Calypso -> RE: Приватна vs.Државна Болница (17.4.2012 16:51:06)
|
И јас се породив во ГАК и искрено, задоволна сум како поминав. Најбитно ми беше да биде се во ред со мене и бебето, за другото не се замарав. Останавме пет дена во болница, бев два дена на интензивна (со царски рез се породив), оти немаше место ни во соба ни во апартман. Другите денови бев во апартман, и не видов мака, фала Богу, иако ми беше малку тешко со раната да станам веднаш. Си го бирав докторот кој ќе ме породува (тоа се доплаќа), ама друго ништо не платив. Чистеа секој ден, храната беше задоволителна, детето супер ми го гледаа, ми помагаа сестрите, гинекологот што ме породи и педијатарот доаѓаа секој ден... што повеќе да посакам? Веројатно секој со среќата, како ќе се погоди, ама греота е да се пожалам. Нјатешко ми беше последниот ден, не за друго, бев сама во соба (цимерката моја си отиде), и ми беше досадно. Сега верувам дека е далеку подобро. И за наредното дете, здравје Боже, пак би се пораѓала во ГАК: Додуша, јас докторот си го бирам, не болницата[sm=smiley36.gif] Што се однесува до доењето, ми помогна апартманската сестра, и тоа многу. За пресоблекување, имав веќе претходно искуство, исто и за бањање. Така што, се на се... задоволна сум од тоа како поминав, а знам дека можеше да биде многу полошо, со оглед на тоа што имавме некои компликации.
|
|
|
|