцијално смртоносни.

Според голем број генетички аналитичари и водечки виролози, појавувањето на епидемијата на Х1Н1 во април 2009 година е мошне сомнително, исто како што беа сомнителни епидемиите и во 1976 и во 1977 година. Неверојатно брзата стапка на мутација на вирусот на свинскиот грип сугерира дека тој е создаден во лаборатории и дека е намерно пуштен од нив. Во корист на ваквата теза е и фактот дека вирусот во САД се појави прво кај две деца, кои не се во роднинска врска и беа оддалечени 100 километри едно од друго во Калифорнија, по што се појави во Мексико, кај лица кои не биле во контакт со двете деца. Покрај ова, уникатниот вирус има гени од типовите птичји, свински, шпански и обичен грип, што е без преседан во историјата на природната селекција и во еволуцијата на видовите.

Од друга страна, претставниците на американската влада што се надлежни за контрола на „биолошката подготвеност“ против овој мутиран грип Х1Н1, како и за вакцинацијата и за карантините, тврдат дека епидемијата настанала по природен пат. Овие т.н. експерти, занемарувајќи ја историјата и епидемиологијата, го повторуваат истото неубедливо објаснување дека на некој начин и некаде вирусите на птичјиот, свинскиот и шпанскиот грип се испомешале. Нивните изјави на некој чуден начин коинцидираа со медиумските извештаи за новата биотехнологија што може да произведе вакцини што наводно се безбедни и ефикасни против новиот вирус Х1Н1. Дополнително, суштински докази ги инволвираат Дејвид Рокфелер, славните федерални агенти, агенциите и производителите на вакцини, кои ги контролираат водечките медиуми, за организиран криминален заговор за профитирање од создавањето и почнувањето на оваа пандемија. Ова е познато како „лажна“ пандемија. Ваквата „лажна“ операција, всушност, е тајна операција спроведена од владите, корпорациите, чија цел е да изгледа дека е извршена од други ентитети, во овој случај природата. Неколку дена пред првите медиумски извештаи за свинскиот грип во април 2009 година, корпорацијата „Новавакс“, која е партнер на компанијата „Џенерал електрик“, која пак, е косопственик на „Њуко“ со медиумскиот магнат Руперт Мердок, предизвика страв во јавноста со соопштението во кое се наведува дека вирусот на смртоносниот птичји грип Х5Н1 е дел од вирусот Х1Н1, иако тоа не е така.

„Лажната“ епидемија на мексиканскиот грип доведе до пораст на акциите на „Новавакс“. Покрај „Новавакс“, и „Мерк“, која ги произведува вакцините за пневмонија и Х1Н1, оствари огромен профит од стравот што беше создаден од медиумските извештаи и од најавата за епидемија. „Мерк“ е најголемиот светски производител на вакцини и на лекови. Компанијата не само што профитираше од продажбата на вакцините против Х1Н1, „пнеумовакс“ и „цсл“, туку таа е одговорна и за ширењето на сидата преку заразени вакцини против хепатитис Б. Од зделката со вакцините профитира и Руперт Мердок, кој заедно со Дејвид Рокфелер и Лојд Бленкфајн од „Голдман Сакс“ е копретседател на најмоќниот светски картел за лекарства, биотехнолошката фондација што како партнери ги вклучува и владата на сојузната држава Њујорк, како и администрацијата на САД. И двете влади ги купуваат вакцините од другите партнери во оваа организација, која всушност, е „Партнерство за Њујорк“.

