RE: Житарици (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Дохранување со густа храна



Порака


sandriana RR -> RE: Житарици (24.3.2015 8:11:53)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Препорака од мене е просото, на Биокосмо. МНогу убаво се вари некои 20мин, со зеленчук блендирано се добива пире.Исто и со овошје и кремасто.Ех да почнев порано а не на 12м [sm=smiley36.gif] затоа сакам да споделам дека е безглутенско и вкусно и во супи и чорби

Каде го набавуваш Меланија ова просо, и колку чини?
Јас искрено никогаш не сум користела од овие житарки од типот на хељда, просо, чиа и сл., повеќе сум „старомоден„ тип по однос на ова прашање-користам она што и јас сум пробала, но би сакала да се обидам да внесам во храната и на бебе И, па и нашата.




nataly86 -> RE: Житарици (24.3.2015 9:32:06)

Ние користиме просо и киноа во комибинации овошје или зеленчук, преубави каши и по вкус според мене за разлика од ориз кој е без вкус. некако ..и јас од Биокосмос огранско зедов просо и киноа за бебе по малку се става околку 2 лажици.
инаку од кај 6.5 7 месеци не се секавам кога воведов само знам на почеток беше




Melanija RR -> RE: Житарици (24.3.2015 14:01:08)

sandriana RR Просто лупено на Биокосмо е 87ден за 500гр, а го купувам во Биона кај старо пензиско во зградата каде што е Тинекс на југодрво.
Нивни производи има и во поголемите маркети како Веро и Тинекс, Рамстор, ДМ дрогерии, Монтенегро, Хоризонт, Рептил...и во маркети за здрава храна
Центар, (зад Работнички универзитет)
-Буњаковец (наспроти пазарот)
-Зелен Пазар
-Капиштец (т.ц. Беверли Хилс)
-Аеродром (т.ц.Бисер)

Киноа никако да земам поскапа е 500гр, е 220 ден,а исто е и амаратот.Кинова во купечка на Хумана е многу вкусна.И јас не знам многу но зошто не повремено нешто поинакво да јаде




sandriana RR -> RE: Житарици (26.3.2015 19:18:07)

Вчера купив просо од Биокулт, околу 280 денари мислам беше кило, на рефус, некое германско.
Го сварив денес со морковче и го изблендирав во кашичка, за сефте добро го прифати.




lukajana RR -> RE: Житарици (26.3.2015 22:16:39)

Јас давам просо и хељда од овие "поновиве" а чиа не ми сака ја плука а не знам зошто сум пробала во сите можни комбинации и не прифаќа,последно ми беше со банана која иако ја избегнувам заради какање ја давам ако некоја храна не ми прифаќа и јаде заради бананата ама овојпат ни тоа не успеа.Ама друго јаде ориз,гриз, пченица исто и давам бела сварена и смешана со овошје и ја обожава.




Melanija RR -> RE: Житарици (26.3.2015 22:30:37)

Чиа не сум се заинтересирала[sm=smiley36.gif] а со банана се поминува [sm=smiley1.gif]

lukajana RR сум помислила за пченица добро ме потсети,каква купуваш и кој сооднос се вари.Никогаш се сум правела[sm=smiley10.gif]




lukajana RR -> RE: Житарици (26.3.2015 22:52:21)

Melanija RR купувам пченица на Мак Инвест бела таа ми е најубава и многу бргу се вари.Ние дома јадеме сите пченица и кога варам за неа варам за сите,значи на едно пакетче ставам околу два литра вода и повеќе некогаш зашто ставам од око.Варам да врие дваесетина минути па тенџерето покриено го виткам во кебе и така стои околу два часа и пченицата ја упива вишокот вода и убаво набабрува.Можеш да ја даваш со било какво овошје.Нешто да се смени[sm=smiley1.gif]




Ilina87 -> RE: Житарици (26.3.2015 23:38:06)

Убаво што децата ви јадат различни видови на житарици. Моето не ги сака, дури и овес не јади исто и овие житните каши од нестле и лино не ги сакаше. Постаромодни сме ние, повеќе на леб.[sm=smiley1.gif]




hopeless -> RE: Житарици (30.3.2015 20:03:15)

И ќерка ми многу, многу не ги сака житарките.
Највеќе ги сака овесните, ржаните помешани со овошје. Инаку не ги јаде.




