Pixa -> RE: Приватна vs.Државна Болница (13.3.2013 15:18:26)
|
Gaia најубаво би било ако има некој со искуство и од Ремедика и од Систина да спореди. Јас во Ремедика не сум одела, само во Систина. Се породив пред 3 месеца и имав извонредна нега и јас и бебушката. Кај мене се искомплицира работата при крај на бременост, добив прееклампсија и завршив на итен царски со полна 36-та недела. По породување притисокот ми отиде 220 со 120, а малата се роди само 1750г. Она што го правеа за двете таму ги надмина моите очекувања, не зборам за храна, хигиена или тинтрање, затоа што не ми беше битно тоа. Зборувам за координирање на доктори од различни области за да ме вратат во нормала. Една ноќ тројца дежурни доктори, кардиолог, анестезиолог и гинеколог пренокија во мојата соба. Апаратот за притисок мереше на 15мин, а тие гледаа во монитор и менуваа терапија. Сестра на пола саат на почеток, а после на саат време доаѓаше да ми мери притисок. Покрај докторите на смена, докторката што ми ја водеше бременоста секој ден се јавуваше на сестрите да праша како сум и мене да ме слушне како се чувствувам. Се стабилизирав за 7 дена, за 9 ме пуштија. За бебето ги направија сите испитувања да се елиминираат ризиците од мала родилна тежина. Малата си дишеше самостојно од почеток, а дополнително направија ехо на мозочето и преглед на очите. Кога си отидовме беше 1900г и совршено здрава. Единствено што треба да имаш предвид е дека сите дополнителни компликации значат и повеќе пари. Цените се за основен пакет и тоа го плаќаш во идеални услови. Секое дополнително испитување се наплаќа плус. На завршната сметка видов дека даваат попуст на тие дополнителни услуги. Пример крвна слика 20 % поефтино отколку да отидеш во систина само за крвна слика (ова како пример го казав, не знам дали е баш 20% за крвна слика [sm=smiley1.gif] ) Се изнапишував, нешто е и оффтопик, ама се надевам дека помогнав [sm=smiley36.gif]
|
|
|
|