RE: Мени во детските градинки (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Забавиште и чување на детето



Порака


Luci -> RE: Мени во детските градинки (12.10.2012 12:06:11)

Ааа не се заедно, Вале ја знам, баш сабајлево ја видов и ми кажа дека има отприлика 10-тина дечиња во група кај неа. Вале е супер, јас имав одлично искуство со неа а исто и сестра ми




*Elena* -> RE: Мени во детските градинки (12.10.2012 12:10:56)

I sin mi ja obozava, samo kaj nejze se smiruval, od sabajle koga go nosi mm, na Vale i podava race sam za da go zeme, a kaj drugata placel[sm=smiley1.gif]. So nea se nauci i da spie vo gradinka [sm=bravo.gif]




elenak -> RE: Мени во детските градинки (12.10.2012 22:50:31)

А какво мелено месо е ова на менито? И како пасирана леќа? А лушпите од леќата? Уфф толку дома пазење и за што? Ќе почне во градинка и ќе јаде од тоа што ни јас не јадам, леле мајко[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Luci -> RE: Мени во детските градинки (13.10.2012 10:36:18)

Меленото месо е телешко, а леќата со се лушпа ваљда, исто како грашок, грав....




Maca25 -> RE: Мени во детските градинки (13.10.2012 10:42:36)

па не знам искрено како се вади лушпа од леќа?!?!?
месо имаат само телешко, има еден ден мислам дека пилешко и кај поголемите има риба (ама не сум сигурна).
во јасли грав, грашок. леќа, се е пасирано (не блендирано).




Natuska85 -> RE: Мени во детските градинки (13.10.2012 14:47:45)

Де бре жени,како јадат сите деца,ќе се научат и вашите.Син ми го обожава јадењето од градинка,дали има ставаат зачинче,вегетка шо и да е за да јадат,дали од другите деца што гледа дека јадат незнам ама битно се си јаде во градинка,а дома се молиме со цртан со дрмда мрда[sm=smiley36.gif]. И битно не го мислам знам дека таму се си јаде и месо и зеленчуци па за викенд и да не ми јаде дома многу не се секирам[sm=smiley1.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Мени во детските градинки (13.10.2012 16:24:17)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Natuska85 RR

Де бре жени,како јадат сите деца,ќе се научат и вашите.Син ми го обожава јадењето од градинка,дали има ставаат зачинче,вегетка шо и да е за да јадат,дали од другите деца што гледа дека јадат незнам ама битно се си јаде во градинка,а дома се молиме со цртан со дрмда мрда[sm=smiley36.gif]. И битно не го мислам знам дека таму се си јаде и месо и зеленчуци па за викенд и да не ми јаде дома многу не се секирам[sm=smiley1.gif]


Ама од збор до збор се сложувам со Натушка. Ќе јадат се живо и диво, ништо нема да им биде. А нормално, јадењето во друштво е поубаво. Еве мојов не сака ни да помириса мелено месо дома, ама во градинка си јаде се. Затоа и јас преку викенд не се замарам дали имал месо за ручек, дали доволно зеленчук/овошје изел. Во градинка нема втора опција, што ќе му дадат тоа ќе јаде.




kremco -> RE: Мени во детските градинки (16.10.2012 14:39:58)

Menito na sin mi e dobro!i raznovidno
Ima oriz,supa pilesko,riba i pire od kompir,grav,lekja,jadenja so meleno meso,testenini itn.. Zadovolna sum od se,edinstveno ne razbiram sto e toa janija? Obavezno salata za rucek so jadenjeto
I imaat nekoja pasteta od tuna,jajce,majonez i kiseli krastavicki,ama velat mnogu vkusna bila,decata mnogu ja sakaat,bas moevo..Hranata a i uzinkite im se super,lenja pita so visna,kroasan,ovosje,cokolado,biskvit i td..pojadokot,namazi razni,jufki ,makaroni...Isto kako doma,davaat i caj so med i limon i cokoladno mleko,jogurt..
Sin mi kako trgna vo gradinka se rasturi od jadenje[sm=bravo.gif]




miana -> RE: Мени во детските градинки (16.10.2012 14:44:00)

Kerkami pa doma leb ne jade,,..Vo posledno vreme ja gledam ic leb ne jade..I vikam - dobro vo gradinka ne jades leb?
Mi vika - vo gradinka mi go drobat vo rucekot [sm=zmeden.gif]




@Mila@ -> RE: Мени во детските градинки (16.10.2012 14:50:44)

Moevo otkako trgna vo jasi nemam problemi so hranenje od prvo do posledno lazice si go jade bez zaigruvanje...ama problem e sto si se razboluvame do sega ne bilo seriozno no no mrsuli vo nos i kashlanjenje ne mozam da go nosam i dur e doma pocnuva da prebira i ne jade se i ne go jade celoto jadenje...si vikam odvaj cekam da e vo gradinka bar nema problemi so ishranata i tamu prv za jadenje se tepaat vospitackite koja da go rani :)




kremco -> RE: Мени во детските градинки (16.10.2012 14:54:56)

A jas pa na sin mi lebot mu go drobev,tamu prvo go jade lebot Pa rucekot:-)
Dobro aj kazete mi sto e janija.