Melanija RR -> RE: Житарици (30.3.2015 22:44:56)

Пробајте со 4 жина на Биокулт со овошје ,многу се вкусни почнав и јас да ги јадам.Има и оделно ,само јачменови снегулки,пченкични снегулки и рѓани снегулки,но како готов микс е одлични.Миксот е 50ден за 300гр, а единечните се по 32ден за 300гр




hopeless -> RE: Житарици (30.3.2015 22:48:26)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Пробајте со 4 жина на Биокулт со овошје ,многу се вкусни почнав и јас да ги јадам.Има и оделно ,само јачменови снегулки,пченкични снегулки и рѓани снегулки,но како готов микс е одлични.Миксот е 50ден за 300гр, а единечните се по 32ден за 300гр

Може да се најдат по маркетите??




Melanija RR -> RE: Житарици (31.3.2015 0:42:56)

Во продавници за здрава храна,а токму нивни Биона-Аронија.
Ako si vo nekoj od gradovive
во Велес (спроти Гимназија)
-во Охрид (наспроти Охридска банка)
-во Битола (во Стара Чаршија, близу влезот на пазарот)




hopeless -> RE: Житарици (31.3.2015 1:31:15)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Во продавници за здрава храна,а токму нивни Биона-Аронија.
Ako si vo nekoj od gradovive
во Велес (спроти Гимназија)
-во Охрид (наспроти Охридска банка)
-во Битола (во Стара Чаршија, близу влезот на пазарот)

Ништо тогаш. Овде кај што сум нема продавници .
А во скопје каде се наоѓаат?. Во четврток ќе одам натаму па да земам ако ми се уз пат.




AneLav RR -> RE: Житарици (31.3.2015 9:35:51)

Продавница на Биокулт има во тц Капитол во Аеродром.
Потоа во тц Бисер, карши капитол има уште 3 продавници за здрава храна, сите 3 се на приземје од трговскиот.




blue_blue -> RE: Житарици (31.3.2015 10:12:24)

Biokult имаш и во трговски на 3-ти спрат




Melanija RR -> RE: Житарици (31.3.2015 12:56:49)

Леле грепша на Биокосмо се ,НЕ Биокулт. Продавница има кај Тинексот кај ГТЦ кај Работнички Универитет.
Исто и во трговскиот Беверли од главните скали од лева страна по крајот на прв кат




Hopeful RR -> RE: Житарици (25.11.2015 0:12:21)

Ние добро стоиме со житарките, досега јадат и просо, и киноа. Додуша ниедното од овие не е житарка по дефиниција, туку зрно, ама небитно, така си ги збориме и знаеме [sm=smiley1.gif] Оризот уште ни е слаба точка, ќе побарам органски па ќе пробам пак. Него, кај да најдам амарант? Просото ми е од Даверт (ги има во Тинекс-, киноата од ДМ, а амарант не знам кај да барам. Откако се преселивме, ГТЦ и Биокулт ми се предалеку, па ако некоја знае некоја локација во Карпош/Козле освен Тинекс Зебра или ДМ (немаше), би ви била благодарна [sm=smiley1.gif]




Gardenia -> RE: Житарици (25.11.2015 8:10:51)

Hopefl амарант имаш во било која продавница за здрава храна ,јас земам на мерње од такви продавници,има една во Буњаковец ако ти е блиску




lolla RR -> RE: Житарици (25.11.2015 9:46:13)

Houpful mislam deka mozes onlajn od Biokosmos da poracas. ISto pozadi Vero 2 imas Biokult, sproti Avicena doagja vo zgradite.




