temjanuska75 -> RE: Приватна vs.Државна Болница (11.9.2012 15:31:34)
|
Се породив во приватна болница само затоа што докорот беше во приватна болница, се двоумев многу (заради парите нормално), а сега знам и да не беше таму ќе се породев во приватна болница. Несакам ни да помислам што би му се случило на моето[sm=duda.gif] да се породев во државна болница. Се породив царски во 37+2 недела со спинална анестезија. Од како се породив ми кажаа дека бебето е во инкубатор( незнам како се вика точно, не е инкубатор бидејки немаат инкубатори), бидејки било вознемирено. Се изначудив што им значи тоа, но кога го видов сонцето мое сфатив. Во последниот месец од бременоста [sm=duda.gif] се спуштило ниско ( тоа го знаев и мирував), но со главата удирало во карличната коска. Кога се породив, после неколку часа на главчето се појавиле отоци и целото кожиче му беше потемнето и беше навистина видно вознемирено. Со направените снимања е откриено крварење во главата. Кога ми го кажаа оваа мислам дека цел свет ми се сруши, оваа бебе го чекавме со мм 9 години[sm=smiley19.gif]. Не ми даваа да го дојам првите два дена, за да не се вознемири уште повеќе додека научи да цица. Се одмолзував, и третиот ден кога сакаа да му дадат од моето млеко ( одмолзено) педијатарот рече твоето млеко ми изгледа сомнително (жолтеникаво беше) и не му го даде го прати на испитување. Излезе дека имам стрептокока аурелис, од едната града, па примав антибиотик. Останавме 10 дена, додека можев да го дојам и додека [sm=duda.gif] не беше подобро. 11 ден заедно со педијаторот од приватната болница бевме на Детска клиника кај доктор невропедијатар, кој се насмеа и рече, што ќе видам јас на овие апарати од 60-те години, која на вашиот нов се гледа, но сепак како стручњак од таа област го прегледа и рече [sm=duda.gif] е во ред, има остатоци од крварење во главата кое е повлечено, понатаму треба следење на развојот. Не можам ни да замислам што ќе се случеше да се породев во ГАК или Чаир, замислете на бебе со крварење во мозокот, да му дадев мајчино млеко со таква страшна бактерија. Уствари никој немаше ни да се знае за двете, па после уффф неможам ни да замислам што би било.... Моеото [sm=duda.gif] уште малку ќе полни две години, го носам кај Двојаков, и сега за сега супер се развива како ништо да не се случило. Што да кажам освен Господ ми го чувал бебто, а уште повеќе совесните и добри доктори и педијатри, т.е. целиот тим на РЕМЕДИКА. Тоа е мојата приказна, извинете на долгиот пост.
|
|
|
|