Американските власти се виновни за тоа што неодговорно се однесуваат при тестирањето на вакцините, односно не ги тестираат доволно долго за да се осигураат дека тие се безбедни и дека нема да предизвикаат разни болести или прерана смрт месеци или години по вакцинирањето. Понатаму, доста е проблематичен и фактот што американската влада се потпира врз истражувањата и податоците што ексклузивно доаѓаат од фармацевтските компании, односно од производителите на вакцини, кои постојано манипулираат со податоците само поради профит. Здравствените власти во САД го занемарија образованието на јавноста за алтернативните методи на лечење, наместо вакцинирањето, а воедно учествуваа и во создавањето на смртоносната пропаганда, која предизвика страв и фобии кај луѓето, ситуација што доведува до зголемено користење на антидепресивни лекарства со опасни последици. Американските власти се виновни и за намерното мешање на значењето на поимите „вакцинација“ и „имунизација“, при што првиот се однесува на административниот процес за вештачка интоксикација, додека другиот се однесува на природниот одбранбен процес, кој се создава по природното изложување на вируси и бактерии. Според досегашните истражувања, автоимуните реакции на вакцините, па дури и разните видови рак, се предизвикани од комбинациите на нестабилни вируси и тие најчесто се појавуваат месеци или години по вакцинацијата. Испораката на нови вакцини против Х1Н1, кои содржат живи привидни вируси и го заразуваат генетичкиот материјал, кој може да се искомбинира со постоечки вируси и да го зголеми ризикот од уште посмртоносни пандемии. Исто така, спорни се и напорите на американската влада што се насочени кон тоа да ги натераат луѓето од најразлични возрасти да ја прифатат „задолжителната“ вакцинација за да може да имаат пристап до училиштата или до работните места.

Поради сите горенаведени причини се надевам дека добро ќе ги проучите сите докази пред да се вакцинирате против свинскиот грип.


Леонард Хоровиц
Извор: Нова Македонија




Mamicka3 -> RE: Свински грип (16.11.2009 23:52:07)

Еве ние сега се вративме од дежурство (ама не не примија) паника голема кога појдовме имаше пациенти кога тие заминуваат ете ти ја докторката надвор, надвор вика има свински грип и ај ние надвор па демек прскале и вика дека по 10 мин може да влеземе да го прегледа малиот а после кажува дека вирусот на предмети се задржувал 48 часа




Bibi_S -> RE: Свински грип (17.11.2009 0:15:38)

се согласувам дека целата работа околу грипот е голема пропаганда за голем профит преку вакцините. Јас сметам дека треба секој да применува основна хигиена и превентива.  Докторите порачуваат често миење раце и плакнење на устата со солена вода. Пиење топли напитоци како чај кафе, какао итн. за вирусите да не можат да се развијат. и ц витамин природен и вештачки во комбинација за подобра апсорпција. 




Еца -> RE: Свински грип (17.11.2009 0:21:00)

Препораките од Министерство за здравство за превенција од свинскиот грип. Издадена е и брошура со истите совети.

Mерки за заштита при лекување болно лице или лице со симптоми на новиот тип на грип А (Х1Н1) во услови на домашно лекување


Мерки за заштита од пренесување на инфекцијата!

 Заболеното лице (или лицето со симптоми на новиот тип на грип А (Х1Н1) да се изолира во домашни услови во посебна просторија се додека симптомите на болеста не исчезнат или додека се добие негативен резултат од лабораториското тестирање на земениот материјал. Вратата на просторијата треба да биде постојано затворена.

 Да се ограничи пристапот во просторијата каде што е сместено болното лице (или лицето со симптоми на овој грип).


 Забранети се посети на болни или лица со симптоми на новиот грип.

 Да се избегнува бремена жена да се грижи за заболено/сомнително болно лице.


 Заболеното лице или лицето со симптоми да носи заштитна маска додека во собата престојува друго лице. Доколку не се располага со заштитна маска, да се покрива устата и носот со рака или со марамче за еднократна употреба, посебно при кашлање и при кивање.

 Постојано да се одржува хигиена на рацете. Рацете да се мијат со сапун и со топла вода или да се користат влажни марамчиња на база на алкохол (посебно после кашлање и по кивање).


 Треба да се оджува хигиена во просторијата каде што престојува лицето или во заедничката просторија. Пожелно е да се дезинфицира просторијата (посебно бањата).