Beatris -> RE: Мени во детските градинки (16.10.2012 15:02:32)

Јанија е компир манџа (така знам јас). Ако знае некој друг нека каже




kremco -> RE: Мени во детските градинки (16.10.2012 15:06:12)

Taka?e pa dobro ama pisuvase makedonska janija so meleno meso..Fala




sandriana RR -> RE: Мени во детските градинки (16.10.2012 15:10:13)

Точно Beatris RR, јанија е компир манџа...и е најзастапено јадење во градинкиве [sm=smiley36.gif]
Патем, уште еднаш ќе се повторам. во принцип сум многу задоволна од менито во нашата градинка, освен некои ретки исклучоци од типот на тортици и кроасани, имајки предвид дека се работи за деца од јасли (а, и фишфингерот, ќе заборавев).




vezilka RR -> RE: Мени во детските градинки (16.10.2012 15:21:49)

Не знам каде да го поставам прашањево, не знам дали ми е најсоодветно тука..Гледам дека во градинка менито е задоволително, има разни манџички, месо о сл. Не знам колку да се ослонам на таа количина на месо и зеленчук од градинка, дали дома повторно да му понудам. Овошје обавезно му давам веднаш штом ќе си дојде од градинка оти знам дека овошје не им даваат, ама за зеленчуков и месово сум во дилема.




sandriana RR -> RE: Мени во детските градинки (16.10.2012 15:36:45)

Везилка, манџите им ги даваат околу 12-13 часот...па околу 14 часот ужинката (која некогаш е овошје -читај банана, некогаш благо, некогаш геврече). Зависи како си е навикнат Никола на јадење-ќе си процениш сама....Тина најчесто јаде повторно нешто манџесто после градинка - или со некој од домашните кога ќе ја земат околу 14-15 од градинка, или со мене околу 17 коа се прибирам дома...После пак и давам овошје, па за вечера- што ќе ни се погоди [sm=smiley36.gif]




Felly RR -> RE: Мени во детските градинки (16.10.2012 22:34:52)

Везилке, ние не сме некои големи јадачи, па и дома и нудам, ако сака - добро, ако не, не инсистирам.




Snowhite RR -> RE: Мени во детските градинки (17.10.2012 8:14:01)

Во градинка секој ден имаат месо на мени, така да ако и дома сака да јаде месо, сигурно нема да му забраниш, а ако не сака, доволно е и тоа од градинка. Самото дете ќе ти „каже“. Михаил на пример јаде во градинка, понекогаш ми велат дека и репете барал, па дома кога ќе ручаме ние, повторно јаде со нас.
Инаку во градинка му го дробат и лебот и супата и манџата се заедно му мешаат, така барем свекрва ми ми има кажано, е сега не знам дали само во јаслите кај неа тоа или и во другите групи




AnnaMolly RR -> RE: Мени во детските градинки (30.10.2012 8:39:49)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca RR

Единствено што не ми е јасно зошто има едно исто мени за 1 и 2 недела од октомври, па после исто мени за наредните 2 недели?!?! Порано 1 и 3 недела беа исти, а 2 и 4. Им доаѓаше секоја недела нешто различно. Сега не знам зошто е вака безвезе направено.


Мацо, грешка им е тоа со менито. Еве денес гледам за 4 недела пишува понеделник леќа за ручек. Прашувам дали јадел вчера леќа, таа ми вика дека имале гравче. И ја прашав зошто кога пишува леќа, па рече дека грешно им е менито. Сепак било 1 и 3, 2 и 4 недела.




Luci -> RE: Мени во детските градинки (15.11.2012 9:23:11)

Еве го менито од нашата градинка за Ноември [img]http://www4.slikomat.com/11/1115/m1t-downlo.jpg[/img]




@Mila@ -> RE: Мени во детските градинки (15.11.2012 9:56:24)

ИЗВОРНА ПОРАКА: luci RR

Еве го менито од нашата градинка за Ноември [image]http://www4.slikomat.com/11/1115/m1t-downlo.jpg[/image]


Vo koja gradinka odite Luci nie sme vo Buba mara vo n.lisice i se ushte nema meni za noemvri za jasli demek kgo koristele od oktomvri samo so smeneti nedeli a koga ke kazat sto jadel ne se sovpagja so toa :(
Me interesira kako se snaogjaat bebinjata konkretno moeto ima 11 meseci so jadenje grav,leka zelka boranija grashok  i toa nekogash se fakja vakvi poteskoi raboti da imaa 3 pati nedelno.Kaj sin mi vo grupa ima edno bebe od 7,5 meseci e ne znam toa kutroto kako jade pasiran grav  :(((




Mimushka -> RE: Мени во детските градинки (22.11.2012 12:35:41)

Супер се градинкиве.Мојот поголем син дома не јаде ништо готвено, а во градинка јаде се. Дури се секирам како ке биде кога ке почнеме во школо.




Luci -> RE: Мени во детските градинки (22.11.2012 12:55:33)

@Milla@ ние одиме во Буба Мара во Ново Лисиче, а за јадењето немаат гајле бе, си јадат.М.почна на 8 месеци во градинка и гајле немаше и грав све пројаде таму




AnnaMolly RR -> RE: Мени во детските градинки (22.11.2012 13:00:10)

Тоа е една од предностите на градинката. Децата таму јадат се, таму е друг систем. Нема ако не сака мама друго да му направи. Мојов јаде се, секакви манџи, само одбива мелено месо. Дома не јаде мусака на пример, во градинка јаде.




@Mila@ -> RE: Мени во детските градинки (22.11.2012 20:49:27)

Luci i nie sme vo buba mara vo jasni ama najmalite kaj sto se bebinjata i ova e nashe meni,kolku ima tvoeto???Za jadenje nemame problemi kazuvaat deka super si jadel duri i toa sto e pasirano i ne prebiral samo nekogash po doma znae da si prtka koga jade grav,leka ili zelka ahahah dushi mali krkaat tamu se.




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>