Fiao -> RE: Мени во детските градинки (19.5.2013 22:39:06)
|
Темава малку подзапустена ни е, а мене ми е баш актуелна! Бев А да ја запишам у градинка и налетав на менито во градинката Мајски Цвет во Тафталиџе 2. После тоа што го видов, го поднесов договорот, но навистина сериозно ќе се помислам дали ќе ја пуштам да оди... Го видов појадокот и воопшто не сакав понатаму да гледам, еуро крем на леб, пица во која има сувомеснато и МАРГАРИН (кој ние веќе со години уназад не го употребуваме) она ќе го има на редовно мени! 2 пати неделно имаат овошје за ужинка и тоа е се од здравата храна! Лично ги познавам родителите на едно детенце кое моментално е во таа градинка ми рекоа за ужинка им давале слива - ЕДНА слива! Ужас! За ручекот не сакам да зборам, манџурии, манџурии и сепак ништо свежо, а кога има салата се знае дека таа е од зелка (и да беше свежа зелката немаше да ми биде криво, ама слатата е од зелка не затоа што таа во еден дел од периодот на нејзиното постоење изобилува со Ц витамин, туку зошто е ефтина, а најмногу трае!) И после децата во градинка се разболувале, па како бе да не се разболуваат кога ништо квалитетно не јадат? Нејсе, викендов бевме во парк и сосема случајно таму имаше настан на кој присутен беше министерот на МТСП. Маж ми му пријде и му го посочи проблемот, за кој тој се согласи дека е страшно тоа што се нуди и рече дека во најмала рака ќе испрати инспекција да ја провери состојбата во градинката. Исто така рече дека е свесен за лошата храна по градинките и дека во министерство се спрема предлог на многу поквалитетно мени кое ќе го понудат на сите општини, но рече дека тоа сепак ќе биде одлука на градоначалниците, бидејќи тој проблем сега е децентрализиран. Се надевам дека ова ќе се случи и нема да биде напразен муабет колку само да не откачи. Во меѓувреме, не планирам да седам со скрстени раце, ќе одам и ќе разговарам со директорката на градинката, ќе и го посочам овој проблем, а исто така планирам да стигнам и до градоначалникот, па да видам кои се неговите планови. Дали мислите дека овој проблем е вреден за да се покрене еден вид родителска иницијатива за подобра храна за нашите дечиња? Кој сака може да ми се придружи и да го стори ова и во својата општина, или пак можеме да се организираме тука на форумот кој во која градинка оди, па да се собереме поголем број.
|
|
|
|