 Редовно да се мијат со топла вода и со детергент приборот за јадење, нечистите алишта, крпи, постелнина и други предмети (детски играчки), кои биле користени. Овие предмети не мора да се чистат одделно.


 Често проветрување на просторијата во која престојува болниот или лицето со симптоми на новиот грип.

 Заболеното лице (или лицето со симптоми на новиот грип) не треба да се вози во средствата за јавен транспорт. Доколку лицето мора да користи јавен превоз, задолжително треба да носи заштитна маска, или да ја покрива устата и носот со рака или со марамче за еднократна употреба при кашлање и при кивање


 Заболеното лице (или лицето со симптоми на новиот вирус), може да се врати на работа или во училиште кога симптомите на заболување ќе исчезнат.

Мерки за заштита кои се однесуваат на блиските контакти!*

 Задолжително е миење на рацете со сапун и со вода пред и по излегување од собата на пациентот, како и по секој контакт со заболеното лице (доколку имате користете и средства за дезинфекција).

 Задолжително користете заштитна маска за време на престојот во собата на заболеното лице (или на лицето со симптоми на новиот грип).


 Избегнувајте директен контакт лице во лице со заболениот или со лицата со симптоми на новиот грип

 Користете ракавици за еднократна употреба при директен контакт со болниот или со предмети од неговата блиска околина


 Најблиските членови на семејството на заболеното лице или лицето со симптоми на свински грип, треба да ја следат својата здравствена состојба и здравствената состојба на децата во семејството и веднаш да побараат лекарска помош, доколку се појават симптоми слични на грип (висока температура, кашлање, грлоболка, тешкотии при дишење, општа изнемоштеност)

 Членовите на најблиската фамилија на заболениот често да ги мијат рацете со сапун и со вода (или да ги бришат рацете со влажни марамчиња на база на алкохол).



* Дефиниција на близок контакт (СЗО):
Близок контакт е лице кое се грижи за болниот или живее во исто домаќинство и имало директен контакт со секрет од дишните патишта или други телесни течности од лице кое е потврден или сомнителен случај на инфлуенца А/Х1Н1.

Мерките за заштита треба да се почитуваат, посебно при директни активности поврзани со заболеното/сомнително болно лице, посебно во случаите кога е значително поголем ризикот за контакт со секрети од дишните патишта (на пр. капење, хранење, пресоблекување).

Министерство за здравство на Република Македонија




Mila na mama -> RE: Свински грип (17.11.2009 8:46:42)

Мислам дека хистеријата со грипот отиде предалеку.
Во светот годишно од обичен сезонски грип заболуваат 1 милијарда луѓе и 1 милион од нив умираат, па прогласиле ли пандемија последниве години? НЕ! Од новиот грио од парил наваму  умреле 1000-2000 луѓе????????[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]
Инаку Македонија склучи договор со фирма за набавка на вакцини и кога бидна договорот не убедуваа дека не се работи за кинеската компанија која ги произведува вакцините и која истотака учествуваше на тендерот, а за чии вакцини не беа сигурни дека се доволно квалитетни. Есе га најнов развој на настаните. Компанијата со која РМ склучи договор од своја страна си се договори да набавува од кинескиот производител и ние пак зезнати.....или не. Ма какво вакцинирање не се будалете, посебно не трудници. До кога ќе им бидеме експериментално поле?????




alex_mo -> RE: Свински грип (17.11.2009 14:57:17)

      И јас го делам истото мислење,само мене ме загрижува тоа што лекарите ја креваат паниката,па нели тие се најинформирани нај веке држат до хигиена и сл.ММ го боли грлото и синоќа беше на лекар да му препишат лекови.Се врати зачуден..вика ама процедура.Прво влегуваш кај сестрата,па ми даде едно марамце да то држам на нос и уста ,па доаѓа лекар,утврдува дека имам само црвено грло ,а ми советува да купам маски,да си одам дома со марамчето .....и замислете дури знаејќи дека јас сум бремена да сум отишла кај моите на неколку дена.Па кој ќе се грижи за него.....
   И на крај знаете ли вие еден лекар(знаеме дека се во постојан контакт со `заразени лица`), а да е заболен..
  Некако коцкиве не ми се сложуваат....




mother 29 -> RE: Свински грип (17.11.2009 15:19:05)

Спречете го свинскиот грип - совети

Вратата низ која вирусот влегува во нашето тело се устата и носот.

