Еца -> RE: Свински грип (9.11.2009 2:26:41)
|
Српските лекари и епидемиолози во борбата против новиот грип, покрај стандардните, медицински мерки, ги советуваат граѓаните како превенција од овој вирус да користат и добро позната народна медицина со цел дополнително да го зајакнат имунитетот во време на заразата. Началникот на нишката Инфективна клиника Жарко Ранковиќ на сите топло им препорачува против свинскиот грип да се борат со „традиционалната зимница“. „Сега сите визби се полни со кисела зелка, туршија, цвекло, кои се многу богати со витаминот Ц и токму таа зимница треба да ја внесуваат во организмот во што поголеми количини. Зимницата е подготвена на традиционален начин, без никакви вештачки додатоци, содржи доста витамини, го јакне имунолошкиот систем и не штити од вируси. Туршијата е одличен лек за превенција и затоа на сите им ја препорачувам“, вели Ранковиќ за весникот „Прес“. Епидемиологот и член на Работната група за борба против пандемијата Бранислав Тиодоровиќ потсетува дека дневно треба да се изедат најмалку една главица лук, потоа да се јаде доста овошје и да се пијат доста течности. „Треба да се пие расолницата од зелката, варено вино, варена ракија, секако без претерување, што повеќе лимонади, чаеви и топли напитоци. Со внесување течности се исфрлуваат бактериите од организмот. Исто така треба да се јаде домашна зимница, без вештачки додатоци, како што се конзервансите. Зимница со конзерванси никако не смее да им се дава на децата“, предупредува Тиодоровиќ.
|
|
|
|