Kvisko -> RE: Житарици (25.11.2015 10:46:20)

Биокулт има позади Веро Тафталиџе, кај Алумина имаш Зегин што продава здрава храна и во Беверли имаш Биокосмос, кај Млечен во малиот трговски исто има продавниза за здрава храна и веројатно најдалеку ти е Мар-Вик во Буњаковец и веројатно Мар-Вик имаш на пазарчето Тафталиџе за поблиску.




Lala* -> RE: Житарици (25.11.2015 15:34:29)

Добра идеа за просото, баш ќе земам да пробаме и ние па ќе видам дали ќе ми прифати малово.Иначе имаме 8,5 месеци [sm=smiley1.gif] А Мар-Вик мислам има и во ТЦ Бисер [sm=smiley1.gif]на приземје, Органика имаше ама вчера баш приметив дека ја затвориле.Поздрав




alana -> RE: Житарици (1.12.2015 15:34:10)

Ме интересира кога воведовте глутен...пошто читав тука на сајтов дека треба да се воведи помеѓу 4 и 7 месец?
Збунета сум малку во друга книга читав дека после 8 месеци се воведува, а тука пишува до 7 месец да се воведи.
Инаку досега сме пробале ориз, просо и пченка.




MamaKiki -> RE: Житарици (1.12.2015 19:26:38)

gluten posle mesoto vovedov znaci na 7 meseci telesko dadov edna nedela i posle dadov gluten... jas pak znam od 7-8 da dade gluten sepak nekoi koi zapocnuvaat so ishrana na 4 meseci davaat porano jas se vodev po nekoi tabeli i soveti ama dosta raboti gi davav podocna od navedenoto osven prvobitnite namirnici...
oriz ni sega so 14meseci ne mi ajdi eve vcera napraviv sutlijas i ne go jadese, ako e vo mala kolicina pominuva primer so spanak [sm=smiley1.gif]
proso dodeka blendirav go jadese sega ni toa go neki
heljda iako e bezglutenska ne se dava prfed godinata mnogu e silna po sostav
amarant imav zemeno od biocosmos i ubavo se varese prvata ttura epten go bendisavme ,ama slednato kupuvanje ne bese isto [sm=zmeden.gif]go varev mn podolgo a ostana krckav... i poveke ne kupiv...
cija majki e seme isto ne bi vi preporacala da davate na mali deca isto e mnogu silna jas nekolku pati imav bolki vo zeludnikot od cijata i mi e strav za detevo da ne ima tegobi, saka mogu kislenje primer da prenoki vo 200ml voda stavav okolu 2-3 lazici i taman ke si se zelirase do utroto...
ednas probav pcenica da dadam ama isto ja neki probav da ja blendiram mi ostanaa lushpi malovo ne ja bendisa i tolku poveke ne sum probala da mu podgotvam...
ovesni snegulki koga jadi koga ne... zavisi ako ne e mn gladen odbiva i si sedi taka polugladen dodeka en mu ponudam drugo a ako e gladen ke gi jadi ama bez keif [sm=smiley1.gif]
jadi palenta, griz, oriz samo od cereali, lebasto...




Hopeful RR -> RE: Житарици (1.12.2015 21:23:23)

Фала на сугестиите, Мар-Вик имам најблиску па ќе побарам таму.

Инаку, купив органска палента од ДМ - како ја подготвувате и дали можам да ја дадам сега? За некој ден ќе полнат 7 месеци.




sandriana RR -> RE: Житарици (2.12.2015 11:46:35)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR

Фала на сугестиите, Мар-Вик имам најблиску па ќе побарам таму.

Инаку, купив органска палента од ДМ - како ја подготвувате и дали можам да ја дадам сега? За некој ден ќе полнат 7 месеци.

Палента се дава со полни 6 месеци, ако нема опасност од целијакија или алергии на глутен нели.
Подготовка - јас секогаш од око ја правам: на пр. околу 200 мл вода да зоврие, со малку сол и путерче, додавам палента со постојано мешање, до сакана густина (отприлика 2 големи лажици) и тргам од оган. Комбинирам или со рендан домат, или со крем сирење или со јогурт.




Страница: <<   < Претходна страница  10 11 12 [13] 14   Следна страница >   >>