Додека сеуште сте здрави и немате никакви симптоми од инфекција со вирусот Х1Н1, со цел да ја спречите неговата активност, појавата и развојот на секундарните инфекции, можете да преземете неколку едноставни чекори:

- Што почесто мијте ги рацете.

- Воздржувајте се колку што можете од допирање на лицето со раце.

- Правете гаргара два пати дневно со топла вода во која сте раствориле малку сол. Имено, на вирусот Х1Н1 му се потребни два до три дена од првобитната инфекција на грлото или носот, да заживее во телото и да почне да ги покажува карактеристичните симптоми. Обичната гаргара може многу да направи.

- Сличната постапка повторете ја и со носот. Силно издувајте го носот и потоа избришете го со малку памук натопен во солената вода, што ја имавте подготвено за гаргарата.

- Одржувајте го својот природен имунитет со храна богата со витамин Ц. Јадете што повеќе кисела зелка, пиперки, свеж магдонос, овошје... Доколку земате Ц витамин, за да ја подобрите апсорпцијата, користете го оној што има цинк и е од природно потекло (ацерол).

- Пијте што повеќе топли напитоци. Тие ги носат живите вируси од грлото во желудникот, каде не можат да преживеат.

- Доколку сте во можност користете колоидна сребрена вода.

- Задржете го ОПТИМИЗМОТ. Болестите како што доаѓаат, така и си одат!






Весна -> RE: Свински грип (17.11.2009 17:09:12)

Еве да ви пренесам еден настан околу "заразава".
Најдобрата другарка на свекрва ми е мошне почитувана лекарка по општа медицина, на чија внука пред пет дена и' дијагностицираат свински грип. Малава (5 годишна) имаше темепература цели четири дена, а баба и' - докторката ни да чуе тамифлу и таквите чуда. Детево веќе петтиот ден на нозе си беше, живо, здраво, право, како што и претходно прележувала некоја настинка, односно грип/вироза со конзумирање вообичаени лекарства.
И ете ми ти... За нас трудниците останува да си се пазиме од каков било грип за да би избегнале клукање со антибиотици. Сепак ризична група се оние хронично болни од некојаси болест, пришто пу пу пу не дај боже да заболат од грипов, веднаш го констатираат како причинител на смрт без да се нагласи претходната здравствена состојба. Туку ете, се' во еден кош.
Ајде спокојно мамички! [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




biljana16 -> RE: Свински грип (18.11.2009 11:20:05)

Jas vcera zboruvav so mojot genikolog na ovaa tema. Go prasav za negovoto mislenje za gripot i vakciniranjeto i toj rece deka vakcinata e postasna otkolku gripot. Rece da se mijame race sekogas koga ke se vrakame od nadvor i da jademe poveke ovosje. Nisto ne e tolku stasno kolku sto se trudat da ne isplasat za da gi potrosat vakcinite. Pozdrav.




Anushka -> RE: Свински грип (18.11.2009 11:23:03)

е да, и мојот помал син Кирил има свински грип. Веќе 3 дена. Сега за сега се` е под контрола. Дома е, во карантин, со мнгу витамини, течности и масажи. Ќе го пробам и ва со кромид. Бабами пак ми кажуала дека кај нив во село (Хватска, почетокот на минатиот век...) кога неој ќе бил болен, го затварале в шупа со цел врзоп кромид. Се` додека не го изеде, не го пуштале да излезе.




Страница: <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>